Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
19.04.2013, 14:08

Димитров го изнамачи Надал во Монте Карло



Шпанецот подобар во три сета од Бугаринот, во полуфиналето и Цонга по победата над Вавринка со пресврт

Рафаел Надал со ас го завери пласманот во полуфиналето на тенискиот мастерс во Монте Карло, но на фаворитот на турнирот му требаа дури 128 минути за да го скрши отпорот на Бугаринот Григор Димитров. Четвртиот светски рекет славеше со 6-2, 2-6, 6-4 и ја забележа својата 42. победа во низа на земјените терени во медитеранското кнежевство. Пресуден беше брејкот што го направи Шпанецот во деветтиот гем од решавачкиот трет сет, со кој поведе со 5-4, Димитров во следниот израмни на 30-30, но заморот или повредата на мускулот на левата нога за која се држеше во последните неколку поени го дотолчија. Н��дал го почувствува тоа, го шеташе противникот од едниот крај на теренот на другиот и на крајот отсервира ас.

Жо-Вилфрид Цонга прв се пласира во полуфиналето. Шесторангираниот Французин го искористи фактот што игра пред домашна публика и успеа да најде мотивација за пресврт и победа против Станислас Ваврника. Тврдиот Швајцарец продолжи со ритамот кој го исфрли од игра Енди Мареј, во четвртокот и го освои првиот сет со 6-2. Но, Цонга ја смени тактиката, стана поагресивен и поофанзивен што резултираше со 6-3 и 6-4 во продолжение и четврта победа во петтиот дуел со Швајцарецот. Тој покажа дека е доволно стабилен да го издржи преминот од тврда на земјена подлога и не подлегна како дел од своите колеги.

Покрај Мареј и Бердих, третото коло беше последна постојка и за Хуан Мартин дел Потро. Аргентинецот „падна“ во тајбрејк во третиот период (6-4, 4-6, 7-6) против Јарко Ниеминен. На раб на сензација беше и Новак Ѓоковиќ, во мечот со Хуан Монако, но успеа да комплетира пресврт и да се спаси од рана елиминација. Победи со 4-6, 6-2, 6-2, но ова мора да е некаков сигнал затоа што пресврт и три сета му требаа и во второто коло, против Михаил Јужни. Ноле беше цел во неверување по тешкиот триумф и со право затоа што, не сметајќи ги гренслемите, не се случило тој два пати по ред да губи сет во победа уште од мај 2011, на турнирот во Базел. „Ова е многу специфичен турнир за мене. Искрено, никогаш не сум доживеал нешто слично како ова чувство што го имам на теренот во Монте Карло. Во првиот дел од мечот се чувствувам како ништо да не сум работел во последните неколку недели. По секој поен се заморувам, веројатно затоа што во почетокот на мечот се грижам за тоа како ќе ми реагира зглобот и трошам три пати повеќе енергија“, се пожали Ѓоковиќ кој го истегна зглобот во четврт-финалето од Дејвис купот, во мечот со Сем Квери, пред десетина дена.

Федерер повторно втор на АТП-листата

Ретко е во спортот, но некогаш се случува да напредувате тогаш кога нема да преземете никаква акција. Додека Роже Федерер ужива во двомесечната пауза, која ја најави како подготовка за Ролан Гарос и сезоната на земја, неговиот рејтинг на АТП-листата ќе скокне од третото на второто место. Причина е неуспехот на Енди Мари против Станислас Вавринка во третата рунда од Монте Карло. Бидејќи минатата година се пласира во четврт-финалето, Шкотланѓанецот ќе загуби 90 поени на АТП-ранкингот кој ќе излезе в понеделник, меѓутоа доволно за да има 10 поени помалку од Федерер и да се врати на третото место. Можеби повеќе од тоа загрижува неговата инфериорност на оваа подлога.

Ако Мари не успее да го поправи ниту четврт-финалето од Барселона, минатата година, тој ќе остане на третата позиција, а Федерер ќе се врати на терените како втор. Швајцарецот најави камбек во Мадрид, во почетокот на мај, со надеж дека тогаш проблемите со грбот ќе бидат минато. Федерер се повреди во Индијан Велс и соопшти дека ќе му треба околу два месеца за рехабилитација.







Статијата е прочитана 580 пати.


Испрати коментар



Ван дер Варт - Баерн нема шанси против Барселона
Барселона и Панатинаикос ќе играат мајсторка
Кливленд му врачи отказ на Бајрон Скот
Французинката Пино во Вардар СЦБТ
Мари и Бердих шокирани во Монте Карло
Со две срца против Кјељце
Лејкерси на крајот седми на Западот
Антиќ и Олимпијакос ја испуштија првата меч-топка
Продолжува победничката серија на МЗТ Скопје
(ФОТО) Шкендија и Вардар ремизираа без голови
Меси ќе биде подготвен за Баерн
Реал Мадрид прв патник за Лондон
(ВИДЕО) Баерн убедлив, хет-трик на Гомез за шест минути
Клиперси ја продолжија победничката низа
Словенците го селат Пипан во Азија
Оклахома го осигура врвот на Западот
Познатиот судија Веб префрлен во третата лига
Ван Бујтен се сели во Италија или Франција
Карабатиќ блиску до Барселона
Руни потпишал договор со ПСЖ
Милевски старо-нов тренер на Вардар
Шундовски и Ангеловски прваци со Констанца
Вардар ја прифати оставката на Илиевски
Кире Лазаров ја торпедира Уеска
Почина маратонец во Брајтон
Клубски дојде до првиот трофеј во историјата
Лејкерси победуваат и без Коби
(ВИДЕО) Пандев стрелец во дуелот со Милан
(ФОТО) Вардар про му го предаде пехарот на Загреб

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 4°C

Делумно облачно

Сабота
Делумно облачно
Макс: 21°C, Мин: 6°C

Недела
Ведро
Макс: 22°C, Мин: 8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Вкусен агол
(ВИДЕО) Сто најдобри песни според „Ролингстоун“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Ретровизор | Саботен магазин |