Број 2855  петок, 05 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Невремето однесе еден живот


Силниот ветер во Прилеп вчера урна лимена покривна конструкција

Седумдесетгодишна старица се удави во поплавите, а едно лице од Дедино се води како исчезнато 

Web Update

20:42 04.12 - Седумдесет годишна старица се удавила во поплавите што го погодија Радовиш како последица од невремето проследено со пороен дожд и силен што ја зафати Македонија.

Уште едно лице од селото Дедино, општина Конче се води како исчезнато, но засега не се знаат причините за неговото исчезнување, додава Центарот за управување со кризи.

Околу 150 работници биле заробени поради поплавите во конфекцискиот комбинат Штипјанка во Радовиш: Тие подоцна се евакуирани. Поради дождот надојдени се сите реки и поплавени се повеќе улици во Радовиш. (Макфакс)

Маја Томиќ

Невреме со силен ветер и дожд кое ја зафати земјава во изминатите два дена, е главна причина што делови од Гостивар, Прилеп и од Кавадарци со околните села, завчера и вчера останаа без струја. Според објаснувањето на портпаролот на МЕПСО, Никола Стојанов, причина што граѓаните останаа без електрично напојување во домовите е едноставно виша сила. Поради удар на гром во далноводот Кичево - Гостивар се скинало далноводното јаже и се прекинала една фаза во напојот.

„Во овој случај не станува збор за дотраеност на далноводот. Тој е нов, од 2001 година. Невремето направи прекин во напојувањето“, вели Стојанов, кој објаснува дека струја во Гостивар повторно имало по осумчасовен прекин.

Од истите причини, удар на гром, вчера имало едночасовен прекин на струја и во делови на Кавадарци, но дефектот на далноводот бил саниран за кусо време. Росоман и околните села, како и репетиторскиот пункт Љубаш, останале еден час без струја. Жителите на Росоман реагирале на постојаните прекини на струја кои ги оштетуваат електричните апарати.

Силниот ветер во Прилеп, кој вчера урна лимена покривна конструкција на зграда, без снабдување со електрична енергија оставил делови од градот и некои села во Прилепско. Поради дефекти во далноводите, некои делови од Прилеп, но и целиот Мариовски регион немаа електрично напојување.

Стручни екипи цел ден работеле на отстранување на дефектите кои биле предизвикани на 10- киловолтниот и 35- киловолтниот далновод. Од 10 часот вчера изутрина Мариово останало без електрична енергија. Инаку, во Прилеп не биле предизвикани големи оштетувања на електромрежата.

Во „ЕВН Македонија“ велат дека поради силното невреме биле паднати жици на далновод, но дека се' брзо се санирало и струјата била пуштена. Од дистрибутерот дополнуваат дека во западниот дел од земјава во текот на вчерашниот ден имало повеќе мали дефекти во мрежата кои биле санирани, а повторно причината за тоа било невремето.


МЕПСО и ЕВН навреме ги санирале дефектите

Покрај Гостивар, завчера без струја беа и селата од Горнополошкиот регион, Осломеј и Вруток. Гостиварци биле револтирани што останале многу часови без струја, а најлошо поминале оние чии домови се греат со електрична енергија. Многу фирми се пожалиле дека претрпеле штети поради неработењето. Рестораните, кафулињата, продавниците, чајџилниците, биле осветлени со свеќи. Посетеноста била минимална, а сопствениците се жалеле на намалениот промет.

Пред десетина дена и Тетово остана 17 часа без струја. Имаше и поголем прекин на струја и во Кочани каде што здравствениот дом два дена остана без напојување. Причина за тоа беше дефект на трафостаницата, за чие одржување е задолжена „ЕВН Македонија“. По отстранувањето на дефектите, како од МЕПСО, така и од „ЕВН Македонија“, состојбата со високонапонската дистрибутивна мрежа повторно била стабилна.

Причина за испадот во Тетовско беше дотраената опрема на двата најстари високонапонски далноводи. Далноводот Вруток-Тетово е стар 50 години. Иако МЕПСО има средства да го обнови, тоа не може да го стори поради непристапноста на теренот каде што е поставен. Имено, локалното население не им дозволува на екипите на МЕПСО да влезат во нивите и да интервенираат, а надлежните од општината се' уште не издаваат извршни решенија за да може компанијата да ја заврши оваа обврска.

Со реконструкцијата на далноводите Полог-Тетово и Тетово 1- Скопје 1 трајно ќе се реши проблемот со напојувањето со електрична енергија во Тетово и Гостивар. За негова обнова, како што рекоа во МЕПСО, веќе се обезбедени три милиони евра.

(Во подготовката на текстот учествуваа и дописници на „Утрински весник“)


Статијата е прочитана 1075 пати.

Испрати коментар

Од: Saso
Датум: 05.12.2008 09:05:23
Edna izjava da ne e smesna bi bila zalna - "go skrativme vremetraenjeto na defektite za ne znam kolku posto". Sega struja namesto po 38 nema po 27 casa....Posledicite od vakvi nevreminja se isklucok.
Од: Radovis
Датум: 05.12.2008 10:50:22
Socuvstvo za semejstvoto na zenata koja zagina. Bravo za utrinski, koj navremeno informira. Vo radovis navistina e zalno da se gledaat lugeto koi imaat steta od iljadnici evra. Posebno firmite od industriskata zona na koi site masini i oprema im gi odnese rekata. Gradot e vo haos.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Тендер по тендер, државата без струја
Македонија во ЕУ е дел од агендата на Франција
Денешните погрешни чекори ќе одѕвонуваат во вечноста
Претходен број
Зденко
Големиот транспорт стигна во Скопје
Вербатим
Зошто се лути премиерот?
Македонските ракометарки ја совладаа Хрватска
Премиерот ги победи учителите
Поништена пресудата за армиското оружје
Американски сон (2)
Угостителите бараат да се повлече целосната забрана за пушење