19.04.2013, 12:39 Убиен еден од осомничените за бостонските напади
Во драматична акција на полицијата во Бостон, убиен е еден од осомничените за нападот на Бостонскиот маратон. Осомничениот во престрелка со полицијата убил полицаец во кампусот на Иснтитутот за технологија во Масачусетс (МТИ). Вториот осомничен е во бегство.
Осомничениот го загубил животот во болница од здобиените рани при престрелките и експлозиите во предградие на Бостон, јавуваат американски медиуми.
Полицаецот одговорил на повик и кога стигнал на местото на инцидент, во него биле испукани повеќе куршуми. Подоцна во кампусот и во предградието Вотертаун завладеа „воена состојба“. Акцијата следеше откако полицијата објави фотографии од двајца осомничени за нападите за време на маратонот во Бостон.
|