Број 2855  петок, 05 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Угостителите против целосната забрана за пушење

Поради целосната забрана на пушењето, која строго се контролира, гостите ги заобиколуваат кафеаните

Александрија Стевковска

Угостителите го кренаа својот глас против воведувањето на целосната забрана за пушење, барајќи одредбите од законот што се однесуваат на овие објекти да се ревидираат и да им се обезбеди натамошно работење со поделба на просторот на пушачки и непушачки. Според нив, поради целосната забрана на пушењето, која построго се контролира деновиве, гостите ги заобиколуваат. Тие најавуваат дека доколку продолжи примената на апсолутната забрана за пушење во објектите каде што се служи и храна, тие ќе се затворат за брзо време.

„Угостителите не се согласуваат со овој закон и бараме состанок со одговорните за донесувањето на ваков закон. Ваков закон и негова примена пресечена како со секира не може да му одговараат никому. Ние сме голема група објекти и луѓе кои заработуваме, плаќаме давачки кон државата, вработуваме луѓе, што значи дека голем дел од буџетот се полни со пари од нас. Со овој закон сме доведени во ситуација да работиме со 60 отсто помалку капацитет“, изјави претставникот на угостителите, Марко Силјановиќ на нивниот вчерашен состанок.

Според него, забраната за пушење ќе се одрази и врз работењето, но и на вработувањата, отпуштањата.

„Деновиве бевме во ситуација да не дозволуваме да има пепелници на маса, а уште помалку да дозволиме некој да запали цигара и видовме какво е расположението кај граѓаните. Тие ги напуштаат кафеаните, а според некои податоци, од 80 до 90 отсто од граѓаните во земјава се пушачи. Често станува збор за луѓе кои се од повисоко ниво, не се уличари, а ние ги тераме да стојат надвор на дожд и да пушат“, објаснува Силјановиќ.

Според него, ние сме далеку од Европа во делот на пресликување на европските закони.

„Како народ, имаме поинаков менталитет. Европејците имаат друг вид угостителство. Тие доаѓаат во ресторан, јадат и одат, а нашите луѓе сакаат да седнат да уживаат во кафеаната, која е наша традиционална љубов. Не можеме да спроведуваме закони како да сме Швеѓани или Данци“, додава Силјановиќ.

Според угостителите, тие дури сега реагираат на законот, бидејќи ниту надлежните не го познаваат законот.

„Секо�� инспектор ни дава различни информации. Наводно, ќе почнела примената за целосна забрана во 2010 година, а дотогаш ќе има поделба на просторот. Па некој ни дава информација дека ќе биде само за кафе-барови, па само за дискотеки, па нема да биде така. Дури сега ни е кажано дека законските измени се стапени во сила од 1 декември“, обвинуваат угостителите.

Според нив, в ред е заштитата на човечките права на непушачите, но и пушачите имаат свои права.

„Постојано се пласираат различни информации. На пример, беше кажано дека во дискотеките може да се пуши, а ние имаме информација дека во саботата бил затворен ’Хард-рок‘ по таа основа. Тие што учеле за тоа не знаат да ни ги протолкуваат законските измени, а ние треба да ги знаеме и да ги почитуваме. Тоа е нечуено“, велат угостителите.

Според нив, во октомвриските измени на Законот за пушење се вели дека во кафеани и пивници пушењето е дозволено до 1 јануари 2010 година. Имено, според законските измени на забраната за пушење од 19 август оваа година, во членот 2, алинеја 7 се додава нова алинеја што ги опфаќа кафеаните, кафетериите, ноќните барови, дискотеките и пивниците и во истите измени стои дека примената на забраната за пушење во овие објекти ќе почне да се применува од 1 јануари 2010 година.

Според Пазарната инспекција, во Законот за угостителска дејност не постои класификација на кафеани и пивници, па во сите објекти каде што се приготвува и послужува храна пушењето е забрането во целиот локал.

До јануари 2010 година, пушењето ќе биде делумно дозволено во кафетерии, ноќни барови, кафе-барови, кабареа, дискоклубови, каде што согласно со Законот за угостителска дејност треба да се обезбеди посебен простор за пушачи, кој ќе биде и соодветно означен.


Статијата е прочитана 1043 пати.

Испрати коментар

Од: Jan
Датум: 05.12.2008 00:16:06
Да се поднесе до врховен суд преиспитување на законот со кој се газат човековите права и слободи.И пушачите се луѓе,а не стока.Кога се штитат правата на едните,несмеат да се газат правата на другите.
Од: Никола
Датум: 05.12.2008 00:26:19
Нема врска дали имаме или немаме шведски или дански менталитет. Менталитетот се создава и менува најмногу со закони, затоа го поддржувам овој закон. Па, ако се продолжи вака, за неколку децении ќе имаме скандинавски менталитет.
Од: mahi
Датум: 05.12.2008 00:27:31
jas zivim u danska vo site restorani kafici e zabrano pusenje sve okej je,ama imat i usllovi za zivot dobra pllata i sve,kako moze na primer kaj nas pllata 200 euro,plus cenite isto kao vo danska,kaj nas se zivi so europski standardi a pllata 200 euro,pa ne e mozno taka,naprimer jedan den ce gi zatvorat i restoranite kaj ce zemat rabotnicite da jadat,da ranat familija,sve e pogresno ova kaj nas dajmu na site dobra pllata pa site ce imat respekt za zakonot,kao sto e vo danska
Од: stole
Датум: 05.12.2008 00:39:44
ovoj zakon e vo red se raboti za zdravjeto na site,site znaeme deka cadot od cigarite e isto steten i za pusacot i za nepusacot i zasto nepusacite da go vdisuvaat toj cad i da im se narusuva zdravjeto poradi nekoj sto saka da pusi neka pusi nadvor sam neka si go zagrozuva zdravjeto.za kakvi prava kazuva Jan po mene sekoj ima pravo da si go zastiti zdravjeto i toa pravo nikoj nema pravo da mu go narusi niti zagrozi.toj sto saka da si go unistuva zdravjeto so nikotin toa neka go pravi sto podaleku od nepusacite.dobar e zakonot eden od retkite koi gi donesuva ovaa "vlada"
Од: ana
Датум: 05.12.2008 00:40:10
zamislete kako izgledaat sudiite pusaci koga stojat pred sudot i pusat cigara, a pokraj niv pominuvaat stranki i im se smeat. vo javnite institucii mora da postojat posebni prostorii za pusenje za da ne se izlozuvaat vrabotenite koi pusat na javen potsmev. Gospodo od vladata vo moe vreme ( a postara sum od site tamu osven od g-dinot manevski) na ulica bese nekulturno da se zapali cigara.dali bontonot vo meduvreme se smenil?
Од: oliver
Датум: 05.12.2008 01:02:55
zakonot e odlicen i pojke od toa a okolu covekovite prava mislam deka e smesno da se komentira nie so ne pusime nemame covekvi prava ??? vladata treba da donesi zakon da prestanat cigarite da se prodavat vo super market nebare se bonboni za mali deca ......
Од: marko
Датум: 05.12.2008 01:11:31
Jas sum strastven pusac no i pokraj toa go cenam i podrzuvanjeto na ovooj zakon,a g-dinot Siljanovski neka proseta malce po evropa ili sad pa da vidi deka i na minus deset pusat nadvor ako im se pusi pa se vrakaat vo kafana da prodolzat so uzivanje i koga ke se vratis doma oblekata ne ti smrdi na tutun.
Од: Валтер
Датум: 05.12.2008 01:15:47
Абе ова угостителиве за пара се ќе направат.Па еден се правда како „видни личности“морало да пушат надвор од неговиот локал.Како еднаш не свативтеПУШЕЊЕТО НИ СМЕТА и аман со тоа,нема веќе дали може да запалам-НЕ МОЖЕ. Подобар закон не можеше да се донесе за нас непушачите.И за какви човекови права бе се зборува,за некој што со пушење сака да ме труе. Досега беше-довде ќе се пуши,одовде не,а станува збор за иста просторија.И да ви кажам кога ве гледам како скотови пушите надвор,абе срцево ми се полни.Полека, полека сами ќе се откажете од пушење-цигари се разбира
Од: USA
Датум: 05.12.2008 01:18:31
Jas isto taka se slozuvam so zakonot za nepusenje.Atpj sto saka da odi vo kafeana,restorant ili sl. povtorno ke odi.A navikata i mentalitetot na lugjeto poleka ke se smeni kako sto nalagaat zakonite.
Од: klejtos
Датум: 05.12.2008 01:29:04
Не ми се допага овој закон.Поготово за кафаните стварно не е во ред.Се знае кафаната е за опуштање
Од: Maja
Датум: 05.12.2008 01:43:46
Zakonot e super, vo site sredeni opstestva ima takvi zakoni, toa sto kaj nas navikite se tolku primitivni e druga tema. Vo Australija ne samo sto ne moze da se pusi vo zatvoreni prostorii tuku vo nekoi reoni pocnuvaat da zabranuvaat i pusenje na otvoren prostor. Na nisto ne lici ova kaj nas site kako cadeno meso se od stari do mladi. Se smrdi na cigari, za greota. Pa uste se bunat, treba veke da se svestat. Zost da se trujat i tie sto ne se pusaci. Zakonot e odlicen, samo da uspeat da go sprovedat, da funkcionira.
Од: St.Patrik
Датум: 05.12.2008 01:51:20
Dali e prijatna situacija, koga nekoj jade vo restoran, od sosednata masa chadot od cigarite da mu udira vo nos?!? Toa za mene kako pusac e nerazbirlivo, a tek na nekoj sto ne puse, mozam da pretpostavam kako mu e. Na koj mu se pali cigara posle jadenje, marsh nadvor, ispushi i vrati se. Go podrzuvam ovaj zakon i ne se cuvstvuvam diskriminiran
Од: neso
Датум: 05.12.2008 01:57:58
Samo edna rabota mi fali vo seto ova. Posto so zakon na site kafani veke pisuva vlez za pusaci strogo zabranet, barem edna vo gradov pa i podaleku so EU filtri protiv zagaduvanje i so golemi bukvi: Vlez za nepushaci strogo zabranet. Bre sto pari ke se namlati i sto zabavi ke prai....
Од: Италија
Датум: 05.12.2008 01:58:55
Доколку не се почитува законот џабе е се!!! Но во секој случај потребно е барен на петина од локалите во МК, да се остави помал одделен дел за пушачите ! Па со тек на време се повеќе и повеќе кафичи/кафани/дискотеки..... да оставаат посебен изолиран дел за пушачи.
Од: kanada
Датум: 05.12.2008 02:15:44
sto se sluci vo toronto? mislam deka bese za nova godina i toa tocno na 31 dek.2003 ili 2004.rekoa od togas nema cigari vo kafici,restorani i site javni objekti i tocka, inspekcii pocnaa minuta posle dadeniot rok.prvi i mislam edinstveni ripnaa kafangiite i restorangiite. kako rabotata im padnala ,kako nemalo luge vise i to... nekoj pameten sto go napravil cel plan im dal do znanie:cekajte mesec ili dva i site vasi klienti,musterii ce se vratat nazat zasto nema da im se isplati da idat vo amerika na 150 km. od toronto za da pijat i jadat i pusat vo isto vreme.i im kazal deka kolku gubat kafangiite tolku gubi i drzavata.samo dale do znaenje deka ova segde mora da se prifati,abe segde. za 15 dena se bese kako porano samo bez pusenje vnatre... togas paklo cigari bese 6.50$cad. deneska se mislam 11-12 $cad...znaci i pokraj zabranata oni gi kacuvaa taxsite na cigarite. eden pacient so problemi od pusenje gi kosta okolu 400.000$... GLUPI KANAG
Од: nekoj od Germanija
Датум: 05.12.2008 03:02:03
Jas go podrzuvam ovoj zakon i krajno vreme bese da se donese,jas sum strasven pusac ziveam vo Germ. kade sto ovoj zakon e stapen na sila od 01.01.2009god. so ogled na toa sto ima dozvola za pusenje vo ugostitelskite objekti, samo tie objekti koj imaat posebni prostori totalno odvoeni od nepusacite i so posebni ventilaci, a ne kako kaj nas vo nasata makedonija pusacite odvoeni od ne pusacite so paravance od ratan.
Од: silvester
Датум: 05.12.2008 03:02:30
Odlicno, vo Avstralija e taka veke 8 godini. Alternativa edinstveno ugostitelite najdoa vo dogradba na basti, kako gradini pokraj objektot. I taka nikoj ne e umrel od noviot zakon, no ke umre ako ne se pocituva zakonot. Medicinski e dokazano deka pasivnoto pusenje e isto taka mnogu opasno za zdravjeto. Na sekoe moe dovagjanje vo Makedonija se gusam vo dim od otrovi prakticno vo sekoja odaja, soba, kafe, kafana, kancelarija...sekade. Dajte sansa da go sogledate ubavoto.
Од: Boban
Датум: 05.12.2008 03:57:19
Kako sto nepusacite imaat svoi prava treba da se pocituvaat i pravata na nas pusacite ...pa dali sme nie gragjani od vtor red ...Go cenam toa deka nekoj sto e nepusac ne saka da vdisuva dim od cigari...megjutoa i pusenjeto i zdravjeto e moj sopstven izbor ,....znaci deka nikoj nema pravo da mi zabrani da pusam ....pa zatoa postoi nacin i toa da se regulira .Vladata moze da donese zakon na pr. sekoj onoj sopstvenik na restoran ili kafeana koj saka vo negoviot objekt da se pusi ke mora da istakne na vlezot na objektot na vidno mesto deka objektot e namenet za Pusaci...e togas i nepusacite ke imaat izbor ,ako sakaat neka vlezat a ako ne neka odat tamu kade sto ne se pusi...Moze na pr. i takvite objekti da se opteretat so dopolnitelen namet a ne vaka da se diskriminira edna kategorija na lugje ....\ Stetno e i da se jade premnogu mrsno...pa dali vladata vo idnina ke ni odreduva sto i kako ke jademe ...so kogo ke spieme i so kogo ke imame odnosi???Smesno i zalno e ova.....
Од: vladimir
Датум: 05.12.2008 05:19:36
hahaha crknete pusaci trujete se po doma sami ! fala bogu nema da mi smrdi garderobata i kosata na cigari ! ma bi gi ukinal skroz toa smrdlivite cigarista!
Од: do Stole i do site kako nego
Датум: 05.12.2008 05:19:42
Sto se zanesuvas bre Stole, treskas gluposti pusenjeto bilo stetno!!! Da stetno e, a dali zivees vo Makedonija pa da izlezes pred vrata i da visdis sto gubrista imas okolu sebe pa da svatis deka toa e uste postetno od cigarata sto ja pusam pred tebe, toa ne ti smeta neli??? Ajde bre ne se zanesuvajte ne glumite Amerikanci!!! Mi spomnuvate Amerika Evropa, epa dajte mi Americka plata pa togas nosete mi vakov zakon. Ako sakaat da ne pusam PRVO neka gi zatvorat site fabriki za cigari pa togas i ne ke imam od kade da kupuvam, a ne fabriki da ima drzavata da pravi kar a mene da me maltretiraat. Potpolno se slozuvam i VO CELOST GI PODRZUVAM kafandziite. Ne moze covek na raat edno kafe da sedne da se napie. Zosto obratno ne se donese zakon TIE sto ne pusat SIKTER NADVOR OD KAFEANITE pa nikoj nema da im smeta.
Од: selanec od New York
Датум: 05.12.2008 05:45:20
Bas mi e milo sto sme gi resile site drugi ekonomski problemi pa sega se zafadjame za onie pravi, objektivni ,problemi koi se dokaz deka sme razviena drzava...a toa sto pusacite znaat deka zivotot ima svoi granici pa mozebi i e absurdno da se zivee 20 godini povece(prosek sprema nekoi statistiki imedju pusacite i ne pusacite) vo ova nasa idilna sredina.. Seto ova e dosta smesno vo ovie ne sigurni vremenija..zaminav da ispusam edna..
Од: Mitre
Датум: 05.12.2008 06:17:03
Do Jan Ti izgleda ne si izlegol od Makedonija?? Od takvi prosti ludje nema napredok!! Ne samo kade sto se sluzi hrana tuku sekade kade sto e zatvoren prostor, vo kola koga ima mali deca itn...Toa go ima vo cel svet...Ne tresi gluposti...Zabraneto pusenje i sto povisoki kazni! Pozdrav do site od Singapur
Од: Meto
Датум: 05.12.2008 07:04:42
E stvarno bea smesni, gi vidov na nekolku "Vesti:. Demek prava na pusaci, ova, ona, a okolu sebe trujat se pa i svoite deca. Neviden sram bea na televizija, pa uste lupetaat za dzvakanje tutun, Dzon vejn, Klint Istvud ... hihihihi... Zakonot e ODLICEN i so toa se pocituva moeto pravo DA NEBIDAM TRUEN. Pozdrav
Од: citatelka
Датум: 05.12.2008 08:42:43
Odlicen potez. Vreme bese SERIOZNO da se zabrani pusenjeto. A ugostitelite ke si izvadat letnite bavci kako vo letniot period, ke si kupat kebenca od IKEA i ke si cekaat gosti pusaci nadvor. Cel zapad taka funkcionira. Jas uste i duplo zdravstveno osiguranje bi vovela za pusacite. Za niv sekoja zdravstvena usluga duplo da kosta. Aj sto se trujat samite, ama nitu eden nepusac ne e dolzen nivniot dim da go disi. Licno sum pusac, mozebi ne strastven...ama...sekoja cest ako dosledno se spoveduva zakonot.
Од: redoven citatec
Датум: 05.12.2008 08:44:18
Ovoj zakon trebase da funkcionira i pred 100 godini be luge,sto se bunite vie pusaci. Vo toj objekt sto ne moze da rabotatat bez luge pusaci neka dogradat plus del za pusacite. Edno e sigurno i tacno pusenjeto im smeta na nepusacite , i toa e konstatirano deka stetno za zdravjeto sto e prv prioritet na covekot. Jasum ne pusac , a toj sto e pusac neka razmisli on kako da se snajde , mene da ne mi steti na zdravjeto. Ovoj zakon se sproveduva na cel svet -kade vise kade pomalku, a pusacite da ne solat pamet kako treba zakonat da bide . Na kraj pusenjeto e LUKS pa cenite treba kaj nas da bide EVROPSKI STANDARD , a lebot da bide za ova kategorija sto e Makedonija.
Од: ani
Датум: 05.12.2008 08:44:22
Каква глупост!!! Кои Европски норми и закони? И Шпанија и Грција се во ЕУ од самото основање па се пуши секаде? Ги решивме ние сиромаштијата и невработеноста, па ни останаа уште пушењето и плукањето по улица. Уште не сум сретнала држава во која казните се 3 пати поголеми од минимална плата, ама за тоа ако убиеш или силуваш, ќе лежиш цели 3 години.
Од: Pero
Датум: 05.12.2008 09:25:22
Да не сакаат државата да им плаќа отштета. Кога зборуваме за човечките права има ли понекултурни луѓе од пушачите. Посебно кога се јаде нешто. Седат наспроти и додека вие јадете ви дуваат чад в лице и се затоа што имале човечки права да пушат.
Од: dejan
Датум: 05.12.2008 09:45:19
fakt e deka nazad nema od ovoj zakon, dzabe placeme. i jas sum pusac. ostaj germamia danska i svedska...koga istanbul , carstvoto, rajot pusacki se svrte protiv nas,pusacite ... znaci ne ovaa bitka tuku vojnata ja izgubivme. edino primetuvam ponervozni od nas pusacite se samo cistacite na istanbulskiot aerodrom . glasno reagiraat. za ista plata imaat 10 pati poveke posetiteli vo toaletite i 10 pati poveke gjubre b-ki pikavcite ne propagjaat pa gi frlame kaj stigneme. isto ili slicno e vo dubai. a jas se ljutev na amerikanskite aerodromi...eve, dojde segde. zatoa pusacko bratstvo vi se obrakam vas: morame vo partizani,nemame sansa veke vo frontalna borba. i sega , za kraj, moeto predavstvo na bratstvoto i kauzata: da se zabrani pusenje vo sekakva zatvorena prostorija , da , i doma. prostete bratstvo moe pusacko. sega od maka za predavstvovo ke zapalam edna (vo zatvorena prostorija). "PREDAVSTVO ILI SMRT"...jas odbrav...
Од: Chainsaw
Датум: 05.12.2008 09:51:11
Ako mozea vo Britanija za sprovedat zakon kaj shto kompletno se zabrani pushenje vo Pubovi, togash mozeme i nie da "izdrzime" zabrana za pushenje vo kafani. BTW pushachite se pushachi po nivna volja, a pushenjeto kako prvo vo pogolem broj od sluchaite pretstavuva ZAVISNOST koja ne pretstavuva osnovna potreba. Na nepushachite osnovna bioloshka potreba e da mozat da Dishat, dragi cigaretlii. Da ova e diskriminacija kon pushachite koja doagja posle decenii otvorena diskriminacija na nepushachite. Poradi nivnata ZAVISNOST , zadovolstvo ili kako sakate narechete ja, site drugi okolu niv treba da stradaat i da ja ignoriraat nivnata osnovna potreba, da dishat chist vozduh. Zatoa ovoj zakon ima smisla, i treba da go podrzime. E sega filingot ne bil ist ako pushish nadvor? Vo toj sluchaj, dodeka pushite nadvor, mislete kolku pari ke zashtedite na prashok za perenje. Pozdrav
Од: Сингапурќанин
Датум: 05.12.2008 09:53:29
Луѓе законот си е супер но кој ќе го спроведува? Пред некој месец влегувам во кабина 2 во полициската станица Беко во Скопје за да се сликам за лична карта и сите тројца службеници што беа внатре со цигара во уста. Освен тоа селска - турбо фолк музика на компјутерот до даска, простотија невидена исто како и овие тука Јан и Бобан...
Од: Охриганка
Датум: 05.12.2008 10:12:12
Не жалете многу што не се пуши во кафана кој има пари да оди во кафана има пари и казна да плати! А што се пуши во болниците? Идоктори и сестри и чистачки па дури и пациенти! Хаос е и во општините и во судот!Во секоја канцеларија се пуши кој ке влезе на судија во канцеларија да провери дали пуши или не! Рибата смрди од главата ние обичните луге ке пушиме надвор нема проблем ама големците кој да ги исконтролира? На вести синока покажаа состанок од 15 луге во општина и сите со цигара во уста, нив инспекцијата не ги гледа?Како и секој закон и овој кратко ке трае со плукањето завршивме пак кој сака си плука на улица па така и за ова!
Од: petar
Датум: 05.12.2008 10:21:27
Jas sum ne pusac ali koga inspekcijata ke go kazni puacot i toj na sud ke reci deka ne pusel tuku trgal dzoing oti toa spred novite zakoni e pomalku stetno. Apsurd ako nesto sakas da zabranis ke go seces vo koren a ne od kade se sobiraat pogolem del od budzetskite pari. Zarem ne se iskoreni afionot pamukot susamot pa iskorenetego i tutunot. Vo svetot zarem nema ogromni prostranstva so tutun i trevki koi se OPIJATI sega na evropa i smeta pusenjeto ostavetego narodot da se odluci dali ke pusi ili ne dali go prasa nekoj narodot od kade mu se parite za cigari nikoj dosega ne im rekol evevi pari za cigari sami se snaogaat ostavetego narodot da si umri dostoinstveno ako si dozvoli sam da se truja vie koi gi sakate nivnite pari ke gi zemete na ovoj ili onoj nacin a nikako nema da im pomognete a ne narocito so zakonite za nepusenje.
Од: Saso
Датум: 05.12.2008 10:43:34
Go podrzuvam ovoj zakon so celata negova "brutalnost sprema pusacite". Sum bil i vo drugi drzavi kade postojat veke 2-3 Godini vakov zakon. Vo Anglija toj funktionira mnogu dobro, jadi i pij vnatre, pusi nadvir pred vrata, pa pak vlezi si. Site tie sto se zalat za mali plati, se tie sto sedat vo kafani i izigravaat gazdi.naravno deka nesaka da izleguva pred vrata za da ispusi cigara. Ako pusat polmalku, ke imaat pojke pari od malite plati i decata ke im jadat pokvalitetni jadenja nego da go disat cadot. Za nasa kultura samo vakvi radikalni zakoni, ako saka da se stigne do kultura sto ja ima na zapad. Ne se kazalo za dgabe "sto juznije to tuznije"
Од: поранешен пушач
Датум: 05.12.2008 10:47:05
Треба да има посебни кафани за пушачи и посебни за непушачи.Па повелете- кој сака да се труе нека оди таму ем нема да му пречи на непушачите ем ќе си го направи ќефот и нема да се чувствува дискриминиран бидејќи тоа ќе биде негов избор.
Од: nekoj
Датум: 05.12.2008 10:54:40
Ma kakov e ovoj zakon dali znaat sto pravat ovie vlasti. cigarite gi zabranuvaat. ne velam da ne ima zakon za zabrana na sekade da se pusi, ama celosna zabrana ma daj cisti gluposti. mesto da se pogrizat na narodot da im obezbedat rabota i pogolema plata oni se fatile za cigarite. ee makedonijo do koga vaka so vakvi politicari

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Тендер по тендер, државата без струја
Македонија во ЕУ е дел од агендата на Франција
Денешните погрешни чекори ќе одѕвонуваат во вечноста
Претходен број
Невреме остави без струја делови од Гостивар, Прилеп и од Кавадарци
Зденко
Големиот транспорт стигна во Скопје
Вербатим
Зошто се лути премиерот?
Македонските ракометарки ја совладаа Хрватска
Премиерот ги победи учителите
Поништена пресудата за армиското оружје
Американски сон (2)