19.09.2010, 16:56 Што прават денеска
Јасмина Поповска
актерка
Денеска со колегите од серијата „Од денес за утре“ гледаме неколку епизоди, како дел од подготовката за прес-конференцијата што треба да се одржи во текот на неделава пред почетокот на нејзиното емитување, во почетокот на октомври. Инаку, дома завршувам со реновирањето на станот, па веќе покомотно се чувствувам без работата на мајсторите.
Благоја Грујовски
пејач
Прва обврска во денот ми е да ги довршам фотографиите за албумот на младиот пејач Дејан Добревски. Потоа можам да се препуштам на желбите и дружењето си син ми Марко. Попладне со неколку колеги-пејачи, патуваме за Радовиш, каде што вечерва ќе настапуваме на еден хуманитарен концерт.
Катерина Стојановска - Десковска
ТВ-водителка
Утринава уште рано сум во МТВ и денот го започнувам со утринската програма „Добро утро, Македонијо“. Гости ми се Сузана Гавазова и Зоран Дамјанов и ќе разговараме за неодамна одржаниот фестивал „Филиграни 2010“. По емисијата веќе почнуваат договори за емисијата „Нешто + со Кате“. Попладнето е време за семеен ручек и уживање во домашниот мир. |