Детство во судски лавиринти - ќерката на Спаска уште е со таткото
Спаска Митрова во повеќе наврати не ги почитуваше решенијата на Центарот за одредување на начинот на гледање и не му дозволуваше на таткото да ја гледа ќеркичката
Гордана Дувњак
Четиригодишната ќеркичка на Спаска Митрова се' уште се наоѓа во домот на таткото Воислав Савиќ. Иако таткото пред нецел месец го изгуби старателството врз малечката Сузана, таа ќе остане кај него се' додека не стане правосилна пресудата на Основниот суд во Гевгелија и не заврши жалбената постапката. Одлуката беше донесена на 15 октомври, на новото судско рочиште иницирано од второстепениот суд во Скопје, кој ја прифати жалбата на контроверзната Бугарка од Гевгелија. Претходно гевгелискиот суд одлучи во корист на таткото, но Апелациониот суд го врати случајот на повторно одлучување, затоа што не било земено предвид психијатриското вештачење на двајцата родители.
„Пресудата ја слушнавме од медиумите, но се' уште официјално не сме ја добиле. Откако ќе ја прочитаме аргументацијата на гевгелискиот суд, ќе видиме по кои основи ќе ја оспориме пресудата“, вели гевгелискиот адвокат Васил Џинов, кој е правен бранител на Савиќ.
Тој е убеден дека неговиот клиент ќе се жали и ќе ја продолжи правната битка за враќање на старателството врз детето, која трае веќе три години. Адвокатот очекува пресудата да ја добие до 15 ноември, бидејќи 30 дена е законскиот рок во кој треба да биде напишана објавената пресуда.
Од Центарот за социјални работи во Гевгелија со внимание го следат овој случај, кој своевремено им предизвика големи проблеми и го доведе во прашање нивниот имиџ. Генезата на случајот „Спаска Митрова“ им е добро познат, бидејќи и покрај тоа што не станува збор за сложен случај, тој дополнително толку многу се искомплицира што дури доби и меѓународни размери.
„Пресудата не е правосилна и затоа детето е се' уште во домот на својот татко. Мајката и натаму не комуницира со нашата институција и сите дописи ги испраќаме преку нејзиниот адвокат Шпенд Деваја“, нагласува директорката на гевгелискиот Центар за социјални работи, Станка Петрова. Таа вели дека засега гледањето на детето од страна на мајката се одвива нормално и без проблеми. Детето е кај неа секој втор викенд во месецот. Го зема во петок директно од градинка, а го враќа на истото место во понеделник. Но, како што велат од Центарот, и натаму мајката одбива да плаќа алиментација, која изнесува 2.000 денари.
Директорката на Центарот го познава во детали конкретниот случај, бидејќи на него работела и како правник. Не крие дека во Центарот се разочарани од ваквиот развој на настаните, бидејќи и покрај тоа што ја знаат целата генеза на овој предмет, судот не го уважил нивното мислење.
„Центарот за социјални работи е ставен во средиштето на родителскиот оган, а неговата улога во судската постапка е целосно маргинализирана“, уверува Петрова. Таа потсетува дека нивната улога е да им ги обезбедат на двајцата родителските законски права, но најважна од се' е нивната улога во заштита на детето.
Спаска Митрова во повеќе наврати не ги почитуваше решенијата на Центарот за одредување на начинот на гледање на детето и не му дозволуваше на таткото да ја гледа ќеркичката. Поради непочитување, пак, на судските одлуки, Митрова лани во август беше и на издржување затворска казна од три месеци во затворот во Идризово. Тоа предизвика големи реакции во бугарската јавност, која ја обвини македонската држава за дискриминација и од овој случај направи политички проблем во европските институции.
Vo sekoja zemja kade postoi i minimalno nezavisen sudski sistem bez politicki pritisoci i nepolitizirani Centri za socijalni raboti. staratelstvoto na 4 godisno dete se dodeluva na majkata, sem ako istata ne se proglasi za dusevno bolna. A kolku mi e poznato Spaska ne e voopsto dusevno bolna, a gevgeliskiot sud donese sramna presuda od politicki instrukcii A toa kako taa se cuvstvuva e nejzino pravo na izbor, koe ne treba da se vrzuva so odreduvanje na staratelstvoto/
Од: karokan "gambit"
Датум: 09.11.2010 15:51:07
G-dine,g-gjo,Majkata ima pravo na staratelstvo i
tatkoto ima pravo na staratelstvo,dokolku mislese deka toa e ekskluzivno pravo na majkata,a ne e.
Aj ti se molam navedi barem edna zemja (ne slucaj zosto takov e potesko na najdes) kade majkata go ima ekskluzivnoto pravo na staratelstvo ne na cetirigodisno dete tuku voopsto na dete bez razlika na vosrasta.Nema i nemozes da nabrois,barem edna,a iznesenoto vo tvojot komentar se sosema "od kutura".(Drug pat pisuvaj
pod sifra "kutura"-povece ti odgovara).
Pri odlucuvanjeto sudot vo predvid zema povece okolnosti (parametri),megju koi edna od najbitnite e i mislenjeto na Centarot za socijalni raboti.
Vo najmala rakasudot vo predvid trebase i morase da go ima i odnesuvanjeto na dvajcata roditeli-
tatkoto skromen i miren,a majkata ,pokraj nepocituvanjeto na odlukite na drzavnite institucii,
od slucajot napravi mediumski spektakl.
Od ona sto go imam procitano za amerikanskite sudovi, nemase sansa,so takvo odnesuvanje,da go dobie staratel
Од: TRAJANKA
Датум: 09.11.2010 17:19:55
Majkata i Tatkoto treba da najdat zaednicki jazik vo vrska za deteto , i malku vistinski dvojcata da go sakat devojceto , kao civilizirani luge i pra vi roditeli ( ke se dogovorat zaedno ,stoe naj dobro za devojceto ) I ONAKA DETETO E NAJ GOLEMIOT GUBITNIK VO SEVO OVA , koga ke porasne ke bide naj golemiot sudija za slucajov . Roditelite neka oladat ( glavite ) i sto e naj dobro i bezbolno resenie . Roditelite ne treba da se sebicni , deteto e vo prasanje . Naj ubavo i bezbolno resenie e sorabotkata na roditelite !!! Majkata e najgolem lek na deteto koga e bolno , dete bez majka , e cel sirak , bez tatko - pola !!!
Од: Koki
Датум: 10.11.2010 02:05:20
Do Trajanka i do majkata ima pravo na staratelstvo. Potpolno pogresno i diskriminiracki. Dvajcata roditeli imaat ednakvo pravo na deteto osven ako nekoj od niv ne e problematicen za deteto po nekoja osnova. Trajanka si pridava na znaca malku ama ke i kazam deka mozam potpolno isto da se grizam za moite deca kako i mojata sopruga i toa i sum go dokazal do sega zatoa nema strogo pravilo dali majkata ili tatkoto tuku dvajcata podednakvo odgovaraat.
Од: seigjija
Датум: 10.11.2010 05:32:19
Ljudska bedo kolkava si, site vodite griza od rekla nerekla, deteto treba da si ostane so postabilniot roditel, koj ke mu dade psiholoska stabilnost.Za zal maklata ne se pokaza stabilna tuku labilna vo celiot ovoj slucaj. Moralot na covekot e sveto pravilo na odnesuvanje, taka da i toa mora da se gleda.Ako nekoj saka da pravi kriminalec od sebe neka trguva so deteto.Centaroty za socija;ni grizi e vo potpolnost odgovorna za deteto, i ako centarot donelo odluka deteto da ostane kaj tatkoto, treba taa odluka da se pocituva.Oni znaat koi se uslovite kaj dvajcata roditeli i koi najmnogu odgovaraat za normalen razvoj na devojceto.Citatelkata Trajanka nema pravo da sudi za decata so eden roditel, bidejki neretko se slucaevi da majkata e najgolemiot dusman na deteto.Taa sama si go prodala svoeto jas, pa sega ke i dademe dete da vospituva. Mislam deka deteto treba da ostane so tatkoto kakao pozrel i po cvrst karakter.A za majkata lesno devojceto ne e za prodavanje.
Од: pp
Датум: 10.11.2010 08:09:32
a makedoncite ne se diskriminirani abe sutneteja tamu i neka ne se vraca
Од: MILE GEVGELIJA
Датум: 10.11.2010 09:13:51
Kako moze drzavata da dozvoli na bolen roditel da mu dozvoli stararelstvo.pa Spaska i nejzinata majka se umobolni, za toa moze da vi potvrdi i nejziniot tatko .bolna bese majkai na Spaska,sega ja gledame i bolesta Spaska a ako ostane devojceto vo nejzino staratelstvo toa ke se sluci i so nego.
Од: Vasko
Датум: 10.11.2010 10:11:10
So ogled na toa kakvo ni e sudstvoto i na koe nivo funkcionira, mozebi ke se reshi ovaj slucaj...... za edno 15 ili 20 godini sigurno! Tamam deteto ke e polnoletno i ke nema potreba od staratelstvo!