Број 3627  понеделник, 11 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Хроника

Двајца скопјани ограбиле 11 викендички

Полицијата поднесе кривична пријава за А.М.(26) и М.И.(21) од Скопје поради сомнеж дека извршиле 11 тешки кражби во викендички и три кражби од објекти на ЕВН. Од кражбите, кои биле извршени, главно, на подрачјето на Гази Баба, осомничените се стекнале со противправна имотна корист од околу 1.964.500 денари. Од оваа сума, 465.000 денари е штетата што им ја причиниле на физички лица, а повеќе од 1,5 милион денари е штетата што ја претрпела ЕВН. Тешките кражби ги извршиле во временскиот период од ноември 2010 година до јануари 2011 година. Најмногу викендички ограбиле во атарот на селото Идризово, поточно во месноста Солен Вир. Две од трите кражби во ЕВН биле извршени на 10 и на 11 мај оваа година. Кај скопската обиколница, отстраниле и одзеле проводници од 35-киловатен далновод. Третата кражба ја извршиле во атарот на селото Смиљковци, во непосредна близина на езерото, каде што одзеле бакарен кабел во должина од околу 300 метри. (Љ.С.)


#
Статијата е прочитана 852 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Хроника
Мобилна контрола против активните шверцери
Смрт од убод од инсект
Градежник почина од струен удар
Загина дете сечејќи дрва
Заскитан куршум завршил во шофершајбна

"""