22.04.2013, 18:38 Ѓорѓи Сламков на чело на Антикорупциска
Правникот Ѓорѓи Сламков е новиот претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата откако во петокот беше избран на оваа функција, по само една недела членување во ДКСК. Овој 37-годишен гевгеличанец доаѓа на местото на Љубинка Корабовска, која во јавноста остана запаметена по тоа што не одржа ниту една прес- конференција.
Инаку, според кусата информација на официјалната интернет-страница на антикорупционерите, Сламков бил избран едногласно. Претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата се избира од редот на постојните членови на ДКСК со мандат од една година, со право на уште едно именување.
Сламков доаѓа од Европскиот универзитет каде што неколку години ја извршуваше функцијата декан. Во неговата биографија се наведува дека работел во МВР, а бил и асистент во Полициска академија во Скопје. (Д.Р.) |