Број 3647  четврток, 04 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Хроника

Што ја предизвика експлозијата на глисерот во Охрид?

Пловилото целосно изгоре, но, за среќа, патниците брзо се евакуирани. Се испитуваат причините за несреќата

ОХРИД – Проблеми во доводот со гориво или неисправност во електричната инсталација, најверојатно, го предизвикале пожарот на глисерот кој завчера сосема изгоре во водите на Охридското Езеро. Шестемина патници кои се наоѓале во глисерот, за среќа, веднаш се евакуирани и поминале со полесни повреди. Несреќата се случи во близина на автокампот „Елешец“, каде што пред две години се случи и големата трагедија со потонувањето на бродот „Илинден“, при што се удавија 15 туристи од Бугарија.

Глисерот марка „максум“, кој неофицијално е во сопственост на менаџер од една автокуќа во земјава, се запалил околу 14,30 часот во водите на Охридското Езеро, на околу 200 метри од брегот, во близина на плажата „Корали“.

Според информациите од охридската полиција, на пожарот му претходела силна експлозија во делот каде што се наоѓал глисерскиот мотор марка „меркјури", по што јак оган и густ црн чад го зафатиле коритото на пловилото.

Во моментот на експлозијата, глисерот во кој имало вкупно шестмина патници - од нив три малолетни, пловел од хотелот „Гранит“ кон автокампот „Елешец“. Патниците се здобиле со лесни телесни повреди и помали изгореници по телото. Едно лице од повредените е префрлено во болницата „Св. Еразмо“, а потоа пуштено на домашно лекување.

Веднаш по експлозијата, сопственикот на глисерот се обидел да го изгасне и локализира пожарот, употребувајќи две противпожарни боци. Откако не успеал целосно во намерата, патниците на глисерот се префрлиле во два други пловни објекта, кои, со цел да помогнат, во меѓувреме пристигнале во близина на опожареното пловило. На самото место, со брод-амбуланта брзо пристигнале екипи на Црвениот крст од Охрид, припадници на Езерската полиција, како и од охридската Капетанија.

Патниците од опожарениот глисер дознаваме дека биле од Скопје. Први напомош им пристапиле и им помогнале пловилата што се нашле во непосредна близина, а потоа, за десетина минути, биле преземени од бродот- амбуланта и од екипата на Црвениот крст и пренесени на копно. Од лекарскиот преглед било утврдено дека две лица имаат лесни изгореници на долните екстремитети, кои биле веднаш третирани, додека една жена, која се жалела на болки во грбот, по укажаната помош, била пренесена во специјалната болница „Св. Еразмо“ со возило на брза помош.

Д-р Горан Балески од Општата болница во Охрид, кој ги прифатил повредените со бродот-амбуланта, вчера ни изјави дека нивната екипа брзо пристигнала и ја обезбедила потребната здравствена заштита. Најнапред ги префрлиле во Општата болница, а потоа, поради потребата од тријажа, во болницата „Св. Еразмо“. Според Балески, екипата на Црвениот крст е подготвена за брзи и ефикасни интервенции за спасување и во потешки случаи од завчерашниот.

СВР - Охрид работи на откривање на причините за пожарот, во кој, за среќа, нема жртви и посериозно повредени. Се' уште нема конкретни резултати од полицискиот увид, кој бил отежнат поради лошото време. Дополнителен проблем преставувало и тоа што силниот ветер го однел запалениот глисер накај трските, поместувајќи го од локацијата на која се случил пожарот.

Според првичните сознанија на полицијата, како можни причини за пожарот се наведуваат проблеми со доводот на гориво или, пак, неисправност во електричната инсталација.

Глисерот што експлодира во Охридското Езеро бил уредно регистриран во Капетанијата и имал важечка дозвола за пловидба. (В.М.)


#
Статијата е прочитана 1774 пати.

Испрати коментар

Од: Pero
Датум: 04.08.2011 09:35:32
Kako ne im teknalo da go zakotvat gliserot pred da go napustat... c..c..c..
Од: !!!
Датум: 04.08.2011 09:44:51
More ohridani ste imale i vie bermudski troagalnik!!!
Од: koki
Датум: 04.08.2011 11:27:13
More da ne e Branko Crvenkovski kriv i za ova...
Од: kapetan Kuk
Датум: 04.08.2011 11:47:09
pravele skara !!! ne mi se veruva

Најди! во Утрински
Хроника
Поморот на рибите – елементарна непогода
Пронајдено и исчезнатото девојче од Прилеп
И малолетници ќе седнат зад волан
Загина мотоциклист кај Струмица
Нападнат газда оти го избркал молерот

"""