Jа силувал свеската за да се одмазди
ШТИП – Кочанчанецот Б.С. (34) ја силувал 16-годишната свеска за да и' се одмазди на сопругата, за која се сомневал дека е во љубовна врска со неговиот брат. Настанот се случил на 17 јуни. Младиот кочанчанец го искористил моментот кога неговата сопруга била на работа и ја силувал нејзината помлада сестра, која ги чувала неговите деца. Во изјавата дадена при неговото приведување во полицијата во Кочани тој признал дека ја силувал свеската. Како причина го навел сомнежот дека сопругата го изневерувала со неговиот ��рат!
Полицијата во Кочани расветли уште едно дело на обид за силување, кое, како и претходно, е карактеристично по својата необичност. Се работи за обид за силување на 75-годишна старица од страна на нејзиниот 18-годишен внук. Внукот А.Г. се обидел да ја силува баба си во вторникот околу два часот. Во тоа време бабата спокојно спиела во куќата на својот син, а кога внукот ја нападнал, таа почнала силно да вика и да бара помош. Нејзините повици ги слушнал нејзиниот син, односно татко на момчето, кој го спречил извршувањето на гнасниот чин. (И.Б.)
|