Број 3427  вторник, 09 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter

„Саграда фамилија“

Неверојатната сага на катедралата на Гауди

Изградбата на едно од најголемите архитектонски чуда во светот трае повеќе од еден век

„Саграда фамилија“ или „Светото семејство“ во Барселона е најпознатата градба и најамбициозниот проект на каталонскиот архитект Антонио Гауди. „Саграда фамилија“ е во изградба веќе 128 години, а потребни се најмалку уште 15 години за да биде завршена. Раскошно украсениот објект сместен во централниот дел на Барселона во неделата беше осветен како базилика. Познат како Покајничка црква на Светото семејство во целост е финансиран од донации и приходи од приватни извори како и од продажба на туристички билети. Тој е еден од најголемите туристички атракции во Шпанија, годишно привлекувајќи околу 2,5 милиони посетители.

Уметникот и неговата визија

Камен-темелникот за катедралата позната како „Саграда фамилија“ (Светото семејство) беше поставен во 1882 година. Една година по почетокот на проектот првичниот архитект се повлече поради несогласување со изведувачите на катедралата и работата му беше доделена на реномираниот каталонски архитект Антони Гауди, кој го напушти оригиналниот неоготски дизајн замислен за објектот и тргна да креира повеличенствено и уникатно дело, преполно со симболика, детали и занаетчиски вештини.

Работа во прогрес

Гауди работеше на објектот се' до својата смрт во 1926 година, посветувајќи го речиси сето свое време на проектот во последните години од животот. До времето кога е снимена оваа фотографија во 1924 година, фасадата на Христовото раѓање беше речиси завршена. Полукружната фасада, што не се забележува на оваа фотографија, беше завршена во 1894 година.

Поглед на внатрешноста

По смртта на Гауди, работата продолжува под раководство на неговиот близок соработник Доменек Суграњес. Иако се правеа напори да се почитува оригиналната идеја на Гауди, тешко е да се знае што точно тој би сакал откако сфати дека за проект од толкава големина и со толку детали ќе биде потребна работа на неколку генерации за да се заврши. Оваа фотографија, снимена во 1957 година, го покажува идниот ентериер на фасадата на Христовото раѓање.

Фасада на Христовото раЃање

Првата од главните пристапни точки во црквата што треба да биде завршена, фасадата на Христовото раѓање имаше цел од страна на Гауди, да му даде тон на сето она што треба да следува. Оваа фотографија ја покажува работата околу Тремот на милосрдието што ја опкружува сцената со јаслите со обемна густа вегетација вклучувајќи го и дрвото на животот во самиот центар.

Срцето на Барселона

„Саграда фамилија“ отсекогаш била покајаничка црква, што значи дека од самиот почеток нејзината изградба беше финансирана од донации. Самиот Гауди има кажано дека црквата „е градена од народот и се огледува во нив. Тоа е дело што е во рацете на Бога и волјата на народот“. Таа и натаму останува главна туристичка атракција во градот и најмоќен симбол што привлекува милиони посетители секоја година.

Работилница на мали копии

Бидејќи вклучува техники што се далеку од стандардните, работата врз „Саграда фамилија“ е бесконечна лабораторија на експериментирања. Меѓу стотиците лица што работат на проектот има и голем број луѓе што прават модели чија задача е да изработат комплицирани детали што ќе ги формираат критичните делови на визијата на Гауди.

Море од бои

За да се направат мозаиците за ова рем��к дело Гауди ја одбра венецијанската компанија за стакло „Орсони“, која продолжува да го снабдува проектот со потребниот материјал. Произведувачот на стакло, исто така, учествуваше и во мозаиците на базиликата Светото Исусово срце во Париз и катедралата „Свети Павле“ во Лондон.

„Што е вистина“?

Еден од најфасцинантните детали на катедралата е големата употреба на зборови, напишани во овој случај на Фасадата на страдањето, на која е раскажана приказната за распнувањето на Исус. Нагласена е фразата кога Понтиус Пилат го прашува Исус дали е крал на Евреите, а Исус одговара: „Вие велите дека јас сум крал. За ова јас сум роден и за ова дојдов на светот за да посведочам за вистината“. „Que es la veritat“ е каталонскиот превод на одговорот на Пилат.

Да се стигне дотаму

На 7 ноември, денот кога се случи посетата на папата, објектот е далеку од завршен. Сегашните процени покажуваат дека изградбата нема да биде завршена ниту во следните 15 години. И самиот Гауди изгледаше рамнодушен околу времето што ќе биде потребно за да се заврши ова ремек-дело. Мајсторот на ова дело во една пригода кажа „воопшто не се брза“.

Пристигнувањето на Бенедикт

Близу 7.000 верници, меѓу нив и шпанскиот крал Хуан Карлос и кралицата Софија, го следеа Бенедикт како дава света причест на мисата на 7 ноември. За време на осветувањето на црквата, папата ја пофали „Саграда фамилија“ како „извонредно достигнување на градежништвото, уметноста и верата“. Всушност, има и такви кои сметаат дека Гауди треба да биде прогласен за светец. Од 1992 Ватикан се обидува да одлучи дали архитектот заслужува да биде беатификуван.


#
Статијата е прочитана 1217 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Детство во судски лавиринти - ќерката на Спаска уште е со таткото
Го разбира ли Владата своJот мандат
Или помалку ќе не' лечат или ќе си доплаќаме
Тиквешански
Северина во еден здив
Бугарските возила се менуваат како чорапи
ЕУ се закани со враќање на визите
Владин буџетски римејк
Македонија се' поблиску до заемот од ММФ
„Златно славејче“ е галениче на македонскиот народ
Лејди Гага победничка во отсуство
Професионална одговорност на СДБ
Саботна Празијада во Василево
Карикатура
Почина рударот што пропадна во "Саса"
Стил
Браќата Миладинови да почиваат во Македонија
Утре може да биде опасен ден






Bulgaria and Russia expected to sign gas pipe agreement
One third of cigarettes in Bulgaria are 'illegal'
Falling credit rating reveals Croatia's economic crisis