ЈСП скрати десетина линии
Автобусите на ЈСП вчера, поради снегот, не можеа да стигнат до крајните дестинации на десетина линии, па ги оставаа патниците до селските атари. Така, наместо до селото Љуботен, автобусите на линијата „47а“ стигаа само до Љуботенски Пат, додека возилата на „56“, која сообраќа од Транспортен центар до Бојане, возеа само до Расадник. Од ЈСП велат дека и „56“, наместо до Копаница, одел само до подвозникот, а „58б“ до Соње, наместо до Света Петка. Снегот ги оневозможи и жителите на селото Раштак да стигнат до дома со автобусот број „65“, па мораа да се симнат во Црешево. И „67“, наместо до Стархојадица, застануваше во Зелениково, а засега и „74“ и „81“, наместо до Горно Количани и Блаце, возат само до Долно Количани и Чучер. (Сн.К.) |