Број 3386  понеделник, 20 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Економија

Еврото ги разочара Европејците

Повеќе од половината Европејци, околу 55 отсто, се разочарани во заедничката валута, покажуваат резултатите од анкета што ја спроведе германскиот фонд Маршал и италијанската организација за испитување на јавното мислење „Компанија ди сан Паоло“.

Негативен став спрема еврото во земјите во еврозоната најчесто покажуваат жителите на Франција (околу 60 отсто), Германија и Шпанија (по 53 отсто) и Португалија (52 отсто), се истакнува во извештајот за резултатите од анкетата под насловот „Трансатлантски тенденции - 2010“. Целосна поддршка на заедничката валута единствено и' даваат жителите на Холандија и на Словачка (52 отсто, односно 64 отсто), пренесува руската агенција Финмаркет.

Расположението надвор од границите на еврозоната, исто така, не е розово - 83 отсто Британци, 53 отсто Полјаци и 42 отсто Бугари се сигурни дека еврото повеќе ќе и' наштети отколку што ќе и' помогне на економијата на нивните земји.

Анкетираните, меѓутоа, не сакаат да се откажат од идејата за заедничка валута, туку, напротив, многумина тврдат дека Европа мора да го зголеми единството и, како што сметаат 57 отсто од кореспондентите, кризата би морала да доведе до поголема консолидација во сите сфери на работењето.

„Еврото е најизразен пример колку кризата ги загрози некои симболи и институцијата на единство на Европа“, нагласи научниот соработник на Германскиот фонд „Маршал“, Брус Стоукс, додавајќи дека на тоа не треба да се дава големо значење и дека тоа не значи Европа оти ќе се откаже од еврото.

Покрај ставот за заедничката валута, интерес на истражувањето е и тоа како населението ги оценува вкупно последиците од кризата во Европа и во САД.

Во целина, 63 отсто од анкетираните Европејци смеат дека членството во ЕУ или потенцијалното приклучување во иднината е позитивно за економијата на нивните земји. Најпозитивен однос спрема европското единство имаат Холанѓаните (75 отсто позитивна оценка), Полјаците (75 проценти), Германците и Португалците (по 69 отсто), Словаците (68 отсто), Шпанците (67 отсто).

Само жителите на Велика Британија и на Бугарија биле воздржани во оцените за последиците од приклучувањето кон Европската унија врз економијата на нивните земји. (Блиц)


#
Статијата е прочитана 1502 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Тетовскиот регион со над 30.000 невработени
Социјални станови и за слепи и за инвалиди
Словенија, Хрватска и Србија во потрага по југопрофит
Берзата со фантастични 180 отсто поголем промет
Државата не дава пари за контрацептиви за жените
"""