15.04.2013, 12:00 Лејкерси победуваат и без Коби
„Езерџиите“ се најдоа на чекор до плеј-офот, го совладаа Сан Антонио со 91:86 без првата ѕвезда во тимот
Лос Анџелес Лејкерс го загубија Коби Брајант до крајот на сезоната, но без разлика на тоа продолжија понатаму. Запишаа вредна победа против Сан Антонио 91:86 и дојдоа на една победа до сигрен влез во плеј-офот. За осмото место на Западот во последната средба да го совладаат Хјустон или пак да се надеваат на пораз на Јута од Минесота или Мемфис.
„Знаевме дека сите се сомневаа во нас, но нема врска, тоа во ред, ќе се трудиме уште повеќе. Пред средбата на момците им реков дека никој не верува дека можеме да победуваме и дека мора да излеземе без да се оптеретуваме и да ја играме својата игра. Сите сме професионалци и зад себе имаме многу натпревари“, изјави по средбата Давјат Хауард кој со 26 поени и 17 скока ги предводеше Лејкерси до победата. Покрај него одличен беше Стив Блејкс со 23 поени. Кај гостите Тим Данкан реализираше 23 поени, а додека Тони Паркер имаше мизерни четири поени и уште поочајни 1/10 од поле.
Мајами го совлада Чикаго со 105:93 и го сруши клупскиот рекорд по бројот на домашни победи (36-4). Леброн Џејмс застана на 24 поени, седум скока и шест асистенции. Актуелниот шампион во плеј-офот дефинитивно за противник го добива тимот на Милвоки.
„И понатаму мора да одиме од натпревар во натпревар и да се надеваме дека ќе напредуваме. Се надевам дека наскоро дел од играчите ќе се вратат на теренот. Ни малку не сакам да размислувам за доигрувањето и кој со кого ќе игра“ рече тренерот на Чикаго Тим Тибодеу, кој и понатаму на располагање ги нема Дерик Роуз, Јоаким Ноа и Тај Гибсон.
ЊУЈОРК ПРЕКУ ИНДИЈАНА ЗАКАЖА ПЛЕЈ-ОФ ПРЕСМЕТКА СО БОСТОН
Њујорк со победата против Индијана (90:80) и математички го осигураа второто место на Истокот пред стартот на плеј-офот и во четврт финалната серија автоматски си закажаа средба со Бостон.
Пејсерси со евентуална победа во „Медисон Сквер гарден“ можеа да им се приближат на Никси, но Кармело Ентони и остатокот од момците не го дозволија тоа.
Најдобриот играч на домашниот тим средбата ја заврши со 25 поени (9/23 од поле) и воедно ја прекина серијата од седум натпревари на кои постигнуваше над 30 поени. Ентони во последната четвртина поради остана на клупата за резерви, повредата на рамото го спречи да ја надмине нормата.
Резултати: Мајами - Чикаго 105:93, Филаделфија - Кливленд 91:77, Торонто - Бруклин 93:87, Њујорк - Индијана 90:80, Денвер - Портланд 118:109, Њу Орлеанс - Далас 89:107, Хјустон - Сакраменто 121:100, Лос Анџелес Лејкерс - Сан Антонио 91:86.
|