Број 2855  петок, 05 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Си велам...

Премиерот ги победи учителите

Ерол Ризаов

Синдикатот е поразен, ама Владата не е победник

Премиерот Никола Груевски во првата рунда ги победи учителите и бранителите. Судијата беше пристрастен. Дозволи ниски удари. Синдикатот е поразен, ама Владата не е победник. Мечот не е завршен. Просветарите и бранителите ја отворија сезоната.

Децата се веќе во училиште. Тоа е добро. Се' друго не чини. Учителите ќе ја чекаат 2010 година. Дотогаш инфлацијата ќе го изеде трипати тоа што им го вети Владата. Ќе се тешат со колективни договори. За Владата беше поважно да се мобилизира целата јавност, со платена пропаганда, дека учителите аздисале, па бараат преку леб погача, отколку Европското првенство во ракомет. Се истурија во медиумите илјадници евра да се сатанизираат просветарите и нивниот синдикат. За промоција на најголемиот спортски настан во историјата на Македонија, по Олимпијадата во шах, како реклама не се даде ниту еден денар од државните фондови. Во Македонија е поважно да се задуши незадоволството на вистинските преродбеници отколку да и' се приреди задоволство на целата јавност преку врвен европски спортски настан. Тажно изгледа деновиве скопската спортска убавица. Празна е. Нема публика. Нема жар, нема амбиент. Додека играат европските велесили во ракомет, нема жив човек, ама има жив срам. Конечно, ќе речете, на кого му е до спорт во овие скудни времиња. Дали е баш така. Вино и игри се баш за тешки времиња.

Убеден сум дека премиерот Никола Груевски со задоволство би ги дал веднаш парите од буџетот што му ги бараа учителите и бранителите. Но, тоа не можеше да го направи од две причини. Прво, не верува дека навистина протестираат затоа што им е тешко и дека се онеправдани. Тоа е болката на секој популист. Власта е сигурна дека ова е нечиј заговор, бидејќи таа си вообразува оти прави чуда за просветата и за бранителите. Затоа нивните протести ги доживува како нож во грб. Второ, и оваа Влада, како и сите досегашни, има уплав од незадоволство искажано на јавната сцена. Штрајковите и масовните протести јасно покажуваат дека е лажна сликата на преродбата и благосостојбата и дека се бадијала фрлените пари на граѓаните за купување доверба.

Ако успееја штрајкот на Синдикатот на просветните работници и протестот на бранителите, ќе беше „Ред се редат мале кочанските семејни“, ама и „тетовските“. Тоа Груевски добро го знае. По учителите ќе стасаа лекарите, по бранителите ќе стасаа борците на УЧК, бидејќи и тие се убедени дека се бореле за една подемократска Македонија, потоа ќе стасаа полицајците и војниците, а по нив ќе стасаа металците, па железничарите, па инспекторите, па службениците... и така со ред. Сите тие имаат големи причини за незадоволство без оглед што се зголемувани платите. Сите тие научија дека во Македонија Владата дели плати. Ама не се задоволни, бидејќи секој ден повисоките цени само на храната ги потрошија тие пари уште пред да им бидат доделени. Ете каде водат големиот популизам и фалбите дека Владата ги зголемила платите. Ако сите застанат пред Владата да чекаат ред за поголеми плати, бидејќи таа се рекламира со заслужни дејци дека зголемува плати, се' ќе оди во неврат.

Самата станувајќи жртва на сопствената пропаганда, власта е убедена дека нејзините реклами на телевизиите и во весниците се вистина. Затоа владини функционери грубо му го кршеа ’рбетот на Синдикатот со брутално бришење на гарантираните уставни права, со репресија и со јавно изречувани закани преку телевизиите и весниците.

Овој бениген протест можеше да се заврши без проблеми и потреси.


Премиерот Груевски за време на својот четиригодишен мандат, ако со ова темпо го зголемува буџетот, ќе подели над 12 милијарди евра што ќе бидат собрани од македонските граѓани и компании

Секоја реформски определена влада во земјите на транзиција, па дури и на Запад, соочена е со големи протести и со незадоволство, особено на најниските социјални слоеви при реализирањето одредени реформски зафати. Сите вистински реформи се болни. Всушност, протестите најчесто се доказ дека станува збор за реформска влада. Во нашиов случај е обратно. Владата и премиерот стравуваат од протести, затоа што во јавноста тоа може да се протолкува дека македонското стопанство не е во подем, дека препородот на општеството не е во полн ек, дека нема доволно ни странски ни домашни инвестиции, дека развојот е запрен, дека повеќе се затвораат отколку што се отвораат работни места, дека паѓа стандардот на населението, дека сиромаштијата и баснословните богатства се' повеќе се гледаат.

Владата напумпа голем буџет и со тоа уште еднаш јавно покажа дека Македонија стана целосно буџетска држава. Многуте државни чешми ќе течат посилно во 2009 година. Парите на граѓаните уште повеќе ќе се прелеваат од државата во приватните компании блиски до власта. Премиерот Груевски за време на својот четиригодишен мандат, ако со ова темпо го зголемува буџетот, ќе подели над 12 милијарди евра што ќе бидат собрани како арач од македонските граѓани и компании. Да се соберат и поделат толку пари, богами нема да биде лесна работа. Да не биде како со магарето на Насрадин-оџа. Тамам го научивме да не јаде, пцовиса. Бати магарето. Така и македонското стопанство и граѓанството. За четири години, кога ќе му се испумпаат над 12 милијарди евра, голем дел ќе банкротира. А дел кој сега добро работи, под удар на светската криза, но и на политичките пресметки и протекционизмот, ќе колабира.

Штрајкот на СОНК, всушност, го отвори едно од најгорливите прашања во македонската економија, проблем со кој не сакаше да се соочи ниту една македонска влада по промената на општествено-политичкиот систем. Македонија влезе во капитализам, но се' уште комунистичката урамниловка во јавниот сектор е главното мерило за способноста на луѓето. Ништо не е подобра ситуацијата ни во приватните компании. Социјалистичката доктрина дека сите сме исти е задржана во плурална Македонија, па така сите педагози во предучилишното воспитание, сите учители, сите наставници, сите средношколски професори, сите универзитетски професори имаат исти плати, сите лекари во државната и во градските болници имаат исти плати, сите инженери, инспектори, службеници во големите јавни корпорации имаат исти плати... без оглед на резултатите од работата. Разликите, доколку ги има, се безначајни. Тоа е најголема деградација на човековите способности, која и во социјализмот беше во фаза на напуштање. Сега се манифестира пожестоко, без оглед што само пред Бога сме исти.

Вистинските реформи, всушност, ќе се одвиваат оној ден кога една македонска влада храбро и без демагогии ќе влезе со реформи во системот на наградувањето според пазарни критериуми и според економски параметри. Штрајкот на СОНК, предводен од Дојчин Цветановски, соочен со невиден притисок и закани, повеќе личеше на борба за основни егзистенцијални права на просветарите отколку на синдикален протест предвесник на големо синдикално движење. Теоретичарите и апологетите на власта излегоа со тези дека се работи за квазисиндикалистички барања кои се надминати во современите општества. Во Македонија вистинската синдикална борба се' уште не е почната. Многу индикативно за Владата и партиите на власт е што првите два позначајни протеста на Синдикатот и на бранителите се предводени од луѓе кои од поодамна јавно се изјасниле како поддржувачи на Владата и на ВМРО-ДПМНЕ. Нивното јавно жигосување дека се диригирани од опозицијата е карикатурално и му нанесува голема штета на ВМРО-ДПМНЕ, покажувајќи дека власта е подготвена на се', жртвувајќи ги и своите, само да ги оневозможи јавните манифестации на незадоволство.

Тука, пак, доаѓаме до основниот проблем на оваа власт. Таа не е демократска. Не сака ни да биде. Тоа веќе не може да се скрие.


Статијата е прочитана 1127 пати.

Испрати коментар

Од: jas
Датум: 05.12.2008 00:25:10
erole, gorka e takvata pobeda...prosvetarite ako se kvalitetni intelektualci treba na kloci da go dignat dojci ispaga gi izmanipulira samo da kjari nesto za sebe on si znae. intelektualcite treba da bidat na edna strana i da ne bidat alat vo racete na bilo koja partija a posebno na ovaa koja od sesrce se plasi od kvalitetni , umni i odvazni/ najprost primer vi se tuzbite za frcko, trichkovski i sl. - obid da se zamolcat i tie dvajca bez trojca sto imaat petlja da kritikuvaat
Од: Makedonec vo EU
Датум: 05.12.2008 00:28:49
Gragjanite na Makedonija ja izbraa ovaa vlast, i spored nejziniot rejting, seuste se zadovolni od nea. Histerijata so imeto i antickite prikazni se smesni i pateticni nadvor od Makedonija, no vnatre, tie lazgi na DPMNE mu dadoa dolgorocna i silna prednost pred site "predavnici" koi se osmelile da mislat poinaku. SDSM ke mora da go prifati apsurdot sto iako 80% Makedonci sakaat vo NATO i EU, istite tie 80% ne se spremni da go napravat toa sto e potrebno za ostvaruvanje na taa cel. Gruevski zasega odlicno igra na taa karta.
Од: Влатко
Датум: 05.12.2008 00:48:42
Многу си конфузен Ерол, текстов ти е манџа. Тезите ти се... Испадна мајката дека ти си позагрижен за просветарите од самите просветари. Пишуваш и дека инфлацијата ќе им ги изела платите. Која инфлација? Инфлацијата е 5% што е речиси на исто нив како и вопоголемиот број на држави во ЕУ. Пишуваш за синдикална борба. Кај е тука Муратовски? СДСМ со него му ставија пепел на синдикалното организирање. Го исполитизираа и сега пустиот Муратовски не може ни 1000 луѓе да собере на протест а едно време за прецедник ќе се кандидираше, нешто како Лех Валенса демек. И уште нешто, не знаев дека во описот на работните задачи на Владата е и да ја полни салата „Борис Трајковски“ и да ги покрива неуспесите на ракометната федерација. Можеби и за невремето од вчера е одговорна Владата.
Од: tra la la
Датум: 05.12.2008 01:40:06
Erole,prosvetarite sami si se zaglibija.Najgolemi gubitnici se decata-ne zaboravaj.A nemoj da zaboravis deka prosvetarite isto taka protestiraa koga na vlast bea "tvoite" od SDSM na vlast ama dobija-STAP!!!Zatoa Erole ako pisuvas-pisuvaj barem od pocetok do kraj a ne vaka si pisuvas ona sto tebe ti odgovara.A Makedonec vo EU-sedi si i uzivaj tamu-takvi dushegriznici kako tebe sme videle mnoogu odamna.Dojdi tuka i spremi se za NATO i EU.A ti sto si?Bugarin,Germanec,Svegjanin kako ti pisuva vo pasoshot???Od vakvi pettokolonashi kako tebe ottugjeni stradame nie tuka.
Од: prorok
Датум: 05.12.2008 02:47:12
Vo 2010god ke odime na predvremeni izbori.Vladata sama od sebe ke se srusi,zosto?Plostadite ke bidat polni so nezadovolni,siromasni i izlazani luge koi ke svatat deka PRERODBATA PROPADNA.Ke go cekame finaleto,samo uste edna godina a potoa ........................
Од: Skopje
Датум: 05.12.2008 03:55:01
G-din Erol BRAVO alal da vi e. Sve sto kazavte na mesto vi e. Toj sto ima um ke ve razbere a onie sto ne ve razbiraat ne deka ne znaat sto sakate da kazete tuku toa se poltroni na vlasta isti kako onie reklamite sto vezden vrtat po televiziite pa zatoa na sekoj sto ke im ja plesne vistinata za greskite tie se obrakaat so revolt i plukanje. Ete kako onoj Vlatko pogore a pretpostavuvam ke gi ima i drugi kako nego no VISTINATA E TAA pa kolku i da plukaat i vreskaat svesni se deka rejtingot im paga pa kutrite vo panika veke ne znaat ni sto zborat.
Од: Petar
Датум: 05.12.2008 06:41:45
Па и "треба" на РМ ваков буџет кога т.н. јавна администрација е најголемо ТД во земјава!
Од: Биле
Датум: 05.12.2008 08:11:42
Ме интересира дали освен граѓаниве на Р.Македонија, политичариве читат весници? Јас незнам како можат да живеат со толку клевети, или се доста емотивно јаки, па не се повредуваат или абер немаат што е тоа совест.
Од: citatelka
Датум: 05.12.2008 08:41:27
Bravo gospodine Rizaov, sekoja cest za analizata. Sekoj petok so netrpenie cekam na vasite napisi. Ama onie so portokalovi ocile i ne smeat da mislat , a ne da komeniraat poinaku. No , mora intelektualnata misla da se razbudi, da se prosvetli ovoj zaveden i izmanipuliran narod. A,. se ima kraj , niedna diktatura ne e vecna , se nadevam deka narodot nas se poveke e svesen za katastrofalnata takanarecena predodba. I jas sum prosveten rabotnik ova sto za vreme na strajkot go dozivevme go nemase i vo ednoumieto, a i togas strajkuvavme , no vakvo nesto se nema sluceno. Uste da pocnea da ne nosat vo konc logori!
Од: jare
Датум: 05.12.2008 09:18:05
cicko erol, neznam koga ti e pishan tekstot,no i pred tri dena a i vcera vecer bev na rakomet i salata izgledashe polna i prekrasna atmosvera so golemoto zname i so pesnite na komitite,dojdi utre so SRBIJA da gledash, pozdrav
Од: Zoran Jovev
Датум: 05.12.2008 09:24:28
Najvazno e kako sto velite Erole, deka ucenicite se povtorno vo uciliste. A vo sekoj strajk ima pobednici i pobedeni. Sega e na clenovite na SONK ako imaat sila vo sebe da pobaraat otcet od rakovodstvoto za neispolnetite baranja. Nesto drugo me iznenadi (vo najmala raka) denovive. Mojot drag sosed poradi koj na poslednive izbori glasav za VMRO( iako od 1998 resiv da ne glasam za nikogo), bidejki mu trebaa 20 sigurni glasa za da dobie rabotno mesto vo drzavna ustanova kade sto samiot mi rece deka za ovie nekolku meseci procital poveke knigi negoli za nekolku decenii, me srekava i na prasanjeto "kade si ne te gledam" mi odgovara deka ovie denovi poradi strajkot imaat sekojdnevno partiski sostanoci a po sostanocite posetuvaat domovi i im objasnuvaat na lugjeto od neophodnosta za prekin na strajkot. I veke ne mi e cudno kazuvanjeto na tatko mi kako po vojnata partijata odlucuvala za stipendii, za vrabotuvanje, za strajkovi, i t.n.
Од: UMS
Датум: 05.12.2008 09:51:32
SONK e skrsen i e na kolena. So toase ozakoni da ustavnoto pravo na strajk moze da se krse so site dozvolivi i nedozvolivi merki( pritisoci , uceni, zakani i sl) Gledajci od toj aspekt, podobro Dojcin voopsto da ne go zapocnuvase strajkot, bidejci so ovaj epilog povece mu nanese steta na sindikalnoto dvizenje otkolku korist. Inaku Ministerot Stojanoski na edna aktivistka od UMS na DPMN-e diplomirana maltene od vcera na Pedagoska ,so eden zbor i rekol od 1-vi si narabota . Kakvi konkursi kakvi, kakvi proseci na uspeh , kakvi bakraci. Vazno da si aktiven clen na DPMNE i ako treba bidi i nepismen. rabotnotoi mesto ti e zagarantirano. Napred Makedonijoi vo prerodbi.!!!
Од: odII
Датум: 05.12.2008 09:54:37
Erole, Makedoncite si znaat i ti tesko ke gi ubedis.Celta na tvoite napisi e rusenje na vladata, pri sto kako sto velis posakuvas cel eden lanec na strajkovi vo site segmenti od opstestvoto, se so cel ,,ovie" da gi srusime za da dojdat ,,onie" ,pa bil opravdan strajkot ili ne - toa nee voopsto vazno.
Од: petar
Датум: 05.12.2008 10:03:34
do sega dlaboko im vlegoja vo dzepovite na tie sto malku imaati ne zastanaa tuka sega pocnaa da im vadat i od ustata. ne treba reklama kako da srozis nekogo ednostavno go srozuvas kako vo sekoja demokratija vlasta ima pravo da tepa a narodot ima pravo da molci. tekstot vo potpolno go podrzuvam koj saka neka se luti ali ekonomijata sto ja vodi ovaa vlada na celo so Slaveski, Gosev i Stavrevski ne mu se pisuva dobro na narodot zatoa sto zakonot za rabota se odnesuva na tie sto treba da platat a ne sakaat platite dlaboko ke bidat pod nivoto .kamatite vo svetot se namaluvaat da se zgolemi kupovnata sposobnost a kaj nas ne smee da se sluci toa oti Gosev taka veli. tie znaat kako e da se buricni vo kasata koga mozat tie zosto da im dadat na drugite.
Од: вера
Датум: 05.12.2008 10:51:31
Кога се мажиш ако не прашаш која е фамилијата, тешко тебе. Па така и со власта, сами сме си криви. Во предизборието ништо не знаеме за луѓето, кој се приватно, карактерите нивни, да се прашаат луѓето каде работеле, домаќини ли се, професорите да кажат за нивниот карактер, паметни ли се мудри и сл.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Тендер по тендер, државата без струја
Македонија во ЕУ е дел од агендата на Франција
Денешните погрешни чекори ќе одѕвонуваат во вечноста
Претходен број
Невреме остави без струја делови од Гостивар, Прилеп и од Кавадарци
Зденко
Големиот транспорт стигна во Скопје
Вербатим
Зошто се лути премиерот?
Македонските ракометарки ја совладаа Хрватска
Поништена пресудата за армиското оружје
Американски сон (2)
Угостителите бараат да се повлече целосната забрана за пушење