Број 3489  вторник, 25 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Скопје

Аеродромци ќе спортуваат гратис само за викенд

Општината ќе ги издаде терените на закупци за минимум 100 евра

Деспина Трајковска


Аеродромци само преку викенд ќе можат бесплатно да играат тенис или фудбал на игралиштата што им ги (из)гради Агенцијата за млади и спорт заедно со Општината. Преку недела ќе можат да спортуваат само доколку остане слободен термин, но, сепак, за тоа ќе треба да платат. Со игралиштата наместо Општината, ќе менаџираат закупци, кои за терените ќе и' плаќаат на Општината минимум 100 евра месечно.

Иако ваквиот начин на менаџирање на спортските терени се разликува од првичните најави дека граѓаните во секое време ќе можат бесплатно да спортуваат, вчера се очекуваше идејата да биде визирана од Советот на Општина Аеродром. Според градоначалникот Ивица Коневски, не станува збор за изигрување на граѓаните. Напротив, тој смета дека тие ќе имаат можност да ги почувствуваат бенефитите од проектот.

„Ова е правилник што мора да се усвои за да има ред на игралиштата. Нормално е тие да имаат закупци што ќе имаат обврска да ги одржуваат терените во секој поглед, а со цел граѓаните да не бидат изиграни, закупците од наша страна ќе бидат обврзани да даваат бесплатни термини за сите жители што ќе имаат желба да играат тенис, фудбал и слично“, вели Коневски.

Според неговата математика, сите аеродромци ќе можат да спортуваат бесплатно, и помладите и постарите. Закупецот ќе има обврска преку неделата да отстапи бесплатни термини за училиштата и за градинките, а викендите да ги резервира за заинтересираните групи граѓани. Коневски појаснува дека ако се собере бројот на резервирани термини, кои Општината ќе им ги наложела на закупците, тие, практично, ќе имале сосема малку слободни термини за издавање на терените за пари.

Ваквиот начин на функционирање на игралиштата ќе важи за сите оние што ги гради Агенцијата за млади и спорт во Аеродром. Наскоро одлуката ќе почне практично да се применува на веќе изградените две тениски игралишта во близина на спортската сала „Јане Сандански“, како и на двата фудбалски терена, едниот кај салата, а другиот во Реонски центар, кој се во завршна фаза на изградба.

Според објаснувањето на општинарите, со терените ќе менаџира заинтересиран закупец што ќе се избере преку лицитација. Тој ќе треба да и' плаќа на Општината минимум 100 евра месечно, цена што, сепак, ќе се утврди на јавното наддавање. Закупецот ќе има обврска тековно и инвестиционо да го одржува теренот, а ќе мора и да го осигури од секаков вид штети. На ваков начин се очекува да функционираат сите игралишта што се градат низ државава како дел од проектите на Агенцијата за млади и спорт за изградба на спортски терени.


#
Статијата е прочитана 812 пати.

Испрати коментар

Од: andre
Датум: 25.01.2011 22:34:12
vmro zakoni kako nikade vo svet prvo lazat ce prtavat tereni za sport za gradjani potoa koncesija?duri i terteni za mal fudbal za naplata pa kaj go ima toa...izmislija zakoni za da go kupis svojot dv or sto e apsurd nikade vo svet ,plati patricipacija za skoluvanje pa za lecene pa duri i za hendikepirani lica vo dom a sega i vo dvorot pred zgrada znaci i ce placame i za klupite pred zgrada da sedime na niv?i za vozduhot sto go diseme?nevidena sramotija i oni ce gradele drzava da mu se plukman........
Од: ivona
Датум: 26.01.2011 09:56:26
kakva drskost i arogancija od ovaa vlada koja go iscedi narodot za se sto treba i netreba ,samo za niv opravdani matematiki si gi nafatiraa smetkite,a za toa po niv ne gi interesira deka ke bide potop,kriv e BC.za se treba da odgovaraat pred narodot za besmilosnoto trosenje na narodnite pari za spomenici smizli i drugi gluposti,

Најди! во Утрински
Скопје
Кредит за три нови „пајаци“
ЈСП скрати десетина линии
Се испитува терен за концесионер
Изводи од ДУП до 19 часот