Број 2855  петок, 05 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

ИНТЕРВЈУ

Денешните погрешни чекори ќе одѕвонуваат во вечноста

 

Александар Поповски, режисер  

Лилјана Митевска

Иако последната претстава во Македонија ја работеше пред повеќе од три години, можеби парадоксално, но Александар Поповски е еден од најзаслужните за триумфот на македонската култура во регионот. По огромниот успех што го доживеа на сцената на еден од најголемите театри на просторите на поранешна Југославија, Југословенско драмско позориште од Белград, со премиерата на „Кандид или оптимизам“, и наградите освоени во Хрватска и во Србија за „Сон на летната ноќ“ која ја постави за „Гавела“ од Загреб, Александар Поповски веќе работи на најпознатата Шекспирова класика, „Хамлет“ во Австрија. За својот ангажман во овој проект, чиј носител е Академијата за театар и музика од Грац, тој вели: „Како и истакнатиот деец Брус Ли - кој на пуст остров вежба, и јас некаде далеку во бившото Австроунгарско Царство, во малото и живописно гратче Грац, вежбам како еден ден ќе го режирам ’Хамлет’ во Македонија. Пробувам сцена, поставувам стапици, откривам заткулисни игри и се мислим дали Офелија навистина ме сака. Да бидам патетичен до крај, го работам овде ’Хамлет’ замислувајќи ги сцените со актери од Македонија и со надеж дека еден ден, таму некаде напролет, во една нова сала, еден глумец ќе изговори нешто како: Да се биде или не, прашањето е сега…“



Дилемите, но и пресметката со властодршците, на некој начин тематски коинцидираат и со Вашиот претходен проект „Кандид или оптимизам“ од Волтер, кој го работевте за ЈДП од Белград. Оваа приказна за оптимистот зад чија наводна наивност се крие интелектуалниот револт и пресметка со сите сегменти на гнилиот општествен поредок, во многу нешта асоцира на транзиционата стварност кога надежта и некогашниот оптимизам се' повеќе попуштаат пред налетот на суровата реалност. Каква идејна пресметка со општествената стварност или поредок донесе Вашата поставка на „Кандид или оптимизам“?

Секој мора да ја обработува својата градина. Тоа е реченицата со која Волтер и Кандид ја завршуваат приказната. Опшествената стварност мора да ја оставиме зад себе. Ние сме вовлечени во една општа слика, општо место. Во претставата длабоко се залагам за индивидуалност до болка. Мислам дека не отепа простата поделба на гркомани и бугарофили, комуњари и фашисти. Одамна не сум чул за некого да кажат дека е професор, научник, шофер, библиотекар, доктор, адвокат, режисер.

Кандид е борба за подобар свет кој не е создаден од униформирана слика во која само статираме. Кандид е немир и страст.

Некаде во Ел Дорадо Кандид ќе го сретне мудриот старец кој ќе му предложи за секогаш да остане во ветената земја Ел Дорадо и да го најде сопствениот мир. На тоа Кандид вели, мир значи помирување со работите. Јас никогаш нема да се сложам дека нешто е такво кога би можело да биде подобро. Кандид не е будала, Кандид е некаде во секој од нас по малку, само зависи колку ќе му дадеме место во нашиот живот.



Во овој контекст, последниов период некои театарски творци упатија гласни критики дека македонското политички екстремно биполарно општество, иако досега требаше да ги надмине детските транзициони болести, се' уште редовно се пресметува со „опозитните“ структури. Сметале ли дека сте жигосан и зошто?

Ја знаете теоријата, дека без секој се може. Така на Дарко Панчев му пееја кога си отиде од Вардар: „Иди Даре кој те ебе, може Вардар и без тебе!“ Ама испадна дека не можело и Вардар отиде во втора лига. Секое време си има свој херој. Тие што не ми даваат да работам се обидуваат да ги одвојат времето и херојот.

Македонското општество е бисексуално, не е биполарно, ама ме мрзи ова да го елаборирам. Сметам дека сум жигосан, ама и тоа ми е малку преку глава да го елаборирам. Затоа што е бесмислено. Светов е убав! Што мајка бараме стално да го правиме неподносливо место за живеење само затоа што некои луѓе не научиле некој друг занает за да заработат за корка леб. Притоа моето одстранување од театарскиот живот во Македонија нема никаква врска со политички реваншизам. Сигурен сум дека Владата не го прави уметничкиот репертоар на театрите во Македонија. Мене од Македонија ме отстранија Сашо Миленковски, Сенко Велинов, Бранко Ѓорчев (и Дејан Лилиќ кој само немо се согласи со егзекуцијата). Страшно е што потоа државата, како заштитник на правата на секој граѓанин не реагира на оваа појава, што може да биде протолкувано како нејзино согласување со постапките на нејзините поданици.

На крајот на краиштата јас сум минлива категорија како и горе наведените. Проблем е што не создаваме средина во која квалитетот ќе работи за земјата. На подолги патеки, ние не оставаме ништо што би можело да фати корен и да му даде било каков смисол на нашето театарско живеење. Не се согласувам со состојбата во македонскиот театар, мислам дека работите се водат во погрешен правец, дека долго ќе ја плаќаме цената на ова квази-политичко владеење од страна на сегашните директори.



Како ги толкувате коментарите за Ваша привилегираност од страна на претходната политичка гарнитура?

Секогаш ќе ми останат во неизбришливо памтење советите од бившата македонска Влада која ги беше донела на секоја владина седница како да го поставам „Дон Жуан“. Така привилегиран и со одлука на претходната политичка гарнитура, за разлика од другите режисери кои на пример останаа без добар совет од Владата, направив претстава која победи на сите фестивали и оствари успех со кој претерано се гордеев.

Море на баба им чинтијаните, на сите што зборуваат така, особено на Сашо Миленковски.



Министерката за култура најави деполитизација во сферата на уметноста. Интересно е што и сите претходни гарнитури декларативно се залагаа за култура без партиски бои, но реалноста вообичаено беше поинаква. Има ли надеж за професионализмот и креативноста како предуслов и мерило за работен ангажман во културата кај нас?

Со сето свое битие ќе ја поддржам министерката во таа нејзина намера. Мислам дека не постои поисправна одлука. Кога тоа би се направило со сите области на нашето живеење и кога би им се дозволило на најдобрите, а не на најпослушните да го прават она што го знаат, кај би ни бил крајот. Мислам дека таа битка на подолго време е загубена. Даденото право на неталентираните може да им биде одземено само со сила, тука разумот е беспомошен. Знаете ли колку ќе им треба на универзитетите да ја повратат сопствената автономија? Погрешните чекори денес ќе одѕвонуваат во вечноста. Некои работи засекогаш ќе бидат загубени. Многу работи мора да бидат сменети за да се создаде простор квалитетот д�� биде првото и неприкосновено мерило.



Се чини дека отсуството од домашната сцена го компензирате со активен ангажман на регионалната сцена, каде што неодамна во Хрватска Вашата претстава „Сон на летната ноќ“ ја освои единствената награда за најдобра претстава на „Гавелини вечери“ и дури пет главни награди на Фестивалот во Ужице, Србија. Што значат ваквите признанија за Вас, можеби токму во овој период?

Огромни признанија за она за што во моментов многу се залагам. Наградите доаѓаат како резултат на нешто што сметам дека може во моментов да биде мотивирачко за театарските луѓе. Начинот на раскажување и работа со глумци донесува една претстава која ми е многу жал што не можам да ја поделам со македонската публика. Во Белград не паметат кога последен пат хрватска претстава и хрватски глумци оставиле толку силен впечаток. Претставата завршува со зборовите на Просперо: „Ние сме создадени од ист материјал од кој се направени соништата и овој наш живот со сон се заокружува“.

Да бидам искрен се' би дал да можам уште еднаш да го развијам македонскиот барјак како што го правев тоа кога патував со „Диво месо“ или со „Маме му ебам“.



Во наредниов период, покрај ангажманот на странските сцени, ќе се посветите и на стартувањето на Театарот кај навигаторот Цветко кој го основавте со Слободан Унковски и Иван Поповски. Покрај тоа што за реномето на еден автор најважен е рејтингот надвор од границите на матичната сцена, сепак, што претставува за Вас работата токму на домашната сцена?

Најважните претстави во мојот живот настанале во Македонија. За мене нема дилема каде е мојот театарски дом. Македонија е извонредна театарска средина. Знам дека таа слика не соодветствува со сегашната состојба. Театарот на навигаторот Цветко ќе даде свој мал придонес во промената на сегашната состојба. Навигаторот Цветко да ти бил еден јунак кој многу да ти ја љубел Бела Неда. Тој долго отсуствувал од родниот крај во кој водата од чешмата ја беа загадиле клетите Турци. Еден ден, додека Бела Неда полнела вода на чешмата и к’лнела душманите, се појавил Навигаторот Цветко. Таа го беше познала по нишанот на левата рака. Тој ја беше ослободил и водата пак ја беше прочистил.

Еве како една басна на бескрајно мелодраматичен начин ни зборува за нашето минато, но и може да не поучи како да ја разбереме сопствената театарска иднината.


Статијата е прочитана 1664 пати.

Испрати коментар

Од: sandra
Датум: 05.12.2008 00:20:39
generacijo od josip broz gimnazija - se gordeeme so tebe; tie sto gi nabroja moze da ti pluknat pod prozor, bolkata e vo toa deka ne moze da bidat kako tebe. so vmrovsskiot linch na se sto e dobro i kvalitetno covek i da ne e opredelen od maka ke se opredeli. postoi edna trula frustracija i kompleks od lugeto koi se poinakvi, koi se unikantni kako sto e aleksandar popovski. a tvoite nagradi im se najgolema kazna. ne ti treba valorizacija od nepismeni partiski podanici zatoa sto ti si toa to jas go narekuvam nacionalno bogatstvo
Од: avram
Датум: 05.12.2008 01:29:43
se dodeka mediokriteti ne samo vo umetnosta tuku i vo drugi sferi na naseto ziveenje go proteruva kvalitetnoto, tesko deka ke imame napredok. no najtragicnoto e deka tokmu tie sega se na klucni pozicii i ne se znae do koga ke trae ovoj duhove i eticki pad za site nas vo i nadvor od Tatkovinata.
Од: file
Датум: 05.12.2008 01:52:24
Ne be Rezisere, ne te trgna od Makedonija tebe vemero-to. Tebe, Unko, primadonata Vesna Ginovska, primabalerinata Katerina Kiproska, glumcite kako Joana Popovska i mnogu drugi na koi 2,5 godini im zabranija da nastapuvaat se trgnati od 492.000 glasaci. Se znaese sto ke sledi potoa. dpmne ne kriese. Zatoa nema spas.
Од: spase - australias
Датум: 05.12.2008 04:33:58
makedonija e izvor na golemi individualci no fakt e deka nedovolno imame centri ili tela koji zdruzenija ke napravat sve za promocija i priznanija odlicja na najdobrite i nepolitizirani golemi licnosti vo makedonija. Jas so misli sum deka iako sum politicki izvorno simpatizer na patriotska partija koja ni e potrebna da opstojuvanje sepak ne sum imun da ne napravam iscekor pred golemi licnosti kako tebe aledsandar koj samo delata a ne politicki naklonetost gi dostignuvas vrvovite vo svojata bransa. Sekogas neka so tebe bidat misli ne si sam ne si edinstven zigosan do svojite ne ima mnogu toa ni e porocite koji se uste gi nosime no toa ke se smeni veruvaj i vo toa samo so steknat optimizam i so pozitivnsot nikoj vo stvarnost vo ovoj zemski svet ne mozi da ti nasteti a jas sum samo simpatizer patalec koj te razbira potpolno.
Од: ese
Датум: 05.12.2008 04:38:55
inervjuto na pocituvaniot POPOVSKI e lekcija za site generacii.Urok po istorija, geografija, filozofija, etika, kultura, sociologija i zivot. Svedska masa, sekoj spored vozrasta , obrazovanieto, zivotnoto iskustvo i sopstevenata kultura i moral, moze da si izbero sto mu e najdobro, da se pouci i da veruva, i da raboti za idninate na naderenite, talentiranite, vrednite vo nasata zemja i da se podigne nivoto na vrednosniot sisatem vo zemjata za ater na eneraciite sto sega rastat i za idnite pokolenija. Makedonija moze. CESTITKI za REZISEROT I FILOZOFOT NA NASETO VREME.
Од: Marx
Датум: 05.12.2008 05:39:25
Ah da bese samo ti, moj Aco. Cela plejada visoko obrazovani luge ja napustaat Makedonija sekoj den zaradi Ku*vinite Sinovi kako sto gi opeja Joni Stuilc. "Oni dolaze, ja bezim iz grada."
Од: Cvejic Velimir
Датум: 05.12.2008 08:31:59
Probelem e od sitemska priroda: vo vremeto na diktaturata na idelogijata odlucuval poltitcki komesar, vo segasnive uslovi na diktaturata na kapitalot dejcite barat zakrila vo partiite. Soogled deka e vreme koga parite vladeta so ludjeto togas Popovski nema pricina da se pozali. Veli sakam da rabotam vo Makedonija. Nemoj premnogu da sakas, bidejci i Isus sakase da se dokaze vo Erusalim medju Evreiete. Za vasa sreca sepak sme naprednale za ovie dva milenuma, pa kako sami velite:"таму некаде напролет, во една нова сала, еден глумец ќе изговори нешто како: Да се биде или не, прашањето е сега…“ Ne gi spomnuvajte iminjata, bidejci naupatenite ce svatat deka tie eptem ne gi biva,dodeka sami znaete deka Saso Milenovoski e odlicen reziser, kako sto se Velinov i Djorcev odlicni glumci. Vtoro, ne im davajte prigoda na citatleite da go valkat imeto na VMRO samo zato sto zad toa slavno ime stoi poplitickat partija DPME. I sekretarot na KPM Metidija Satorov ja vodese VMRO (ob).
Од: filip
Датум: 05.12.2008 09:12:39
Mojata pocit Aleksandar!!N ezasluzuvaat da se spomenat bezvredni mali vmrovski gestapovcinja!!Ne mozat da ne unistat i da znaat deka sme tuka i deka svedocime na nivnite zlodela!
Од: ane
Датум: 05.12.2008 09:34:37
Esej!!! Edno od najubavite intervjua sto sum gi procitala vo posledno vreme. Vakov razgovor mi dava nadez deka ne e se zagubeno niti koga se zboruva za novinarstvoto, niti pak koga e vo prasanje zanemenosta na makedonskata intelektualna elita
Од: bobi
Датум: 05.12.2008 10:08:09
Vazno e sega da se gledat partiski reziseri .Pozdrav za Popovski ,Unkovski .Najdobri ste....
Од: Volter
Датум: 05.12.2008 10:22:51
Точно така. Погрешните чекори денес ќе одѕвонуваат во вечноста. За безумноста, самоволието, самобендисаноста ...на днешниве „државници“, во друга прилика. Почит и честитки за Твијата работа.
Од: Кумот на Мирко а богами и на Славко
Датум: 05.12.2008 10:44:06
Ке биде пролет, ке биде пролет прилателе, мора да биде пролет. Или ке ја има или и нас ке не нема. Ти се поклонувам на чистата мисла, чистата душа, чистите чорапи и добри дела и намери. Не се јадисуј пријателе, што да каже Нелсон Мандела..... К`цаа к`цаа ехааа.... Пиши утрински.....
Од: ginger
Датум: 05.12.2008 11:02:32
pochit i pozdrav do Alexandar Popovski. zatoa sto kulturno, no i "narodno" znae da ja odvoi politikata od negovoto lichno marginaliziranje. ubavo bi bilo site da naucime deka poedincite so ime i prezime se krivi, a ne politikata ili "kolektivot". posle dolgo vreme mi bese milo da procitam kade ne se plukat politicki garnituri, i vsusnost nikoj ne se pluka, tuku se posocuvat luge, bez da se izgubi idealot i vrednosta sto ocigledno aleksandar si gi nosi i neguva vo sebe.
Од: Столе
Датум: 05.12.2008 12:27:17
За жал изгледа ќе причекаме на пролетта, пријателе кој се потпишува како Кум на Мирко и Славко. Се плашам дека ќе почекаме подолго од Србите за да се разбудиме од нашиот Слобо.
Од: Aтанасија
Датум: 05.12.2008 12:39:21
Попоски ,очигледно,е огорчен од она што се случува на македонската театарска сцена која го отфрла.Ја ,како него ,како Волтер,како Кандит,сакам да го најдеме најдоброто во нас за да можеме да создаваме подобри нешта околу нас. Што се однесува до тоа дека без секого се може,во некои случаи треба да се прифати како точно,но повече мислам дека со секого не се може-тој секој,секаков кога ќе се најде на водечка позиција којзнае каде ќе не одведе.. И уште нешто-вистина е дена Владта не го прави уметничкиот репертоар во тетрите,но вистина е и тоа дека поставува уметнички директори од редот на трубите,на пр.во МОБ,и од редот на кловновите во МНТ. За жал.И тие според својата величина одедуваат кој ке биде на сцената,а кој далеку од нес.
Од: Bojan Trifunovski
Датум: 05.12.2008 13:18:28
Постар колега, твоето интервју длабоко ме загрижува...Што останува за нас ако Вашите политички преокупирани интервјуа се единствените насловни страници во културата...
Од: ilija
Датум: 05.12.2008 13:22:35
Aj ovie drugive nabrojani se dokazani idioti... Me zacudi samo Lilic kakov torko ispadna... Inace ne se sekirajte,se pogolem e brojot na lugjeto koi dobivaat stomacni tegobi od antichkiot glas na seprisutniot Senko... Odlicen tekst.
Од: Трајче
Датум: 05.12.2008 14:30:57
Интервју - на време и на место. Секоја чест.
Од: mene
Датум: 05.12.2008 18:47:33
aco e car, a kulturata ke se depolitizira samo koga ke stane celosno privatna kako vo ostatokot od normalniot svet

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Тендер по тендер, државата без струја
Македонија во ЕУ е дел од агендата на Франција
Претходен број
Невреме остави без струја делови од Гостивар, Прилеп и од Кавадарци
Зденко
Големиот транспорт стигна во Скопје
Вербатим
Зошто се лути премиерот?
Македонските ракометарки ја совладаа Хрватска
Премиерот ги победи учителите
Поништена пресудата за армиското оружје
Американски сон (2)
Угостителите бараат да се повлече целосната забрана за пушење