22.04.2013, 09:49 ФБИ под притисок по бостонскиот напан
Американски конгресмени го прашааа ФБИ зошто не ја виделе заканата од Тамерлан Царнаев, еден од двајцата браќа, осомничени како извршители на атентатот на финишот од Бостонскиот маратон.
Законодавците се пожалија дека ова е просто само уште еден од повеќето случаи во кои некој, кого ФБИ го истражува, подоцна учествува во терористички акт.
Претседателот на комисијата за внатрешна безбедност во Претставничкиот дом Мајкл Макол во писмо до ФБИ и други официјални претставници се заинтересира зошто Тамерлан Царнаев не предизвикал сомнение кога пред две години Русија го замолила ФБИ да го истражи.
- Би сакал да знам, исто така, какви разузнавачки информации има за него и самата Русија, изјави Макол, републиканец од Тексас, за Си-Ен-Ен.
Во 2011 година, откако руската Федерална служба за безб��дност го замолила ФБИ да истражи дали тој не е радикален исламист, а ФБИ му одобрила да патува до Русија.
Во одговор на сомненијата на конгресмените ФБИ не кажа ништо ново, туку само го повтори соопштението од петокот дека „не открил никакви знаци за терористичка активност во САД или во странство“, откако зборувало со Царнаев и ги истражило неговите претходни патувања, како и неговата активност на Интернет.
Помалку од една година по разговорот со ФБИ Царнаев патува до немирната автономна република Дагестан, во Јужна Русија, каде, според сосед, минува речиси неколку недели.
Што точно правел таму, американските иследници се` уште не знаат.
Родителите на Тамерлан тврдат дека тој посетил роднини и немал никакви контакти со екстремистите, што се активни во овој дел на Руската федерација, пренесоа американските медиуми. |