Градежник почина од струен удар
Завчера околу 16 часот во кумановското село Романовце, Кумановско, во куќата на С.Н.(36) дошло до несреќен случај во кој животот го загубил Будимир Т.(57) од населбата Карпош. Имено, додека изведувал градежни работи, Будимир Т. држел в раце црево од пумпата преку која се исфрлал бетон. Во моментот кога се допрело до жиците на далновод што поминувал во близина, настанал струен удар од кој Будимир Т. паднал на земја и набргу починал. (Љ.С.) |