15.04.2013, 14:38 Лазаров ја торпедира Уеска
Нашиот капитен заигра како никогаш да не бил повреден и со девет гола беше најефикасен играч на Атлетико во шпанската лига со 36:31
Кирил Лазаров заигра како никогаш да не бил повреден и со девет гола беше најефикасен играч на натпреварот од 25. коло во шпанската ракометна лига АСОБАЛ, во кој Атлетико Мадрид како домаќин ја совлада Уеска со 36:31. Со оваа победа „црвено-белите“ останаа на пет бода од водечката Барселона, со која ќе се судрат в сабота во својата сала „Висталегре“, а во меѓувреме в среда ќе му гостуваат на Гранолјерс. Капитенот на македонската репрезентација шест дена претходно не играше во реваншот со Шпанија во Гвадалахара од квалификациите за Европското првенство 2014 во Данска поради повредата на првиот меч со светскиот шампион во Скопје. (Р.Д.)
|