Број 2858  среда, 10 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Политика

Црвенковски: Преговорите за името ќе останат замрзнати подолго

Шефот на државата е скептичен дека во блиска иднина ќе дојде до интензивирање на преговорите

Преговорите за името со Грција ќе останат замрзнати на подолг рок, а со тоа ќе се блокираат и процесите за интегрирање на Македонија во НАТО и во ЕУ. Ова во интервју за телевизијата Алсат М го изјави шефот на македонската држава, Бранко Црвенковски, додавајќи дека е „скептичен оти во блиска иднина ќе дојде до интензивирање на преговорите“.

„Можно е да дојде до некоја нова средба со преговарачите. Но, имајќи го предвид општиот амбиент, се сомневам дека е можно да дојде до интензивирање на преговорите“, изјави претседателот Црвенковски во интервју што ќе се објави денес. Според него, голем број факти говорат дека подолг временски период ќе има застој во процесот на преговорите.

„Американската администрација на чело со претседателот Буш, која е во заминување, и официјално соопшти дека крева раце од давање помош во процесот на преговори меѓу нас и Грција. Тоа неодамна го соопшти и државниот секретар Кондолиза Рајс, а вакви преговори навистина многу тешко се водат или тешко се приведуваат до некаков успешен завршок доколку не постои моќен меѓународен фактор што ќе го турка процесот напред“, тврди шефот на државата.

Тој додава дека потезите и на грчката и на македонската влада упатуваат на заклучок дека на подолг период нема да има суштински преговори.

„Ги слушаме изјавите на грчката министерка за надворешни работи Дора Бакојани, која исто така дава таква процена. Во еден подолг временски период од нив не доаѓа позитивен сигнал дека има подготвеност од нивна страна за поконструктивен пристап во преговорите“, вели Црвенковски.

Тој додава дека и Македонија направи неколку потези што не го подобрија, туку го влошија амбиентот за водење преговори.

„Тоа се враќањето на двојната формула, тужбата што ја поднесовме до Меѓународниот суд на правдата, што генерално не ги зголемуваат, туку ги намалуваат шансите за успешни или интензивни преговори кои евентуално би дале резултат“, вели претседателот.

Според шефот на државата, преговорите подолг период ќе бидат или замрзнати или фингирани, односно ќе има средби на кои нема да се случува ништо.

„Со влегувањето на преговорите во ќор-сокак, се блокираат и процесите на нашето интегрирање кон НАТО и кон Европската унија“, изјави Црвенковски во интервју за телевизијата Алсат М. (Макфакс)


Статијата е прочитана 604 пати.

Испрати коментар

Од: adela
Датум: 10.12.2008 00:25:46
branko e edinstveniot normalen i razumen politicar momentalno . mora da e gjavolski teshko da gleda kako stampedo go gazi se ona sto bese gradeno so godini - kandidatski status, priznavanje od sad, megunarodni relacii i megunaroden ugled na rm. branko, te molat site sto imaat malku akal vo glavata da go amnestiras buchkovski koj bese zvezda na megunarodna scena; ne moze dzemaili da se heta a da trune premier sto donel kandidatski status. a ovie sto seto toa go unistija da se vadat so populisticki izjavi kako cel svet e protiv nas. svetot ne ja mrzi maked, no ja kaznuva politikata vmrovska koja ne e ni u ruanda da ve primat a ne vo eu
Од: 865
Датум: 10.12.2008 00:28:13
A bre luge, zoshto ne stanete da frlate kamenja po ovoj chovek? Choveku, zatvorija kamarata. I shtetish na idninata na Makedonija. Aman so tvoite nevkusni, nedotamni muabeti. Neshto drugo i neznaesh da kazhish.
Од: 865 mgr
Датум: 10.12.2008 01:00:51
More covekot ubavo ti ja kazuva nasata perspektiva i idnina vo vrska so evrointegracijata. Ce ostaneme sami ,zatvoreni kako vo trlo. Ama tine si kriv sto ne mozes da go svatis. Tolku imas akal 865 mgr. pa toku mozes da go razberes
Од: marjan-viena
Датум: 10.12.2008 01:46:59
do adela: ne treskaj gluposti,celiot narod ke ti se smee.
Од: blaze m.
Датум: 10.12.2008 04:37:15
E moj Branko ne razbranko kakva tuzba kakvo vrakanje na dvojna formula .Tuku tvoite kompromisi koji i davat potik na Grcija silapovise da pritiska a i Evropski nezini partneri gleda deka vo Makedonija ima politicar i ako ima makedonsko ime prezime sepak ne se custvuva makedonec bideki e roden voSaraevo vo Bosna a bosanskata glava site znaeme kakvae .Izgleda vam i na SDES vije prodaj napolni gepovi pa za narod ne se sekiraj ke si uvezeme od Afrika
Од: do "865" i do site drugi kako nego
Датум: 10.12.2008 05:29:09
Slusaj bre ti sto se identifikuvas so brojot "865" OD TAKVI KAKO TEBE propadna ovaa drzava. TI si PREDAVNIK IZROD MAKEDONSKI. Ako imas malku akal vo toa tikvata ke svatis koja berdotija i propast ja donesoa takvite kako tebe i tie tvojte od vmro-dpmne. Odkako tvojve dojdoa na vlast propadna ovaa drzava. Pa uste imas obraz da plukas po Branko. Eeeeej alooo.... propadna drzavata.... ja nema vise.... a vie uste vreskate na cel glas deka drugi ja unistile a ne vie. Koga Branko i SDSM ja vodea drzavata NEMASE ni vojni ni zakani od EU ni od NATO a sega KAJ SME???..... sto napravivte??? SLEPCI kako tebe ja vodat dezavata i zatoa PROPADNAVME. Ne beri gajle ne e daleku denot koga narodot ke pocne da vi sudi i presudi. - Makedonija ima SAMO EDEN sposoben politicar koj so svojata zrelost i sposobnost moze da ja izvlece zemjata od propast a toa e BRANKO CRVENKOVSKI.
Од: dragan
Датум: 10.12.2008 05:37:46
covekot e bolen, i site se bolni sto mislat deka moze nesto da se pregovara. Sekakvo pregovaranje e gubenje na identitet i ime. Znaci ako nekoj bara da se pregovara , neka kaze sto toj nudi. Neka bide celata Mk javnost informirana sto davaat. A crvenkovski beshe tolku vreme na vlast nisto ne napravi sega samo lae.
Од: miki
Датум: 10.12.2008 07:17:14
Od vranko nemam slusnato zbor protiv grcia,Naprotiv frla drvja i kamenja protiv sopstvenata drzava .A za Bucko bez sekracija ke go oslobodi i ovoj apas
Од: , Македонац од Лјублјана
Датум: 10.12.2008 08:32:18
brane samo najduvaš krivda vo segašnata vlada vie ste od proglasuvane nezavisnost do sega non stop na makedonski golemi funkcii firom je tvoe maslo ipromena na sonceto sega sakaš nekoj si komromis SIKTER od makedonija idi si vo rodna bosna red da praviš sram da te bide
Од: FILIP
Датум: 10.12.2008 09:08:46
branko povedi g narodov vo bitka protiv ovaa diktatorska i mizerna vlast!!!Ova gnasno i primitivno vladeenje mora da se porazi!Od vakvi lazni patrioti sekogas stradala Makedonija!
Од: до мики ( со мало м)
Датум: 10.12.2008 09:36:43
Ако те задолжиле да пишуваш коментари по весници требало прво да проверат дали си писмен.Патриоти големи не знаете дека Македонија се пишува со големо М,Грција се пишува со ј а не грциа,Бранко со Б а не со в и нашата азбука е кирилицата ама ти кутар тоа не го знаеш па мешаш букви.Поздрав
Од: R..
Датум: 10.12.2008 12:28:50
Nasiot narod misli deka e politiziran i saka mnogu da "bistri politika". Site sakame da zboruvame za nea, da pisuvame, no dali znaeme da go citame napisanoto i dali znaeme da slusame? Dosega ne pokazavme nekoj golem diapazon na politicka kultura; se raduvame koga ke go z....me (vo glavno) Pretsedatelit Crvenkovski. I kako da ne sakame da svatime, deka Crvenkovski so negovata ekipa, pa ne mozeme da se pozalime, ne vdese ;poloso podobro, no kon edna idnina koja imase izlez i cel. Sega se navogjame vo dupka, osameni na edno parcense na Zapaden Balkan od kade , tesko ke izlezeme. BC, ne samo sto ne go razbirame i pomagame, tuku parvime se , za da go dmogneme. Taa nasa ne sovesnost, tesko ke go plakja celiot narod. Se razbira ako vednas ne prestaneme da "smrkame gumarabika"! Se ke trgna a dobro, koga ke gi svatime vrdnostite i ne vrednostite na onie vo koi se "krstime"!

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Политика
СОНК ќе бара разрешување на 15 директори на училишта
ММФ бара Владата да троши помалку
Поддршка за евроатлантските аспирации на Македонија од британскиот парламент
Коцевски- Буџетските пари некоректно се делат
Меѓународен ден на човековите права