Број 2871  четврток, 25 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Хроника

Две Македонки загинаа во сообраќајка во Грција

ОХРИД - Во тешка сообраќајна несреќа кај Воден, Грција, околу 7,30 часот, животот го загубија сопственичка на бутикот „Пинк“ од Охрид, Мирјана Неделковска (36), , и сопственичката на детски бутик во Струга, чиј идентитет се' уште се утврдува. Со тешки повреди се здобиле Маја Бакалова, сопственичка на бутикот „Биг бен“, врз која е извршена итна хируршка интервенција, Ленче Симјановска (44), сопственичка на бутикот „Виола“, и Родне Димовска (46), сопственичка на бутикот „Софи“, трите од Охрид.

Според првичните неофицијални информации, возилото „рено лагуна“ со кое управувала Ленче Симјановска, поради влажниот коловоз се лизнало, во него удрил камион „сканија“ со грчки регистарски таблички по што автомобилот неколку пати се превртел. Според неофицијални податоци, загинатите и повредените патувале за Солун по набавки за нивните бутици пред новогодишните празници.

Несреќата ја потврдија членови на семејствата на загинатите и повредените, кои по неколку часа од несреќата пристигнале во болницата во Воден. Официјални информации за несреќата до вчера доцна попладне немаше од МНР, бидејќи нашиот конзулат во Солун не бил информиран од страна на грчката полиција. Се претпоставува дека причина било тоа што таму вчера се славеше Бадник и бил неработен ден. (С.И.)


Статијата е прочитана 2368 пати.

Испрати коментар

Од: nas'inec
Датум: 25.12.2008 03:15:55
Mnogu z'alam za nesrek'ata na zaginatite, zarem nema od nikade drugo mesto da se nabavat drangulii, pa mora od Grcija?
Од: biljana
Датум: 25.12.2008 14:59:59
Socustvo do semejstvata........i ve molam vozete pretpazlivo.Site ke stigneme kade sto sme posle.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Хроника
Братче и сестричка тепани во Домот „11 Октомври“, надлежните негираат
Џемаили ќе дошол на судење во февруари
Претепан пејач поради музичка желба
Почна судењето за обидот за убиство на синот на ��афиз Алити