19.04.2013, 14:41 Од денеска почна да се врти вртелешката
Скопјани денеска имаа можност да ја сефтосаат новата содржина на градскиот плоштад. На првиот ден од официјалното отворање на вртелешката возењето беше бесплатно, па дечињата можеа безброј пати да се враќаат и одново да се радуваат и да уживаат вртејќи се на коњчињата и другите фигури на каруселот.
Веќе од утре за секое возење ќе треба да се плати билет. Надлежните одлучиле во април и во мај билетите да бидат со промотивна цена. Според изготвениот ценовник, еден билет чини 30 денари, а за дете со родител 40 денари. По завршување на промотивниот период, поточно од 1 јуни цената на билетите ќе изнесува 45 денари за 1 лице и 60 денари за дете со родител. На вртелешката можат да се возат деца на возраст до 12 години, додека за деца до 5 години ќе биде дозволено придружба од родител.
Каруселот има 21 фигура со вкупно 31 седиште. Од н��в 8 се галопирачки коњчиња, 9 коњчиња кои се нишаат, 2 статични кочии и 2 чајни чашки. Првите три дена каруселот ќе работи од 10 до 22 часот. (С.Р.)
|