Заскитан куршум завршил во шофершајбна
На раскрсницата од улиците „Иво Лола Рибар“ и „Моша Пијаде“ во Куманово, завчера во 11 часот се случи несекојдневен настан. Имено, додека К.Д.Л.(24) од Куманово го управувала своето возило „опел корса“, од заскитан проектил му се скршило предното ветробранско стакло, по што проектилот завршил во внатрешноста на возилото. (Љ.С.) |