Број 2871  четврток, 25 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Хроника

Почна судењето за обидот за убиство на синот на Рафиз Алити

Десетмина членови на семејството Сали се обвинети за јулскиот напад во Радуша

Дури десетмина припадници на семејството Сали од скопското село Радуша се обвинети за пукањето што се случи на 3 јули годинава, кога беа ранети повеќе лица. За пукањето во Радуша, петмина од семејството Сали се товарат за убиство во обид, а сите десетмина за тешки дела против општата сигурност.

Во Основниот суд Скопје 1 вчера беа спроведени сите десетмина обвинети од истражниот затвор „Скопје“. На обвинителна клупа во судницата седнаа Реџеп Сали (33), неговиот брат Кенан (23) и нивниот татко Меџит (57), потоа браќата на Меџит - Џељал (50) и Сељим (53), Хотип Сали (44), Емин Сали (27), Гадаф Сали (21), Аднан Сали (26) и Ведат Сали (28).

Според Јавното обвинителство -Скопје настанот случил на 3 јули оваа година во 23,40 часот кога од огнено оружје бил нападнат Бесфорд Алити, син на пратеникот Рафиз Алити. Според Обвинителството, припадниците на семејството Сали, со две возила ги блокирале двете главни улици кои воделе кон центарот на Радуша, а потоа од разни оружја стрелале во Бесфорд, кој седел на скалите пред колонијалната продавница. Тој најпрво се скрил зад едно возило, но кога повторно се обидел да побегне, бил погоден во телото и екстремитетите. Откако нападнатиот успеал да се скрие во една од селските куќи, напаѓачите својот револт го насочиле кон нивните соселани кои биле пред, но и во кафе-барот „Вита“. Во нападот, во кој било користено и автоматско оружје, кое е забрането за цивили, биле ранети уште седуммина други жители на Радуша.

На вчерашниот распит, првообвинетиот Реџеп Сали вината ја префрли кај оштетениот Бесфорд. Имено, тој рече дека критичната вечер, откако се вратил од базен, ја зел ловџиската пушка и батериската ламба се упатил на лов на диви свињи, но кога стигнал сред село, слушнал како едно лице му вика на Бесфорд дека треба да пука кон него. Првообвиниетиот не кажа за каква ловџиска пушка станува збор, но рече дека таа има магацин за 30 куршуми и дека во 2001 година ја добил лично од Рафиз Алити, а дека во времето на „жетвата“ од него бил советуван да не го предава оружјето. Според Реџеп Сали, кон него било стрелано од пиштол, од ловџиска и автоматска пушка, а дека кога бил пред кафулето и тој го извадил оружјето и стрелал во самоодбрана. Обвинетиот смета дека доколку на помош не му дошол татко му, тешко дека ќе можел да се извлече од ситуацијата во која се нашол не по своја вина.

Судењето продолжи со распит и на другите членови на семејството Сали, а според предвидувањата, судот ќе ги распита оштетените кон средината на ид��иот месец за кога е закажано следното рочиште. (Љ.С.)


Статијата е прочитана 347 пати.

Испрати коментар

Од: petar
Датум: 25.12.2008 12:39:49
Jas neznam zosto se nafrlifte na albanskot blok zarem lugeto uste tamu posduvaat oruzje zarem ne go predadoja so akcijata.Nemojte da gi sudite oti vas ke ve obvina za pristrsnost za tamosnite slucuvanja ke osudite nekoj od istocna Makedonija da se vidi deka Makedoncite go tormozat albanskoto naselenie vo Makedonija

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Хроника
Братче и сестричка тепани во Домот „11 Октомври“, надлежните негираат
Две Македонки загинаа во сообраќајка во Грција
Џемаили ќе дошол на судење во февруари
Претепан пејач поради музичка желба