Претепан пејач поради музичка желба
Двајца скопјани претепале пејач во кафеана затоа што не сакал да им ја исполни музичката желба, информираат од МВР. Инцидентот се случил во вторникот околу 21 часот во гостилницата „Златна виљушка“на булеварот АВНОЈ во Скопје. Гостите Б.Т. (31) и Ѓ.Б. (45) побарале од пејачот Б.Ј. (46) музичка желба, а откако биле одбиени, со шише го удриле в лице, а потоа му се нафрлиле со боксови и со клоци. Претепаниот завршил во Клиничкиот центар, а напаѓачите се приведени и против нив ќе бидат поднесени кривични пријави. (Г.А.) |