МВР откри 12 кг морфиум
Во „ауди 100“ со швајцарски национални ознаки, при излез од државава, МВР заплени 12 килограми и 119 грама морфиум. Возилото го управувал стружанецот Шазивар Етеми (51), кој е со привремен престој во Швајцарија. Морфиумот бил скриен во резервоарот на возилото. Вредноста на заплената се цени на околу 250.000 евра. Дрогата со висок степен на чистота требало да заврши на западните пазари, а до швајцарската полиција ќе се сигнализира за постоење лабораторија каде што требало да биде преработен. (Љ.С.) |