Број 3613  петок, 24 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Хроника

Седум семејства живеат под отворено небо

Две недели по пожарот во кој им изгореа куќите со целата покуќнина, 27 члена на седум прилепски семејства од населбата Тризла живеат под отворено небо. Без пари, без храна, без елементарни услови за живот и без никаква помош, овие граѓани од ромска националност се борат со животот. Децата велат им се разболеле по пожарот, добиле труење, а од тогаш немаат ни чаша млеко да им дадат, да ги избањаат и да ги облечат во чиста облека. Н��маат никакви услови за одржување на хигиената. Разурнатите куќи до темел и целата околина личат повеќе на депонии, кои се потенцијални извори на инфекција. Но, излез немаат. Помошта што им била ветена од локалната самоуправа досега не ја добиле. Сега се наоѓаат во безизлез, бараат и молат итно да им се помогне.

Од локалната самоуправа нема одговор, а од Центарот за социјална работа најавуваат дека дури во текот на идната недела ќе се состане надлежната комисија за да ги разгледа нивните барања.

„Немаме пари, храна, млеко да им купиме на децата. Гладуваат по цели денови. А како-така пред пожарот си правевме план и живеевме, си куќевме куќи сите. Сега останавме и голи и боси, без покрив, ете така на земја спиеме, никој не дошол да не' види, да не' праша како ни е, дали ни треба нешто“, се жали Џевџед Мустафоски, кој е глава на 10-члено семејство, во кое никој не е вработен.

И неговата снаа Фердита Исмаилоска плаче од болка зашто нема каде да ги згрижи своите деца. Вели, гладуваат со денови, плачат, а тие немаат можност да им дадат храна, бидејќи пламените јазици пеплосале се' што имале зачувано. Таа е исплашена за здравјето на своите деца, кои кобниот ден кога избувнал пожар, добиле труење од чадот.

Ајнур Мустафоски тврди дека побарале да им се донесе некоја интервентна помош додека не се да снајдат, но без успех. „Побарав шатори за да спиеме во нив, не ни дадоа. Побарав ќебиња, не добив, побаравме булдожер за да се израмни целиот терен и да се тргнат шутот и целото ѓубре, пак џабе, ни пратија само еден контејнер да се собира отпадот. Но, овде се' е отпад. Живееме мизерно“, вели Мустафоски.

Согласно со законот, во услови на елементарни непогоди на настраданите семејства им следува максимална парична помош до 30.000 денари, но колку пари ќе добијат и кога, засега не се знае. А за семејствата секој час е скапоцен оти буквално живеат на улица. (Mн.Т.)


#
Статијата е прочитана 622 пати.

Испрати коментар

Од: koce
Датум: 24.06.2011 06:23:25
neka odat kaj ogjata toj ke mu daj pari za koliba.da ne cekaa jas da mu platam
Од: pirgan
Датум: 24.06.2011 10:43:30
Ako i e tolku zal,Taleska Monika novinarkata da si gi zemi za doma,pa zaedno neka kradat struja od EVN.
Од: evropa
Датум: 24.06.2011 14:53:02
eu vika samite da si gi resime socijala so romiti i dr inaku nema eu,imate za spomenici a ne za ludje...vo slovacka na ciganite im gradat lepenki so parno i im davat rabota da gi integrirat e braca nema evropa za vas ziveete uste vo tursko gradite crkvi i spomenic a ludje na ulica kako stoka da ziveat bez obzir sto se cigani na cigani im davat uslovi za zivot vo eu i jasno gi asimilirat kako site drugi...ama toa e spansko selo za makedoncite.....
Од: ane
Датум: 24.06.2011 16:23:31
stram da vie,ako im se sitite na ove siroti luge da dae gospod vam isto da vi se sluci,i makedonija ke bide evropska drzava koga na svojot narod ne im garantira toa sto im sleduva spored ustav i site demokratski zakoni,vladata neka ne spie neka ne krade i da stava tugi spomenici nie sme makedonci ne ni trebaat grckite spomenici,stram da vie !!!!

Најди! во Утрински
Хроника
Јанкулоска делеше флаери на Табановце
Двојни записници за „Пајажина“
Jа силувал свеската за да се одмазди

"""