22.04.2013, 13:57 Куманово четврти, Галил ја одбрани титулата
Македонскиот тим во борбата за бронзата беше совладан од Рилски Сортист со 85:77
Кошаркарите на Куманово го освоија четвртото место во дебитанската сезона во БИБЛ лигата откако во борбата за бронзата беа поразени од Рилски Спортист со 85:77.
Избраниците на Љубислав Луковиќ добро го почнаа натпреварот во Самоков, но иако рано поведоа со 8:0 на Рилски му дозволија да направи серија од 9-2 и пред крајот на првата четвртина да го изедначи резултатот. Во продолжение бугарскиот тим направи уште една серија и на пауза замина со предност од 47:39. И покрај водството на домашниот тим, Куманово играше добра и агресивна кошарка, постојано обидувајќи се да ја надополни негативата. Бугарскиот состав за прв пат поведе со двоцифрени 10 поени разлика на три минути до крајот од средбата, следуваа пет поени во низа за Куманово, но македонскиот претставник немаше сили за комплетен пресврт.
Урош Луковиќ со 23 поени и осум скокови беше прво име на теренот, зад него беше Ентони Ли го со дабл-дабл од 22 поени и 12 скокови.
И оваа сезона нема промени на врвот Глил Гилбоа ја одбрани титулата победувајќи го Левски во финалето со 87:79. Израелскиот тим стана првиот во историјата со две титули по ред. (М.К.)
|