17.04.2013, 14:40 Реал Мадрид прв патник за Лондон
„Кралевите“ го преживеаја пеколот во Тел Авив, во четврт-финалето го совладаа Макаби (69:57) за конечни 3-0
Реал Мадрид трет пат во само седум дена на речиси безболен начин во четвртфиналната пресметка го совлада Макаби и стана првиот патник за завршниот турнир во Лондон, кој се игра од 10 до 12 мај. По двата триумфи на домашен терен кралскиот клуб не потпадна на пеколната атмосфера во Израел на крајот славеше со убедливи 69:57 и стана петтиот тим во историјата на Евролигата кој со 3-0 во победи се пласирал меѓу четирите најдобри екипи.
Шпанците добро го отворија мечот, во воведните минути одбраната функционираше беспрекорно за што говори вкупниот број на поени по овој дел (10:16). Но, Макаби во вториот период з��ачително се подобри и на две минути пред одморот имаше три поени негатива (30:33). Во продолжение домаќинот на крилата Дејвид Логан дојде до водство од плус четири (42:38), по што на сцена настапи Серхио Љуљ. Реал направи серија 10-0 најавувајќи го крајот на Макаби.
Прво име во таборот на тимот од Мадрид беше Џејси Керол со 16 поени, зад него беа Љуљ со 13 и Родригес со 12 поени. Кај домаќинот единствена светла точка беше Шон Џејмс со 18 поени и шест скока.
Екипата на Панатинаикос се најде на чекор до полуфиналето, на домашен терен Барселона ја совладаа со 65:63 за водство од 2-1 во четвртфиналната пресметка. Димитрис Дијамантидис повторно беше кобен за каталонскиот тим, на една минута до крајот постигна тројка за пресврт на натпреварот. Шанса за победа имаше и Барселона, во последните секунди Хуан Карлос Наваро беше неуспешен од линијата за три поени. Јунакот на Пао Дијамантидис на крајот имаше 12 поени, а додека најефикасен беше Мајкл Брамос со 14 поени. Кај Шпанците Наваро имаше 17 поени.
Дали Панатинаикос ќе биде новиот патник за Ф4 ќе биде познато вечерва, во Атина се игра четвртата средба, победникот од оваа серија на завршниот турнир ќе игра против Реал Мадрид.
|