Изводи од ДУП до 19 часот
Одделението за урбанизам во Општина Аеродром работи со продолжено работно време до 19 часот. Службата со ова работно време ќе работи до задутре, до кога истекува рокот за откуп на дворните места. На услуга на граѓаните во попладневните часови ќе им бидат исклучиво службениците што издаваат изводи од деталните урбанистички планови.
Целта на продолженото работно време, како што информираат општинарите, е да им излезат во пресрет на граѓаните што имаат потреба од комплетирање на документите, а кои досега не можеле да го сторат тоа поради работните обврски. (Дс.Т.)
|