Смрт од убод од инсект
ТЕТОВО - Педесетгодишната Агиме Фејзулаи од тетовското село Челопек почина од убод од инсект. Додека го метела дворот во својата куќа, во саботата, околу 10 часот, почувствувала болка, а потоа нагло и' се слошило. Домашните ја пренеле во амбуланта, но таа веќе била во несвест. На пат за Клиничката болница во Тетово, Фејзулаи починала. Според СВР - Тетово, смртта настапила како последица на убод од инсект. На тетовската јавност и' е познат случајот со смрт на 29-годишен жител на градот, кој пред две години почина од убод од стршен. Покрај споменатите двајца, последниве 25 години во тетовскиот крај се забележани уште два смртни случаја од убоди од инсекти. (Г.Е.) |