Смртно застрелано 23-годишно момче во Куманово
Завчера напладне со еден куршум од пиштол ,,црвена застава“ смртно е застрелан во левата страна од градниот кош 23-годишниот Сефер Адеми од населбата Черкезе во Куманово. Сторител на убиството е 29-годишниот А.Р. од истото село. Инцидентот се случил на улицата „11 Октомври“, на надвозникот на автопатот во близина на фабриката ,,Искра“.
Според сознанијата на полицијата, А.Р. бил подолго време во конфликт со семејството на Сефер поради нерасчистени долгови. На убиството му претходело кратка жестока караница меѓу двајцата при нивна средба на местото на инцидентот по што сторителот на убиството излегол од својот „мерцедес“ и почнал со клоци да удира по автомобилот на жртвата и во еден момент извадил пиштол и со еден истрел го застрелал на место. По извршеното злосторство, убиецот сам се пријавил во кумановската полиција, по што од истражен судија веднаш му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена. (Ст.Б.) |