Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
19.04.2013, 11:15
Со „Кругови“ стартува „Скопски филмски фестивал“



На премиерата на српскиот филм, кој освои награди во Санденс и во Берлин, ќе пристигне и режисерот Срдан Голубовиќ

Во кино „Милениум“ со српскиот филм „Кругови“ на Срдан Голубовиќ вечерва во 20 часот ќе стартува 16. издание на „Скопскиот филмски фестивал“. Филмот кој досега се закити со четири награди, меѓу кои и на фестивалите во Санденс и во Берлин, и кој беше одлично примен и во Америка и во Европа, македонската публика ќе може да го види вечерва на отворањето на фестивалот и утре во терминот од 18 часот во киното „Рамстор“. На неговата свечена премиера во Скопје се очекува да пристигне режисерот Срдан Голубовиќ, кој важи за еден од најафирмираните автори од поновата генерација на српската кинематографија. Публиката го знае Голубовиќ по неговите претходни два исклучително успешни филма, „Апсолутни сто“ и „Стапица“, со кои освои повеќе награди, а беше селектиран и во потесниот избор за номинација за „Оскар“ во категоријата на странски филм.

Филмот „Кругови“, кој е направен во српско-германско-француско-хрватско-словенечка копродукција, е инспириран од херојското дело на младиот Срѓан Алексиќ од Требиње, кој за време на војната ќе загине обидувајќи се да го одбрани Бошњакот Ален Главовиќ од своите сонародници. Голубовиќ го испитува херојското дело денес, по 12 години, следејќи три паралелни приказни што се одвиваат во Белград, во Требиње и во Германија. Главните ликови во овие приказни, кои биле сведоци на настанот, се мотивирани да донесат одредени одлуки што ќе им ги променат животите. Срдан Голубовиќ овде, всушност, не се занимава со војната, туку со луѓето и со прашањето што се случува кога некој ќе направи такво големо, херојско и добро дело. Дали добрината и хуманоста се враќа како во концентрични кругови, дали таквите дела поттикнуваат уште подобри и похумани дела или не? Сценариото за филмот го потпишуваат: Срѓан Колјевиќ и Мелина Пота Колјевиќ, а главните улоги ги играат: Леон Лучев, Вук Костиќ, Небојша Глоговац, Александар Берчек и други.

„Скопскиот фестивал“, кој ќе трае до 27 април, продолжува од сабота со редовна програма во двете киносали, „Милениум“ и „Рамстор“, во кои е предвидено секојдневно да одат по три проекции во термините од 18, 20 и 22 часот. Така, во „Милениум“ за време на викендот ќе можеме да видиме уште три филма од главната програма, и тоа филмот кој лани го отвори Кан, „Кралството на месечината“ на Вес Андерсон со Брус Вилис, Едвард Нортон и Тилда Свинтон, потоа данскиот „Кралска афера“ на Николај Арсел, кој беше во трка за „Оскар“ за странски филм и францускиот филм на прославениот грчки режисер Коста Гаврас „Капитал“, кој ја имаше својата премиера на неодамна завршениот „Истанбулски фестивал“. В недела од 18 часот ќе ги видиме и четирите кратки македонски филма, а тука е и биографскиот филм „Хана Арент“ на една од најинтересните германски ветеранки, Маргарет фон Трота.

Во „Милениум“ в сабота во 18 часот ќе биде прикажан и документарниот филм „Приказна за Марк Сендмен“ на Роберт Бралвер и Дејвид Ферино, кој се осврнува на животот на познатиот американски пејач и мултиинструменталист.

Во киното „Рамстор“ ќе се прикажат уште два филма од главната програма, „Ветена земја“ на секогаш провокативниот Гас ван Сент („Добриот Вил Хантинг“, „Мојот приватен Ајдахо“, „Слон“) и еден од најсилните дански филмови од минатата година, „Лов“ на Томас Винтерберг, кој на Медс Микелсен му ја донесе „Златната палма“. Додека од програмата „Авторски филм“ в сабота во 22 часот ќе се прикаже и чилеанскиот „Не“ на Пабло Лараин, кој беше кандидат за номинација за „Оскар“, а во кој главната улога ја игра Гаел Гарсија Бернал. Тоа е филм кој ја следи жестоката кампања што треба да го урне воениот диктатор Аугусто Пиноче, а низ архивски снимки во него се појавуваат и Кристофер Рив, Џејн Фонда и Ричард Драјфус.

Билетите за претставите од главната и авторската програма се 100 денари, додека за македонските филмови влезот е бесплатен. (С. У.)

Статијата е прочитана 458 пати.


Испрати коментар



„Хеда Габлер“ и „Дива“се подготвуваат во Битолскиот народен театар
Позитивно лудило на концертот на „Ла Колони Волвокс“
(ФОТО) Изложбата на Хенри Мур собра многу публика
Роман Абрамович доби ќерка со Даша Жукова
„Фиром реквием“ - концерт со нови дела на Александар Пејовски
„Локомотива“ и ЦАЦ добија награди од Швајцарската програма за култура
„Убиј ги децата“ доби Гран-при на „Лица без маски“
Концерт на „Ла Колони Волвокс“ и промоција на албумот „АЕИОУ“
Македонски филмови на „Скопски фестивал“
Премиера на „409“ на Даријан Пејовски
„Изгубени Германци“ за отворање на Фестивалот на монодрама
Изложба на Стефан Димовски во Музејот на Град Скопје
(ВИДЕО) Англиско-ромска верзија на „Пред да се раздени“
(ВИДЕО) Дали „Џентлмен“ е новиот „Гангнам стајл“
Претстави на првите дипломци по современ танц
Анушка Шанкар и Кимо Похјонен на „Оф-фест“
(ФОТО) Финале со парискиот шарм на „М Кутур“ од Мила Кадриу
(ФОТО) Катарина Ивановска - Најсекси се чувствувам кога сум гола
Прво интервју со сопругата на Стив Џобс по неговата смрт
Почина британски диригент Сер Колин Дејвис

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 4°C

Делумно облачно

Сабота
Делумно облачно
Макс: 21°C, Мин: 6°C

Недела
Ведро
Макс: 22°C, Мин: 8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Вкусен агол
(ВИДЕО) Сто најдобри песни според „Ролингстоун“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Ретровизор | Саботен магазин |