21.04.2013, 13:34 Џохар Царнаев е ранет во врат
Истражните органи чекаат да му постават голем број прашања на 19-годишниот Џохар Царнаев, но мораат да чекаат, но осомничениот поради тешките повреди се‘ уште не е во состојба да дава какви било изјави. Лекарите велат дека неговата состојба е стабилна. Американските медиуми наведуваат дека Царнаев е ранет во вратот, поради што не може да зборува.
Гувернерот на американската сојузна држава Масачусетс, Девал Патрик, се надева дека осомничениот ќе преживее и ќе биде во состојба да одговори на стотиците прашања. Пред се‘ се работи за подготовката и извршувањето на нападот, мотивите и целата заднина. Како и каде се радикализирале браќата кои дотогаш биле речиси неприметни? Дали имале помагачи? Дали биле дел од некоја терористичка група? Дали преживеаниот Џохар можеби знае за можни други напади?
Полицијата, според сопствени наводи, смета дека браќа��а Царнаеви немале контакти со терористички групи како Ал Каеда.
|