Загина дете сечејќи дрва
Во месноста Будулива, во атарот на гостиварското село Пожаране,
во саботата, околу 18,00 часот, се случи несреќна во која животот го загуби 12-годишниот Џемаил А. од селото Врањовце.
Тој ден Џемаил А. заедно со својот татко сечел дрва кога врз него паднало едно стебло. Од здобиените повреди, Џемаил починал на самото место. (Х.Р.)
|