Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
19.04.2013, 14:59

Брисел ќе ја чека Македонија до јуни



Министрите за надворешни работи на Европската унија в понеделник во Луксембург нема да носат заклучок за Македонија

Министрите за надворешни работи на Европската унија в понеделник во Луксембург нема да носат заклучок за Македонија, а расправата за тоа и одлуката ќе ги одложат за јуни. Вака денеска информираа извори од ирското претседателство, не сакајќи да прогнозираат воопшто има ли шанси или не на самитот на Унијата во јуни вооопшто да се стави на дневен ред одлука за започнување на преговори со нашата земја.

„Расправа за извештајот за Македонија ќе има, ама нема да има одлука, бидејќи таа се одлага за јуни“ - е пораката од овие извори, што практично сугерира дека Брисел ќе не чека до последен ден да напавиме нешто, па ќе ни пресуди. На директното прашање има ли шанси земјата во јуни да добие одлука за преговори, одговорот бил дека сега е прерано да се каже било што и треба да се почека до следниот министерски состанок или самит.

На дневен ред во понеделник ќе биде и одлуката дали да и се дадат преговори на Србија, но и околу оваа земја се најавува дека одлуката веројатно ќе биде одложена, бидејќи преговорите на Белград со Приштина се уште траат и Ивица Дачиќ и Хашим Тачи, според најавите, не се враќаат од Брисел додека не се исцрпат шансите да се постигне договор. „Се е во воздух“, бил краткиот коментар околу шансите Србија во понеделник да добие најава или датум, со дополнување дека ако е позитивен резултатот од преговорите, ќе има политичка порака за Белград.

Наспроти политичкото мртвило од Македонија, од каде што не стигаат најави ни за формирање на анкетната комисија а не пак за решавање на некое спорно прашање, Белград со сета енергија води преговори во Брисел, па може да се случи она што не верувавме дека некогаш ќе се случи - Србија да добие датум а Македонија само оддолжување. (С.Ј.)


Статијата е прочитана 1401 пати.


Испрати коментар



Србија и Косово постигнаа договор во Брисел
Попоски - Македонија своевиден гуру на трпеливоста
„Македонски телеком“ откупи пет иновативни идеи
И по третиот круг Италија без нов претседател
Отворен патот за бизнис со Азербејџан
Уапсен Македонец за грабежи и киднапирање во Грција
На тендерот за ОХИС нема понуди
Од денеска почна да се врти вртелешката
Црна Гора го зголемува ДДВ-то од 17 на 19 отсто
(ФОТО) Промовирано првото мени на Брајово писмо
Ќе се зајакне системот за контрола на социјалната помош
Осомничените за нападот во Бостон се од Чеченија
Задолжителна употреба на биоразградливи ќеси
Иванов замина во Канада и Аризона
Владата ќе вработува 1.800 лица од социјални семејства
ПЕИ излезе од „Сојузот за иднината“
Убиен еден од осомничените за бостонските напади
Рен - Драго ми е што на Македонија и оди добро во економијата
Романо Проди за претседател на Италија
(ФОТО) Поплавени викендици на Тиквешко Езеро
ЕУ очекува прегласувањето да мине во слободна и организирана атмосфера
Инвеститорите од Азербејџан добродојдени во Македонија
Ројтерс по грешка објави некролог за Сорос
Трка на кеј во чест на жртвите на маратонот во Бостон
Мушараф уапсен за државна измама
ФБИ објави фотографии од двајца осомничени за нападот во Бостон
Груевски во посета на Азербејџан
Во експлозијата во Тексас загинале 14 луѓе
Полицаец убиен во кампусот на МИТ крај Бостон
(ВИДЕО) Слободан Богоевски уапсен за перење пари
Карл Билт - Најзагрижен сум за Македонија
Скопјанка ранета со пет куршуми, додека била на гости
Жерновски - Ќе се бориме до крај и ќе оствариме поубедлива победа



Зевзекмен, 19.04.2013 18:15:25
Белград ќе го започне патот кон ЕУ, но нема кон НАТО ...зад нив стои Русија и тројанскиот коњ во ЕУ кој иако е банкротиран има сила
Maja _Strumica, 19.04.2013 18:29:39
Bravo za Srbija i Kosovo za postignatiot dogovor sega Srbija ke dobie datum za pregovori a nie namesto napred vo Evropa ke se vrakame nazad vo ANTIKATA bidejki nasite patrioti ednostavno ne se pronaogaat tamu.Nie sme poblisku do Afrikanskite zemji otkolku do onie od Evropa.Vprocem poglednete kade se patuva nasiot premier .

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 2°C

Делумно облачно

Сабота
Делумно облачно
Макс: 21°C, Мин: 6°C

Недела
Ведро
Макс: 22°C, Мин: 8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Вкусен агол
(ВИДЕО) Сто најдобри песни според „Ролингстоун“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Ретровизор | Саботен магазин |