Број 3489  вторник, 25 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Скопје

Кредит за три нови „пајаци“

Пајак-службата сега располага со шест возила, од кои три се стари речиси дваесетина години

Јавното претпријатие „Градски паркинг“ ќе се подновува со три нови „пајаци“. Од претпријатието планираат да земат кредит за набавка на новите возила, за кои, според процените, ќе им бидат потребни околу 300.000 евра. Причината за поднова на возниот парк е да може да се интервенира низ сите општини во градот, а истовремено и да им се олесни работата, имајќи предвид дека „пајаците“ им се потребни и за подигање на возилата што не го почитуваат времето за паркирање во рамките на зонскиот систем на наплата.

Според Борче Јакимовски, директор на „Градски паркинг“, кредитот нема да го оптовари буџетот на претпријатието оти тоа сега не е кредитно задолжено, неодамна ја исплатило и последната рата за трите „пајака“, кои ги набави пред речиси три години.

„Од друга страна, многу поисплатливо ни е да исплаќаме рати за кредит отколку да ги трошиме парите за сервисирање на постојните возила. Колку за споредба, месечно имаме околу 300.000 денари расход за поправка на ’пајаците‘, а приближно толку би плаќале рата за планираниот заем“, вели Јакимовски, кој наскоро ќе распише повик за набавка на возилата за најдоцна до лето да почнат да интеревнираат на терен.

Надлежните велат дека со овие три нови пајаци во голема мера ќе се засили нивното присуство на улиците, па ќе можеле да интервенираат не само во строгиот центар на градот, туку и во другите општини каде што има проблеми со узурпирање на јавите површини.

Пајак-службата сега располага со шест „пајаци“, од кои три се купени пред речиси три години, а останатите три се стари дваесетина години. (Дс.Т.)


#
Статијата е прочитана 538 пати.

Испрати коментар

Од: Aleksandar Makedonski
Датум: 25.01.2011 14:23:25
Додека Коце Трајановски купува пајаци и поради револтот на граѓаните, ги троши гласовите на ВМРО, Заев иако има пајак возило, до денес нема подигнато ниту едно возило!
Од: trpe
Датум: 25.01.2011 16:12:46
Зашто им кредит па тие имаат фабрика за пари ,штанцаат ко луди.Уште малку ке почнат и по дворовите да ни влегуваат
Од: koljo
Датум: 26.01.2011 09:03:17
Mislam deka VMRO vovede politika so koja go unistuva svoeto glasacko telo. Vrsat vistinsko samoubistvo. Ne se vo prasanje pajacite. Ima mnogu nesta koi sto ja polnat kasata na drzavta no na prisilen nacin so kazni i edeb kup nametnati "taksi" od drzavata. Dali doagja denot koga ovaa vlada ili nekoja druga ke vovede GILJOTINA za taksi i kazni. Toj sto ke go vovede - implementira toa gi dobiva slednite izbori...

Најди! во Утрински
Скопје
Аеродромци ќе спортуваат гратис само за викенд
ЈСП скрати десетина линии
Се испитува терен за концесионер
Изводи од ДУП до 19 часот