Џемаили ќе дошол на судење во февруари
И петиот обид за започнување на судскиот процес за малтретираните работници на АД „Маврово“ не донесе битни промени, бидејќи и вчера во големата судница на Основниот суд Скопје 1 се појавија само тројца од големата група обвинети. Судскиот совет и овој пат констатира дека нема информации за тоа што е со обвинетите. Во судницата беа спроведените Саит Рушити и Шкодран Издризи, како и Фадиљ Ферати, кој во време кога делото било сторено бил малолетник. Адвокатот Таип Елези рече дека подолг период немал контакт со својот клиент - пратеникот на ДУИ, Хисен Џемаили, но дека не треба да се исклучи можноста Џемаили да се појави на наредното судски рочиште, кое е договорено за почетокот на февруари идната година. (Љ.С.) |