Број 2858  среда, 10 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Политика

Поддршка за евроатлантските аспирации на Македонија од британскиот парламент

Претседателот на Собранието, Трајко Велјаноски, се наоѓа во четиридневна посета на Велика Британија

Од нашиот дописник
Томислав Ивановски

ЛОНДОН - Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Велјаноски, кој се наоѓа во четиридневна посета на Велика Британија, се сретна и разговараше вчера во Лондон со својот домаќин - спикерот на британскиот парламент, Мајкл Мартин.

Во разговорот што помина во мошне срдечна и пријателска атмосфера, од британска страна уште еднаш е изразена силна поддршка на евроатлантските аспирации на Македонија во настојувањето да се надминат препреките што се испречија на тој пат. Британија беше и остана застапник на процесот за проширување на НАТО и на Европската унија со земјите од Западен Балкан и во таа нејзина определба официјален Лондон секогаш се залага за приклучувањето на Македонија кон овие две организации. Спикерот Мартин одново изрази надеж дека „препреките што сега се испречија ќе се решат со текот на времето“, давајќи поддршка на напорите што се прават за надминување на „проблемите што постојат“.

Велјаноски и Мартин разменија мислење за работењето на двата парламента. Мартин детално ја елаборираше работата на британскиот парламент, а стана збор за тоа што е она што може да се искористи како искуство од Вестминстер и да се примени во македонски услови. Британскиот спикер објасни дека кога станува збор за закони и прописи што ги подготвува владата, практика во Британија е прво да одат во парламентот, а потоа за нив се известуваат медиумите и преку нив пошироката јавност. Велјаноски притоа навести дека тоа е корисно сознание што може да се пренесе и во Македонија и во работењето на нашето Собрание.

Пред средбата со Мартин, претседателот на Собранието имаше работен состанок со Даниел Фирн од британскиот Форин офис, а по едночасовниот разговор со парламентарниот спикер, целата македонска парламентарна делегација беше примена и разговараше со раководителот на парламентарната група за Македонија при Вестминстер, во која членуваат пратеници од сите британски партии во Долниот дом. На оваа средба стана збор и за реализацијата на акциониот план, направен на конференцијата во Вилтон Парк, при што беше речено дека тој е целосно исполнет и останува уште донесувањето на законот за парламентот што, како што беше најавено во самите разговори, ќе биде направено до април следната година.

Во овие разговори, покрај македонскиот спикер, учествуваа и другите членови на нашата парламентарна делегација, координаторите на пратеничките групи Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ, Цветанка Иванова од СДСМ, Тахир Хани од ДУИ, Имер Алиу од ДПА и Роза Топузова-Каревска од ЛДП.


Статијата е прочитана 306 пати.

Испрати коментар

Од: realen
Датум: 10.12.2008 00:28:18
se sekavam na izjavata na trajko po sredbata so pangalos koga rece deka imame kandidatski status za nato (ne za eu znaci). covekot i pokraj spremnite materijali totalno ni gi znae ni gi poznava rabotite i ako stignavme toj da ni obezbeduva megunarodna poddrshka maf ni e rabotata. edino sto moze trajko "brzi prsti" e da gi nauci britancite kako se nosat 60 zakoni za 30 sekundi bez poznavanje na tekst i bez debata
Од: Зоран
Датум: 10.12.2008 08:56:22
Каква иронија на старата “Дама“? Сите не подржуваат освен Луј де Фин и Бедри Куши (Франција). Македонија веќе не треба да чука на европската врата. Треба да допзволиме Европа да не повика кога ќе мисли дека сме спремни и заслужуваме да бидеме дел од неа. А сега, каква ЖЕЛЕЗНА завеса, пред нас е АРМИРАНО БЕТОНСКО-ЖЕЛЕЗНА завеса, пред еден мал народ кој сака само да диши слободно и на никого не му мисли лошо, и, ништо повеќе.
Од: Jak reper
Датум: 10.12.2008 10:18:48
Dokade stignavme. Trajko Veljanovski, popoznat vo Medjunarodnata javnost kako "Fast law" da ni bide reprer za demokratijata i parlamentarizmot?!Zini zemjo goltni ne!
Од: Branko Strumica
Датум: 10.12.2008 16:30:24
Ne znam zosto gi trosat narodnite pari,ako ne ne sakat Evrpjanite treba da cekame sega ako ne sakat nekoj pat sami da ne povikat.Inace dosta vreme im go brisavme gazot. Ili da se zavrteme kon Rusija da ne zemat pod edna raka,pa da trcat posle oni da ne molat.......

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Политика
СОНК ќе бара разрешување на 15 директори на училишта
Црвенковски- Преговорите за името ќе останат замрзнати подолго
ММФ бара Владата да троши помалку
Коцевски- Буџетските пари некоректно се делат
Меѓународен ден на човековите права