Број 2858  среда, 10 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Политика

ММФ бара Владата да троши помалку

Јавната потрошувачка може да ја разниша економската стабилност на земјава

Александрија Стевковска

Македонија мора да ги намали проекциите за зголемување на јавната потрошувачка за наредната година и да ја зајакне фискалната дисциплина доколку сака да ја задржи економската стабилност, предупредува Меѓународниот монетарен фонд во објавениот извештај за Македонија.

Растечкиот дефицит на платниот биланс останува главен ризик за растеж и економска стабилност на Македонија, соопшти ММФ.

Зголемувањето на дефицитот во платниот биланс е предизвикано од растот на трговскиот дефицит, намалување на дознаките од странство и од влијанието на приходите од големите плаќања по основ на дивидендата на „Телеком“, се наведува во извештајот на ММФ за Македонија. Фондот во годишната процена за Македонија изразува загриженост и од обемот на дефицитот на тековната сметка од 14 отсто БДП и од брзината на неговото влошување.

Според изготвувачите на извештајот, забавувањето на светската економија може дополнително да го влоши дефицитот на платниот биланс со намалување на извозот, извозните цени, намалените дознаки на дијаспората, кои му се закануваат на економскиот раст.

Согласно со направените анализи, банкарскиот сектор во Македонија во голема мера ги има избегнато ефектите на светската финансиска криза, бидејќи првенствено се потпира на домашните депозити, а не на меѓународни кредитни линии во финансирање на заемите.

Сепак, според ММФ, земјата индиректно е погодена од глобалната криза со намалување на извозот, на директните странски инвестиции, портфолио- инвестициите и дознаките, кои можат да предизвикаат дополнителни притисоци врз платниот биланс.

ММФ ги повика властите повторно да ги разгледаат плановите за натамошно зголемување на буџетскиот дефицит во 2009 и понатаму.

„Откажувањето од планираната фискална експанзија ќе помогне во редуцирањето на надворешната ранливост, ќе го намали ризикот од ’ненадејно запирање‘ на надворешното финансирање во случај на непредвиден шок и ќе го намали дополнителното оптоварување на монетарната политика“, сметаат експертите од ММФ

Фондот го поздрави зголемувањето на каматните стапки и мерките за скротување на кредитниот растеж и забавување на проширувањето на јазот на тековната сметка. И покрај ограничувањата во курсот, Централната банка се' уште има простор за маневар, смета ММФ, додавајќи дека монетарната политика треба да се фокусира на заштита на курсот на денарот што е најсоодветно за мала економија како Македонија.

ММФ ја предупреди Македонија да биде претпазлива во врска со задолжувањето, да се откаже од високиот странски долг и да ги намали државните резерви.

Фондот ги поздравува напорите на Владата за подобрување на бизнис- климата, привлекување странски директни инвестиции и стимулирање на вработувањето. Тие сметаат дека од суштинско значење е да зајакнат плановите за приватизација, да се одговори на проблемите со буџетскиот и трговскиот дефицит, предизвикани од вештачки ниската цена на електричната енергија, и да зајакне социјалната сигурност за заштита на најсиромашните потрошувачи. Натамошните фискални реформи имаат за цел подобрување на управувањето со јавните трошоци и зајакнување на даночната администрација.


Статијата е прочитана 569 пати.

Испрати коментар

Од: mene
Датум: 10.12.2008 00:31:02
ne be greshka ste gospodo od MMF. i vie ste u svetski zagovor isto kako kusner, fuere, ren, baroso, bakojani , vladata e super i site reklami se za dobro na narodot, so kakva drskost i popuvate, eh da bevte gragani na rm ke videvte vie . site megunarodni kritiki kaj nas se svrtuvaat protiv tie sto gi davaat - site ne mrzat i ni ljubomorat zatoa sto nie sme naslednici na Hunzite
Од: darko
Датум: 10.12.2008 01:20:48
nas ne ni treba od mmf da ni kazuvaat sto da praime ni sme si najdobri si imame najdobar lider Makedonija e premnogu bogata, prosecna plata e 600 evra taka da slusajte reklamite na vladata i zivejte vo drug svet, ostaj so lazat ova strancive poima nemaat trosete pari pobrzo da bankrotirame i posle ke ni bide polesno veruvajte ostvaruvame -zaguba
Од: MK
Датум: 10.12.2008 03:33:00
Да се штеди эа СДСМ да ги украде парите!!!!
Од: marjan_mk
Датум: 10.12.2008 06:40:34
MMF e organizacija fo race na svetskite judeo-masonski bankarski zagovori! Nivna cel e da da go kontroliraat i finansiski porobat svetot! najdobro e ivnite "soveti" da se ignoriraat! Ako bea tolku sposobni trebaat da go spasat zapadniot svet od ovaa finansiska kriza!
Од: mirco
Датум: 10.12.2008 08:37:51
a bre luge, vo koj svet ziveete ? kakvi ligeri kakvi vojvodi. Neli gledate deka Makedonija odi vo propast samo da ne se povredi suetata ma "liderot". Ekonomijata ima zakonitosti i treba da se pocituvaat dokolku ne sakame sami da si stavime jaze okolu vratot.
Од: Prof.Grama
Датум: 10.12.2008 08:39:07
Jas licno ne se slozuvam so MMf.Kade i da bile mmf nemalo progres sekade imalo samo stedenje ,i uceni na vladi taka rabotese mmf uceni i samo uceni i ne davanje za moderniziranje na istrosenata infrakstruktura.Setetese Slovenia kako se zablagodari na mmf.Neka mi objasni nekoj dali ne treba da se vlozat parite vo modernizacija na infrakstrukturata podobro li e da se cuvat parite za admins.ili da se dadat za prugi,tuneli novi,patista,modernizacija na vodovod,odvod,trafostanici.Nabrojte edna drzava kade mmf bila i imala progres kako sto ke ti dadat pari taka ke gi zemat.I sega se protiv planot na grujo mozeme samo da go pozdravime i site da se angazirame kako direktno taka indirektno,ne moze nekoj od daleku da ti misli dobro kako sto nekoj sto ke zivee tuka.Mk ima kadri sto se gordost Hirurzi od svetska klasa vo US ,LA zasto da nema econ.i tuka samo napred.Ova odluka ne e za kritika
Од: anonimen
Датум: 10.12.2008 09:56:16
Site merki sto gi prezema vladata da se ublazi ekonomskata kriza mi lici na K-15 produkcija NADGRADENA I PROSIRENA.
Од: no name
Датум: 10.12.2008 10:02:02
Do MK Ne se sekiraj i zivej si raat. Nema poveke sto da se ukrade.Ostana samo narodot na kogo mu opadna vrednosta i nikoj ne go saka, a sto e najloso ni samiot toj ne se saka i ceni.
Од: preporod
Датум: 10.12.2008 10:02:14
Ej ! Sto mislat ovie od MMF? da namalime so trosenjeto?! pa gospoda nie sme na sredina na " preporodot" i zarem sega da zapreme, koga se ni odi kako podmackano.Stotuku go izgradivme " "svetskoto cudo" vo Ohrid , podvodniot muzej na koj cel svet ce se cudi i krsti,a vie sakate sega da zapreme?! Cekajte g-da od MMF uste go nemame ispolnoto planot na preporodot. Imame uste planirani a nedoizgradeni crkvi, pakade se tuka muzeite na vosocni figuri, muzeite na zrtvite na komunizmot, muzei na VMR, spomenici, stokatnici, sportski sali, fakulteti po site pogolemi sela, amabsadi kaj Hunzite i uste mnogu mnogu epohalni raboti. Vidi Bogati sto ni mislat . 1 Na srede preporod da zapreme. Nema odmora dok traje obnova!!!
Од: Petre
Датум: 10.12.2008 10:08:32
od edna strana opozicijata kritikuva za golemiot budjet, a od druga strana gi potiknuva drzavnite sluzbenici na strajkovi za pogolemi plati koj ionaka se golemi vo odnos na stopanstvoto, a golem e i brojot na drzavni sluzbenici... pa sto misli taa opozicija da prai koga ednas ke dojde na vlast so ova Duzina budjetari nauceni na golemi plati i gladni rabotnici ?? ..ili vazno im e samo destruiraj, da se dojde nekako na vlast a posle ke se zadolzuva drzavata... model sto go koristat vo Hrvatska i Srbija..., ama Hrvatska go ima Jadran i grb vo Germanija, a Srbija silna podrska na Rusija.. a nie ??
Од: Џон Перкинс
Датум: 10.12.2008 16:15:31
Прочитајте ја книгава Confessions of an Economic Hit Man од John Perkins и се ќе ви стане јасно кој се и што се и ММФ и Светската банка и УСАИД и ред други… http://www.democracynow.org/2004/11/9/confessions_of_an_economic_hit_man http://www.johnperkins.org/ http://www.economichitman.com/

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Политика
СОНК ќе бара разрешување на 15 директори на училишта
Црвенковски- Преговорите за името ќе останат замрзнати подолго
Поддршка за евроатлантските аспирации на Македонија од британскиот парламент
Коцевски- Буџетските пари некоректно се делат
Меѓународен ден на човековите права