|
|
|
|
|
|
Јанкулоска делеше флаери на Табановце
Да внимаваат како возат, што е дозволено, а што забрането, ако згрешат - како да ја платите казната, основни информации за Македонија, број од амбасадата на земјата од која доаѓаат - се дел од белешките во флаерите што ќе ги добиваат странските државјани при влез во нашата земја. Кампањата на МВР и на Агенцијата за поддршка и развој на туризмот од вчера стартуваше на сите гранични премини во земјава. Околу 200.000 примероци напишани на македонски, српски, грчки, бугарски, албански, германски, англиски и на турски јазик ќе им бидат добре дојде на странците.
Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, која ја промовираше кампањата на преминот Табановце, каде што годишно минуваат околу три милиони патници, информираше дека во првата половина од годинава на 720 македонски државјани не им бил дозволен излез од земјата во рамките на засилената борба против нашинците што бараат азил во Европа. (Г.А.) |
#
|
Статијата е прочитана 773 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: bitola troa skolovan |
Датум: 24.06.2011 09:27:14 |
|
Vo vreme na bezrabotica eve i neangaziranata ni ex ministerka samo ne znam preku koja agencija da zaraboti nekoj denar.Abe pustete mladi skolarci da zarabotat nekoj denar rabotejki ja taa rabota. |
|
|
|
|
|
|
Од: koki |
Датум: 24.06.2011 13:13:41 |
|
Pa dete e, ne i zamerajte............... |
|
|
|
|
|
|
Од: Дете бегалче - во сопствената земја |
Датум: 24.06.2011 14:57:09 |
|
Покрај приказните за тоа како странците да ги почитуваат нашите сообраќајни закони и правила,најинтересно е што ова е некој вишок-материјал од изборите!Пропагандна литература за тоа кој ни е премиер,каде се наоѓа „родната грутка“на Александрос,која партија е на власт,каде е циркусот „Медрано“ и слични упатства за транзит-посетителите! |
|
|
|
|
|
|
Од: јас (Прилеп) |
Датум: 24.06.2011 16:46:44 |
|
Што ќе правиш , ЕДНАШ ЛЕПАЧ НА ПЛАКАТИ , ЗАСЕКОГАШ ЛЕПАЧ НА ПЛАКАТИ !!! |
|
|
|
|
|
|
Од: kazablanka |
Датум: 24.06.2011 18:33:59 |
|
Делењето на информативен материјал во време на зголемен транзит на странски возила по нашите патишта е високо оценета постапка во Европскиот извештај за напредокот на Македонија во евроинтегративниот процес,а учеството на министерката во промоција на кампањата е само за поздравување.Се надевам дека акцијата ќе ја постигне целта-Зголемување на безбедноста и намалување на сообраќајките ! |
|
|
|
|
|
|
|
|