23.04.2013, 12:51 Шпанија уапси двајца осомничени исламисти
Шпанската полиција денеска уапси двајца осомничени исламистички радикали под обвинение дека се поврзани со Ал Каеда, изјави шпанскиот министер за внатрешни работи Хорхе Фернандез Диаз.
Уапсените се идентификувани како Ну Медиуни од Алжир и Хасан ел Џауани, кој е по потекло од Мароко. Тие се уапсени во Саракоза, односно во Мурси.
Министерот истакна дека уапсените биле членови на групација поврзана со Ал Каеда во Исламски Магреб.
Двајцата мажи повеќе од една година се под истрага на шпанската, француската и мароканската полиција. Судот нареди нивно апсење откако е забележано дека посетувале џихадистички вебстраници. |