Број 3647  четврток, 04 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Хроника
Нападнат газда оти го избркал молерот

Молер бил избркан од работа по што неговиот син им се заканувал на сопствениците дека ќе ги убие затоа што го отпуштиле неговиот татко. Според полицијата, инцидентот се случил на улицата „Леринска“ во објект што бил во изградба. При расправија, газдите го избркале М.И., кој работел како молер, со образложение дека неквалитетно ги извршувал работите.

„По кусо време, на братот на сопственикот на објектот му се јавил синот на молерот, кој се заканил дека веднаш ќе дојде и сите ќе ги убие, упатувајќи им погрдни зборови и навреди кон нив“, информираат од МВР.

Околу 11 часот, синот заедно со уште двајца пријатели, со возило „алфа ромео“ со скопски регистарски ознаки, дошле и застанале пред објектот во изградба. Едно од лицата, кое носело чантиче околу појасот, извадило пиштол црна боја и сите се упатиле кон вратата на објектот. Газда��а на објектот успеал претходно да ја заклучи вратата, а тројцата дојденци почнале да ја удираат вратата со нозе со цел да влезат внатре, но не успеале. Полицијата презема мерки за расчистување на настанот. (Х.Р.)

#
Статијата е прочитана 1285 пати.

Испрати коментар

Од: TRAJANKA
Датум: 04.08.2011 11:38:50
Na Molerot sekoj moze da mu po zavidi za takov SIN !!!

Најди! во Утрински
Хроника
Поморот на рибите – елементарна непогод��
Што ја предизвика експлозијата на глисерот во Охрид?
Пронајдено и исчезнатото девојче од Прилеп
И малолетници ќе седнат зад волан
Загина мотоциклист кај Струмица

"""