За да ја спречи злоупотребата на безвизниот режим, Брисел, ако треба, ќе ги употреби сите можни механизми
Тамара Грнчароска
ЕУ вчера ги предупреди Македонија и Србија дека може да го активира механизмот за укинување на безвизниот режим доколку и натаму се злоупотребува укинувањето на визите од страна на Брисел, како што беа азилантските бранови од двете земји во земји-членки на Унијата.
Предупредувањето дојде во пакет со укинувањето на визите за Албанија и за Босна и Херцеговина, со објаснување дека искуството што го има ЕУ со укинувањето на визниот режим за Македонија и за Србија покажало дека е потребна претходна кампања за либерализацијата и поголем мониторинг околу тоа како се спроведува и дали се злоупотребува.
На вчерашната прес-конференција еврокомесарката за внатрешни работи, Сесилија Малстром, и претседавачот од Белгија Мелкјор Ватле, изјавија дека неколку земји побарале контрола на безвизниот режим и ако една или две од нив во иднина се почувствуваат загрозени и побараат мерки, одговорот може да биде и повторно воведување на визите.
Според нив, тоа го овозможува член 78 од Лисабонскиот договор, според кој таквата промена на шенгенскиот режим е можна во вонредни ситуации. „Сакаме да ви укажеме какви можат да бидат консеквенциите од злоупотребата на укинувањето на визите“, порача белгискиот министер за азил, додавајќи дека во основа ќе се искористат сите можни механизми што ги дава регулативата на ЕУ, иако целта не е овој процес да се проблематизира, туку да се одвива лесно. Според Мелкјор и Ватле, визната либерализација мора да биде успех и мора да се искористи за вистински цели, а не за да се бара работа во земјите-членки на ЕУ или азил.
Извори од Македонија вчера нагласуваа дека мерките што ги промовира ЕУ нема да се однесуваат само за нашата земја и дека контролниот механизам на министрите за правда и за внатрешни работи на ЕУ усвоен вчера нема да донесе никакви промени во однос на тоа што се правеше досега од страна на Европската комисија.
„Во декларацијата само ќе бидат поапострофирани мерките што се применуваа досега, појасно ќе биде дефиниран начинот на вршење на транзитот од земја која не е во шенген-зоната во земја од шенген-зоната и слично“, наведуваат нашите извори. Според нив, за Македонија и за нејзините граѓани нема да има никакви дополнителни контролни мерки.
Од македонското МНР вчера го потврдија тоа, наведувајќи дека во јавноста се појавиле голем број шпекулации што ќе значат контролните мерки, кои во суштина се применуваа и досега. Тие наведуваат дека Македонија и досега доставувала редовни извештаи до ЕК за спроведувањето на визната либерализација, во рамките на заложбите и обврските што ги имаме преземено со Договорот за стабилизација и асоцијација. Во МНР тврдат дека оцените се оти нашата земја ја спроведува визната либерализација како што треба и дека на појавените проблеми, како што беше азилантскиот бран, земјата навремено реагирала со проактивни мерки.
„Македонија веќе има свој мониторинг-механизам за имплементација на визната либерализација. Разменуваме информации и директно соработуваме со ЕК и земјите-членки под капата на Договорот за стабилизација и асоцијација“, ни изјави портпаролот на МНР, Борче Стамов.
Zosto li begaat koga tuka ni e tolku ubavo....ovde spomenik, onde triumfalna kapija, Premierot (so lopatata) ni kazuva deka ni e najubavo vo regionot....stote chekori ne preroduvaat vo najstara, najpametna, najbogata i najubava nacija na svetot!!!
Neli Felix? Ili BC gi laze azilantive? Ah toj BC
Од: EУ КАКВА ТАКВА
Датум: 09.11.2010 12:40:43
ЕУ на Македонија со 2 милиони луге и донесе 1200 Роми од Косово и замисли неможеле да ги вратат не им гарантирале безбедност а таа безбедност и демократија со војна ја донесоа. Сразмерно треба 200.000 само од Македонија да им отидат а ЕУ се буни за 500.
Од: aman dosta
Датум: 09.11.2010 13:56:53
Kako be ne vi e sram bando edna Europejska...pa pola Afrika vi vleze...Paris Rim London vrijat od Romi od Romanija i Bugarija...Pola Afganistan i Pakistan e vo Anglija ... Milioni muslimani se vo Zapadna Evropa ...vo Danska palat i znaminja na nekoj si prorok Muhamed a vas ve potresoa 150 Romi od Makedonija...Bando edna korumpirana....
Од: karokan "gambit"
Датум: 09.11.2010 16:07:54
A kako ne ti e sram tebe "Aman dosta",sto bez i da potprasas sto e toa azil tropas po tastaturata
od sto proizleguvaat edno cudo gluposti.Pa potprasaj nekoj,razmisli na tie okolnosti i togas nackrtaj nesto ako vece ti e da se samoreklamiras.
Deka ne ti e poznato,ama voopsto,jasno se gleda
i od stavanjeto vo ist kos i na gragjanite od Eu i na gragjanite nadvor od EU,a da ne zboruvame za
zemji so zagrozeni prava i besbednost i zemji koi toa ne se.
Problemot g-dine e vo drugo.Nie sme zemja kandidat za pregovori (vlez) vo EU,znaci so odreden stepen na demokratski razvoj i kako sega da go tolkuvas toa deka gragjani od zemja kandidat,koj patem ni e daden tokmu od zemjite od EU,da se
javuvaat gragjani koi poradi zagrozenost na nivnite gragjanski prava i slobodi,opasnost po zivotot i sl.,
da baraat zastita od treta zemja.Tie dve raboti ne odat raka pod raka.A kako sme ja zaterale rabotata,
moze da se sluci navistina na gragjanite da im e potrebna zastita od treta zemja!!!!!!!!!!!!!!!
Од: nekoj
Датум: 09.11.2010 16:08:11
Take e, ima vo EU i azijci i afrkanci, no se snaogaat, rabotat, ne baraat da se preselat da sedat doma i da zemaat socijalna pomos. Vo toa e razlikata. Tie sto se na crno, samoto toa kazuva deka za niv eU nema poteba da se grizi. Treba da ja iskoristite bezvinata za da se snajdete za rabota, a ne odma ops za azil
Од: film
Датум: 09.11.2010 20:11:50
Potpolno se soglasuvam so nekoj.
Tie mrzlivi idioti zatoa se bedni vo makedonija. Odat vo druga drzava I sakaat da ziveat na tugja smetka. Ako baraa rabota, ke baraa na crno i ke trpea dur ja najdat. No ne... tie sakaat da ziveat na tugja smetka paraziti nizaedni. Eve vo amerika kazete mi dali meksikanite baraat azil? Tie duri ilegalno ja minuvaat granicata I zrtvuvaat zivotot I doagjaat onamu kaj sto ne znaatvsto ke bide so niv.
I sto pravat posle?
Normalno baraat rabota ilegalno. I se krijat. A ne baraat azil.
Jas gi podrzuvam site imigranti sto se macat za lebot i nesto poveke, ama tie paraziti ne. Stom se vratat vo makedonija treba da im se zabrani izlez i da im se odzeme pasosot.
Za se ima lek. Vladata rreba da napravi nesto vo vrska so ovoj problem sto pobrzo oti utre site ke dremete pred ambasadi vo skopje
Од: Професорка
Датум: 09.11.2010 22:25:32
Ова само покажува колку имаме држава која може да спречи ваков бран на луѓе кои ионака ги враќаат. Кој не дојде, дури и Белгискиот премиер да моли да се престане. Ама агенцијата на Амди работи дење ноќе. Срамота. Сите ќе одиме курбан од тоталната неспособност на органите.
Од: Potrebni se kazni i odzemanje na poasosi
Датум: 09.11.2010 23:43:23
A zosto ne se proanalizira koi lica baraat azil i ja zagrozuvaat viznata liberalizacija? Na takviu lica ne treba ni da im se izdava patna isprava, odnosno sekoj onoj koj na bilo koj nacin ja zloupotrebil, trebaza odreden period da mu se odzeme patna isprava. Zosrto site nie da placame ceh za 500 ili 1000 , koi viznata liberalizacija ja zloupotrebija barajci azil.
Од: jovan
Датум: 09.11.2010 23:56:45
Kako pa da ne. Koj ve laze toa deka ke ni gi ukinele?
Од: bidaj
Датум: 10.11.2010 07:57:20
se soglasuvam so site za da gi vratat azilantite i da se kaznat ali ne ste vo pravo sto vikate deka nekoj afrikanci rabotat vo evropa .ajde eka mi kaze nekoj dali videl nekoj afrikanec da raboti vo nekoja gragevinska firma ili nekoja fizicka rabota.vo wiena zivejam dolgo vreme i dosega ne sum videl nieden.a pred nekoj den bev vo frankfurt kaj prijateli so se prijavija kako azilantii imase samo najmnogu okolu 10 makedonci 500 pakistanci i za niv se moze da se dobie azil a za nekoj ne.sekoj si bara podobar zivozt nikoj ne bega od svojota kuka od dobro tukuu go naterala maka.