Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
23.04.2013, 09:19

Меч за фудбалските гурмани на „Алијанц арена“

Баварците без казнетиот Манџукиќ и повредениот Крос, Каталонците без повредените Маскерано и Пујол, но со заздравениот Меси во тимот

Пеп Гвардиола не е единственото нешто што ги поврзува Баерн Минхен и Барселона, кои вечерва на „Алијанц арена“ ќе се сретнат во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите. Двата тима доминираат во своите првенства на безмалку безобразен начин, ја имаат освоено ЛШ по четири пати, делат жестоко ривалство со Реал Мадрид и дел од својот успех му должат на темпераментниот Холанѓанец Луис ван Гал. Двете екипи, исто така, имаат по две финалиња во ЛШ во последните четири години, но Каталонците славеа и во двете, а Баварците ги изгубија и двете. Барселона е лидер во шпанската Ла Лига со 13 бода предност, наспроти Баерн, кој ја обезбеди титулата во Бундес-лигата уште пре ддве седмици и доби два меча со 6:1 изминатата недела, и покрај одморањето на најдобрите фудбалери.

„Играчите уживаат во натпреварите и нашето расположение е на највисоко ниво. Секој во екипата е тотално мотивиран, постои еден флуид на заедништво во тимот, а покажавме и голема дисциплина и постигнавме извонредни голови“, изјави тренерот Јуп Хејнкес по саботната победа од 6:1 против Хановер. „Играчите уште еднаш потврдија дека ние немаме Б-тим, туку само А-тим“.

Доминацијата на Баерн предизвика и одредени реакции во Бундес-лигата, која често се декларира себеси како најотворена лига во Европа.

„Има голема разлика во нивоата на игра во лигата“, изјави клупскиот претседател Ули Хенес за „Кикер“ минатата седмица. „Не можеме да бидеме задоволни со тоа. Треба да анализираме зошто е така“.

Супериорноста на Барселона во Ла Лига, пак, доведе до сугестии од мадридските медиуми дека таа станала формалност за нив и оти тие дури и нема да го прослават нејзиното освојување.

„Изгледа дека има луѓе што сакаат да тврдат оти лигата не вреди за ништо, но не е така. Тоа е многу важна титула“, изјави играчот за врска Сеск Фабрегас.

„Вложуваме голем труд. Ако евентуално триумфираме во лигата, нема сомнение дека е голема работа да се освојат четири титули во пет сезони“, додава помошникот-тренер Жорди Роура. „Првенството е многу тешко“.

Баерн верува дека неговиот стил на игра и политика на давање предност на играчите создадени во сопствениот погон го прави сличен на Барселона, па сосем природно е Гвардиола, кој го напушти „Камп ноу“ минатата сезона, да ја продолжи својата тренерска кариера на „Алијанц арена“ од наредната сезона. Хенес неодамна откри дека Баерн бил во преговори со Гвардиола долго пред тој да се согласи да ги тренира во јануари.

„Имам впечаток од почетокот дека Баерн е клуб што е многу блиску до Барса во фудбалски поглед, па не ни беше толку тешко за да го убедиме“, изјави Хенес на магазинот „Ворлд фудбал“.

Тука е и поврзаноста преку Ван Гал. Холанѓанецот си замина од Баерн пред две години, кога доби отказ, но има легитимно право да се смета за архитект на сегашниот состав. Баерн токму под водство на Ван Гал почна да ги притиска противниците на нивната половина и да игра напаѓачки и фудбал со акцент на имањето на топката. Ван Гал исто така го постави страшниот тандем Арјен Робен-Франк Рибери непосредно зад центарфорот на Баерн.

Ван Гал си замина од Барселона во слични несреќни околности во 2000 година, но претходно го оживеа каталонскиот клуб, освојувајќи две шампионски титули едноподруго по четиригодишниот пост и донесе одлука да го промовира Гвардиола во капитен.

Натпреварите меѓу Баерн, кој ќе биде без суспендираниот напаѓач Марио Манџукиќ и без повредениот играч за врска Тони Крос, и Барселона се изненадувачки ретки - двата тима се имаат сретнато само шест пати. Во последниот меѓусебен дуел, четврт-финалето на ЛШ пред четири години, кога завршуваше ерата на Јирген Клинсман на клупата, Барса го доби првиот меч со 4:0, при што сите голови паднаа во незаборавното прво полувреме.

„Добро се сеќавам на тој натпревар и навистина не сакам да размислувам за него, бидејќи беше многу болно за гледање“, вели извршниот шеф на Баерн, Карл-Хајнц Румениге. „Сепак, ова е прекрасна можност за да покажеме дека доста сме напреднале оттогаш“.

Барса ќе биде без повредените дефанзивци Хавиер Маскерано и Карлес Пујол, па Роура има главоболка да реши кој ќе му биде партнер на Жерард Пике во централниот дел од одбраната.


Статијата е прочитана 884 пати.


Испрати коментар



Марио Гетце во Баерн за 37 милиони евра
Брејк за Чикаго, Пол го сруши Мемфис
Ван Перси му ја донесе 20. титула на Јунајтед
Пипан ќе тестира во Турција и во Кина
Куманово четврти, Галил ја одбрани титулата
Еден гол за три бода на Атлетико против Севиља
(ВИДЕО) Ливерпул парично го казни Суарез
Перфектни 8-0 за домаќините
Ѓоковиќ ја сопре доминацијата на Надал во Монте Карло
(ФОТО) Металург „пукна“ во вториот дел со Кјељце
Кебеде од Етиопија победи во Лондон
Фетел надмоќен во Бахреин
Поп Ацев 18. на маратонот во Мексико
Малинков нов тренер на Фени
Домаќински старт на плејофот во НБА
Лазаров блескаше против Барселона
Металург ги вжешти печките за Кјељце
Куманово не успеа да се пласира во финалето на БИБЛ
ЦСКА Москва втор учесник на „Фајнл фор“
Димитров го изнамачи Надал во Монте Карло
Ван дер Варт - Баерн нема шанси против Барселона
Барселона и Панатинаикос ќе играат мајсторка
Кливленд му врачи отказ на Бајрон Скот
Французинката Пино во Вардар СЦБТ
Мари и Бердих шокирани во Монте Карло
Со две срца против Кјељце
Лејкерси на крајот седми на Западот
Антиќ и Олимпијакос ја испуштија првата меч-топка
Продолжува победничката серија на МЗТ Скопје
(ФОТО) Шкендија и Вардар ремизираа без голови
Меси ќе биде подготвен за Баерн
Реал Мадрид прв патник за Лондон
(ВИДЕО) Баерн убедлив, хет-трик на Гомез за шест минути
Клиперси ја продолжија победничката низа
Словенците го селат Пипан во Азија
Оклахома го осигура врвот на Западот
Познатиот судија Веб префрлен во третата лига
Ван Бујтен се сели во Италија или Франција
Карабатиќ блиску до Барселона
Руни потпишал договор со ПСЖ
Милевски старо-нов тренер на Вардар
Шундовски и Ангеловски прваци со Констанца
Вардар ја прифати оставката на Илиевски
Кире Лазаров ја торпедира Уеска
Почина маратонец во Брајтон
Клубски дојде до првиот трофеј во историјата
Лејкерси победуваат и без Коби
(ВИДЕО) Пандев стрелец во дуелот со Милан
(ФОТО) Вардар про му го предаде пехарот на Загреб

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 6°C

Ведро

Среда
Делумно облачно
Макс: 26°C, Мин: 9°C

Четврток
Сончево
Макс: 27°C, Мин: 9°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Вкусен агол
Бомбашите од Бостон планирале и други напади
Републиканците побараа одговори на прашањето дали ФБИ потфрлилo во истрагата за радикалните исламисти...
(ВИДЕО) Сто најдобри песни според „Ролингстоун“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |