Број 3427  вторник, 09 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
3427

Хулигани газеа се' пред себе во „Борис Трајковски“

На некои од навивачите им беше виновен инвентарот, па решија да го урнат она што државата долго го чекаше и плати за него

Наум Котевски


Наместо да биде урбан настан, каква што беше основната идеја на управите на двата вечни кошаркарски ривали „Работнички“ и „МЗТ Скопје“, првото дерби во „Борис Трајковски“ се претвори во уште една рурална пијанка. Завчера сите се движевме на работ на трагедијата. Многу лесно можеше да бидеме стаписани сведоци на првата жртва предизвикана од квази навивачка страст, во чија суштина лежи комплетната ерозија на системот. Две момчиња беа прободени со нож од еден ученик, затоа што навивале за „Работнички“.

И тоа не беше се'. На половина час пред натпреварот навивачите на МЗТ се обидоа правдината да ја бараат на терен. Практично, од трибината насилно сакаа да слезат во партерот, каде што се наоѓаа неутралните навивачи. Тие се најдоа во голема опасност, па се обидоа спасот да го најдат бегајќи во помирниот дел од салата, или пак, надвор.

„Веќе не доаѓам на кошарка. Медиумите создадоа убава атмосфера неколку дена пред мечот, па решив да го одведам детето. Но, по ова што се случуваше во салата веќе не одам никаде“, изјави еден уплашен љубител на кошарката пред излезните врати на „Борис ��рајковски“.

Своја претстава имаа и навивачите на Работнички, кои исто така насилнички се однесуваа и фрлаа пиротехнички средства. На некои им беше виновен и инвентарот, па решија да го рушат она што сите во државава долго го чекаа и платија за него.

Жално е што уште еден спортски настан на таков начин е злоупотребен од оние на кои насилството им е некаков супкултурен симбол, вентил за празнење на фрустрациите, поради чие вртење престанува да тече желбата кај вистинските вљубеници во спортот. „Не бев на дербито. Не сум будала да одам. Да загинам ли“, ова вчера во краткиот телефонски разговор ни го изјави легендата на македонската кошарка Лазар Лечиќ, кого Олимпискиот комитет на Словенија го покани на прославата по повод 40 години од освојувањето на златниот медал на бившата југословенска репрезентација на Светското првенство во Љубљана. Не дека Лечиќ во својата долга кошаркарска кариера не видел инциденти. Напротив, видел и цигли и шишиња во глава, но сега, вели тој се' е излезоно надвор од контрола.

Во салата, сепак, беа присутни други легенди. Меѓу нив и Благоја Георгиевски Буштур, кој најостро го осуди вандализмот. „Тие само и' прават штета и на кошарката, и на играчите, и на спонзорите. Никој нема корист од ова. Сите тие навивачки орди треба да си најдат друг полигон каде ќе ги искажуваат своите можности и својата памет“, вели Буштур, кој апелира до налдежните под итно да се заострат казните за хулиганите.

на слично мнение е' и Драган Радосављевиќ: „На што личеше она што синоќа го видов во Борис Трајковски? На спорт? Ни случајно. Спортот и онака ни е на ниски гранки. Ваков вандализам не ни е потребен. Кому му се потребни вакви навивачи. Ако некој купи влезница сака во мир да гледа кошарка, а не да слуша разни вулгарности и рушења. Мора да се направи драстичен чекор. Да се сопре ова лудило, ако сакаме да имаме некој ред на трибините. Вака излегува дека ние практично не го сакаме тоа“, изјави Радосављевиќ.

Сосема се во право и Буштур и Радосављевиќ. Ножот е дојден до коска. Спортот е показател за нашето моралното пропаѓање. Лудилото што ни се случува некои пред неколку дена се обидоа да го стават во графата на меѓунационална омраза. Ете, завчера во „Борис Трајковски“ ги немаше навивачите на Шкендија „Балисти“, па повторно бевме сведоци на хулиганскиот принцип на воспоставување правда и вредност.

Вчера од МВР потврдија дека се приведени одговорните за инцидентите и дека против нив се покренати кривични пријави. Баш да видиме како сето тоа ќе заврши. И до сега биле приведувани иницијаторите на вакви грозни сцени, но очигледно казните не се соодветни. Со „две шлаканици“ нема мир.

Секогаш во ваков момент на вистината, кога стануваме свесни дека губењето на вредностите е во топла прегратка со насилството, ја споменуваме Маргарет Тачер. Таа по трагедијата во финалето во 1985 година на „Хилсбороу“ меѓу Ливерпул и Јувентус, кога загинаа 49 навивачи на италијанскиот гигнат донесе ригорозен закон. Ги извади оградите покрај теренот и им кажа на хулиганите: „Ајде сега повелете“.

Секој оној што ќе ја послуша и што ќе влезе во Англија на терен добива година и пол затворска казна. За високите парични казни и повеќегодишни забрани за влез на стадионот не треба да се муабети. И што се случи. Најзлогласните ѕверови истетовирани од глава до петици (кога тука се лепеа сликички од мастики на рака) станаа кутриња. Во тие законски мерки свој удел има и полицијата.


#
Статијата е прочитана 4139 пати.

Испрати коментар

Од: tome
Датум: 06.11.2010 12:35:48
prosti prosti prosti prosti prosti prosti najproosti se sto, e ubavo rusat....
Од: k2
Датум: 06.11.2010 12:51:06
Se dodeka ne se pratav vo zatv or i toa 5-6 godini nema pamet da im dojde Kopiljaci....
Од: Реалист
Датум: 06.11.2010 15:39:26
Во еден друг весник од вашата фирма, прочитав дека тинејџерите што биле прободени, претходно го бркале и малтретирале тинејџерот што ги пробол со нож. Нормално, ова нема никаква врска со било какво оправдување, но - ако е вистина - зошто само еден медиум го пренесе ова? Логиката е, зошто ученици од Карев би оделе во Орце..? Јас кога учев средно, тие што одеа во други школи после часови, го правеа тоа или за девојка или за тепање, трето нема.
Од: sasho
Датум: 06.11.2010 16:08:03
Vakvi vandali ima vo cel svet, ama ima care i za niv. Ako imase kameri da ja snima publikata za vreme na nastanot mnogu lesno sekoj sto ostetil inventar ili se tepal ce bese identifikuvan. Posle toa na sekoj po 5-6000EUR kazna pa ajde sledniot pat neka krsi ako saka.A ako gi pratime vo zatvor? Zarem pokraj napravenata steta na natprevarot gradjanite ce treba da im placaat za nivniot prestoj zad resetki? A koj ce plati za stetata na salata?
Од: karokan "gambit"
Датум: 06.11.2010 17:59:30
Kumunjari,pereni mozoci,titovi pionercinja i sl. slogani denes mozes da slusnes od novite "elitni demokrati",koi vo apsoluten nedostatok na vizionerstvo i idei ,obicno gi upotrebuvaat vo negativna konotacija.Vo dalesnata 1971 god.,kako brucos od vnatresnosta,sosema slucajno se najdov vo gradskiot park i na "crno" kupiv bilet za kosarkaskiot turnir vo organizacija na kk "Rabotnicki",na koi pokraj domacinot ucestvuvaa i Olimpija od Ljubljana,Lokomotiva (denesna Cibona) od Zagreb i Cevena zvesda od Belgrad. Sto da recam za tie vreminja,na parketot postroeni cetirite ekipi (kk "Rabotnicki" so volcjak),salata vo gradskiot park prepolna.Se igraa po dva natprevari vo edna vecer.Nesto sto mi ostana vo secavanje,poglednato od denesen agol,bese na terenot virtuozi vo publikata dzentlameni-kosarkaski vljubenici!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! Postignete go toa samoproglaseni i samobendisani "predvodnici" na novoto vreme.
Од: Trpe
Датум: 06.11.2010 18:02:25
За се е едно единствено решение, да се почитуваат македонските закони и се ќе биде во ред. Да не бидат портокаловите војничиња над законо, да не реагират партиските тела кога некој ќе биде фатен во криминал и се ќе биде во ред. Ама нема кој тоа да го направи, кога сега постое само системот на партиска вредност. За обичните граѓани огромни казни за банални работи, додека партиските силеџии шетаат слободно и иако имат досиеа дебели. Кога сите би биле еднакви пред законот ѓе го снема хулиганството, криминалот, ќе ни се среде Државата. Само за тоа моментално се нема желба. Овој хаос некој дебело го наплаќа
Од: zrak
Датум: 06.11.2010 18:27:21
TACER koga go donese zakonot im poraca''ako ne mozite da gi vospitate svoite deca jas ke gi vospitam'' a kaj nas ovie huligani se na funkcioneri koj ja kradat drzavata pa ovie ja rusat-ako narodot ke plati
Од: Vancho- USA
Датум: 06.11.2010 19:42:53
Shto da kazam vo loshoto napreduvame kako nikoj drug,se sramam da kazam od kaj sum. Zakonot mora da bide strog za sekoj koj ne go pochituva bez ogled na Verska ili Nacionalna pripadnost.A pogotovo na Deca koi Roditeli se Politichki lideri.Ako eden koj Upravuva so Drzava a ne moze da upravuva so svojot dom ne je Sposoben da bide Lider so Autoritet.Tova go Podupiram so Bibliski dokazi koi se vo Mojsejiviot Zakon dadeni kako Uputstvo od bOFA za Lideri na Narodot a tova go ima i vo noviot Zavet vo Apostolski Uputstva kako slugi Hristovi.Na koj ne mu je jasno PISITE ke gi dobijete tachnite podatoci kade se naogaajat.
Од: Веиз
Датум: 06.11.2010 21:07:40
До бре луѓе до кога вака зарем спортот е за девијантно однесување или спортски дух на навивање,не оди ова кон добро за вистинските љубители на спортот,не ги копирајте хулиганите од запад нам нение таков обичајот!Разбудетесе!
Од: Od Prijatel
Датум: 06.11.2010 21:51:03
Sramota za vakvi idioti samo tvrdo so tvrdo sve da platat i vratat po 10 pati i ne vo zatvor samo da uziva tuku da rabotat 24 casa kako vo Rusija edino tova sto mise sviga vo komunizmot....
Од: А
Датум: 06.11.2010 22:01:13
А никој не се запрашал дали полицијата е крива за ваквите настани ? Прва работа е тоа што имаат лоша координација лоша распореденост знаат дека салата од горе е споена цела значи може да дојде до спојување на 2 навивачки групи (тоа и се случи) Втора работа е тоа што кога ке се случи инцидент маваат премногу со што ги разгорува навивачите и тие од револт корнат столици и други предмети... Колку невини луге го јадеа пендрекот од полицијата знае некој ? Значи не е се до навивачите, и полицијата мора да си знае дека кога ке заврши пресметката помеѓу навивачите нема повеќе тепање и готово а не они си продолжуваат епа после ке има инвентар искршен... тоа е се од револт луѓеееееее , да знаеа добро да интервенираат ништо немаше да биде скршено али тоа ти е секад кривицата е во навивачите а не во надлежните органи. Поздрав
Од: dimmu borgir
Датум: 06.11.2010 22:19:00
Nikoj od vas (gledaci preku TV) ne smee da obvinuva cela navivacka grupa za incidenti na 5-6- lugje. Jas sum navivac na MZT i clen na FA i gi osuduvan najzestoko vakvite postapki i ne sakam da me stavaat vo ist kos so nekoi huligani koi sakaat da resavaat licni problemi na vakvi nastani.
Од: крстевска катерина
Датум: 06.11.2010 22:41:55
не убаво тоа сто прават
Од: Ljubotan -Trade Name!
Датум: 07.11.2010 01:08:59
Zarem citatelite na makedonskata NEWS MEDIA,zabravia kako gi narekuvaa Srbite vo Italija/.Ama sega ispadna se vrati BUMERANG. Ispadna ;,,Sto Si Seal Toa i Ce Znees"!
Од: veerghoen
Датум: 07.11.2010 05:02:32
A zosto nikoj ne zboruva za ubaviot dekor,tuku samo se spomnuvaat incidentite?
Од: Prilepcanec
Датум: 07.11.2010 10:37:37
Pred nekolku godini,eden mlad gospodin vo edna TV emisija,nepristojno prisednat,aroganten,a pretstaven kako vodac na navivacka ekipa-po eden slicen vakov nastav,izjavi-a vie ne gledate kako toa se slucuva na Zapad?Voditelot na emisijata ne videl deka i na zapadnite sportski tribini ima tepacki,krsenja,ubodi,a trebalo odgovornite za javen red da go slusnat ova i da porazgovaraat so doticniot gospodin-dali misli so svoite navivaci da uriva se pred sebe.Za toa nemase informacii,no po sekoj sportski nastan vo Makedonija ima tepacki,krsenja,duri i usmrtuvanja. A ministerkata za vnatresni raboti objavuva-toa e vo procedura!Taa ne kreva raka na svoite drugarcina.Koj zakon,ve molam?
Од: blaze sarenkovski
Датум: 07.11.2010 17:51:35
se odnesuva do gore navedeniot gospodin za koj vinovna e policijata.gospodine vie od provincijata kako sto sami se narekkuvate ili potocno pravi skopjani sto se pomalku ve ima sigurno se nemate dovolno prosetano vo drugite evropski zemji ili voopste nemate izlezeno nadvor od vaseto skopje pa zatoa i taka gledate na rabotite sto vnatre se slucuvaat vo drzavata.Za da ja obvinite nasata policija treba da ste ili slep,da vi fali nesto ili pak namerno da se pravite ne tokmu.Ako nasata policija ne intervenirase taka kako sto taa znae da intervenira od vas do sea ke nemase pepel a kamo li koski.Samo da vi kazam deka vie tatinite galenicinja sto se pravite cisti skopjani ste daleku od vistinata.Vie ste izgubeni vo prostor i vo denesnoto vreme.Samo da znaeto go narusuvate integritetot i ugledot na stvarno vistinskite stari skopjani koi sto morat i tie sami da zalat za toa sto se slucuva vo vaseto SKOPJE.Za da bide uste po tragicno vie starite skopjani gi narekuvate seljaci a vie ste tie.
Од: Daniel
Датум: 07.11.2010 18:55:51
Treba da mi e krivo za 10 skrseni stolcinja ili za navivacite na "neutralnata" tribina sto pokazuvaa sreden prst i se fakjaa kajsto sonce ne gi gree sekoja mozna prilika? NE, krivo mie sto policijata nie od planina simnata i sto udira deca od po 15/6 godini so pendraci po glava, toa e tragedijata, nemojte da se praite Slovenci sekogas bilo taka, taka i ke bide pisete nekoj natpis zasto neame asalna ulica vo gradov a ne deka skrsile 5 stolcinja sto drzavata "makotrpno" gi kupi so parite od narodot koj makotrpno gi dade. Tolku da se nema cuvstvo za sport a da se pisva za sportski nastan, pa ova moze samo vo Makedonija da pomine so vakva platena propaganda.
Од: sebastian
Датум: 07.11.2010 23:09:24
високи (затворски, парични) казни за хулиганството на спортските терени, кои, се разбира, доследно ќе се спроведуваат ... само тоа ќе го спречи ширењето на оваа „мода“ која се заканува да премине во социјално зло ... јас ќе гласам со двете раце за влада која ќе донесе ваков закон ...
Од: xhelal
Датум: 08.11.2010 00:43:51
znaci i vo skopje imalo loso pleme
Од: 1959
Датум: 08.11.2010 05:42:42
Eh Dragane, eh Blagoja! Rastevme vo edno drugo vreme, za sreka nasa "vo mrakot", Ve gledavme, Ve bodrevme, navivavme. Doagjaa Partizan, Zvezda, Jugoplastika, Cibona,Zadar,... salite ispolneti so casovi pred pocetok na sredbite. Doagjaa Kicanovic, Slavnic, Kosic, Solman, Kukoc, Divac, Radja, Delibasic..... LEGENDI, a Vie dostojni partneri.Imase i "carki" pomegju publikata, no se bese vo domenot na normalnoto.Se igrase kosarka.Kako samo da im objasnime denes na ovie "prerodeni" generacii rasteni vo "demokratija" deka sirotite i ne znaat sto e kosarka, navivanje, ne poznavaat etika, moral i se prasuvam, imaat li ovie deca huligani roditeli?!Imaat li idoli, osven da imaat pari i toa mnogu, imaat li maku used i usul nivnite najbliski pa ne gledaat nisto, i sekogas pa moeto ne e krivo, vidi gi drugite sto pravat???Najverovatno za se ke go okrivime Jozica so KP?! Tie da ke se vinovni za nedostatokot na etika, moral.....itn. Da,da tie se vinovnicite.... nema koj drug.

Најди! во Утрински
Македонска верзија
ЕДИТОРИЈАЛ
Соња Крамарска
Поглед
Катерина Шекеровска
Мислења
Слободан Најдовски
Мислења
Васил Костојчиноски

„Саграда фамилија“
Неверојатната сага на катедралата на Гауди

Ем-ти-ви награди
Лејди Гага победничка во отсуство






Tight controls on visa-free travellers from Albania and Bosnia
Bulgaria loses case against suspected mafia bosses
Hungarian firms seek EU help to block crisis tax