Број 3647  четврток, 04 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Хроника
И малолетници ќе седнат зад волан

СофиJа - Бугарски државјани постари од 16 години ќе можат да управуваат со автомобил во присуство на искусни возачи. Тоа е дел од националната стратегија за подобрување на безбедноста на патиштата. 

Малолетниците, имено, ќе можат да возат само во присуство на полнолетен совозач, кој има возачка дозвола повеќе од пет години.

Важечкиот закон во Бугарија досега им дозволуваше полагање возачки испит само на лица што имаат наполнето 18 години. Националната стратегија предвидува и забрана малолетници да возат автомобил ноќе доколку имаат помалку од една година возачко искуство.

Стратегијата ја подготвија повеќе министерства и инспекции, а парламентот веќе ја усвои. Со неа, како што се очекува, во следните 10 години би требало да се намали бројот на жртвите на патиштата за 40 отсто, а бројот на повредените за 20 проценти. (МИА)

#
Статијата е прочитана 1566 пати.

Испрати коментар

Од: Pero
Датум: 04.08.2011 09:37:33
Dobro be napisete vo naslovot deka e za Bugarija...
Од: xxL from PP
Датум: 04.08.2011 11:49:08
e za kade e ova sega?? za Makedonija ili Bugarija??

Најди! во Утрински
Хроника
Поморот на рибите – елементарна непогода
Што ја предизвика експлозијата на глисерот во Охрид?
Пронајдено и исчезнатото девојче од Прилеп
Загина мотоциклист кај Струмица
Нападнат газда оти го избркал молерот

"""