18.04.2013, 15:53 Мари и Бердих шокирани во Монте Карло
Третото коло на мастерсот во Монте Карло донесе две големи изненадувања, за кои се погрижија Швајцарецот Станислас Вавринка и Италијанецот Фабио Фоњини
Вавринка само за 58 минути го испрати меѓу гледачите вториот светски рекет Енди Мари од Велика Британија, совладувајќи го со 6-1, 6-2! Форхендот на Фоњини, пак, се покажа недофатлив за четвртиот носител Томаж Бердих од Чешка, кој се држеше до 4-4 во првиот сет, по што немаше противигра за противникот и загуби со 6-4, 6-2.
Фаворитот за освојување на турнирот на неговата омилена земјена подлога, третиот носител Рафел Надал, ја забележа својата 44. победа во низа во кнежевството, совладувајќи го Фил��п Колшрајбер од Германија со 6-2, 6-4. Во четврт-финалето Шпанецот ќе игра со Бугаринот Григор Димитров, кој исфрли уште еден Германец, Флоријан Маер, победувајќи го со 6-2, 6-4 за еден час и осум минути.
Жо-Вилфред Цонга, пак, лесно се справи со Австриецот Јирген Мелцер, препуштајќи му само три гема, сите во првиот сет.
|