Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
17.04.2013, 12:15
Концерт на „Ла Колони Волвокс“ и промоција на албумот „АЕИОУ“



На концертот во киното „Фросина“ ќе биде промовиран и спотот за насловната песна „АЕИОУ“, кој е во режија на Гоце Цветановски.

Вечерва во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар во 21 часот, концерт ќе одржи групата „Ла Колони Волвокс“ кој наедно ќе претставува промоција на нивниот последен, петти по ред албум „АЕИОУ“, кој излезе во септември минатата година за издавачката куќа „Егоист Рекордс“. Веднаш по објавувањето, албумот беше промовиран со два концерта во Марибор, Словенија, а во Скопје, покрај материјалот од албумот, за прв пат ќе го претстават и новиот ��лен на групата, вокалистката Калина Велковска, која ќе им се придружи на Сашо Гигов - Гиш (вокал, перкусии), Предраг Икономовски (гитара, вокал), Драган Стојковски (тамбура, укулеле, вокал), Ненад Неделков (тамбура, вокал) и Гоце Наумов (перкусии, вокал).

Инаку, албумот „АЕИОУ“, кој ќе биде основата на концертната програма, како што велат од бендот, содржи песни кои се посредно и непосредно врзани со феноменот ворлд мјузик, продуцирајќи оригинален тип на музички израз, во кој европското музичко наследство, рокенрол културата и суфи музиката се вкрстуваат низ македонската вокална и инструментална традиција. Песните се испеани на окситански, француски, ладино, англиски, турски, босански и македонски јазик. Основната интегративна идеја е да се допре до суштината на трубадурската песна и нејзината универзална порака – љубовта.

„Ла Колони Волвокс“ на концертот ќе го промовира и спотот за насловната песна „АЕИОУ“, кој е во режија на Гоце Цветановски, базиран на филмот „Тајната книга“ на Владо Цветановски. (Т.И.)

Статијата е прочитана 327 пати.


Испрати коментар



„Фиром реквием“ - концерт со нови дела на Александар Пејовски
„Хенри Мур - графичарот“ од вечерва во МСУ
Неделна кинопрограма
Зоран Попоски со „Атлас“ на изложба во Хонгконг
Аплаузи за гевгелискиот хор „Гортинија“ во Солун
„Убиј ги децата“ доби Гран-при на „Лица без маски“

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 24°C

Ведро

Недела
Ведро
Макс: 21°C, Мин: 8°C

Понеделник
Претежно облачно
Макс: 22°C, Мин: 8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Вкусен агол
(ВИДЕО) Сто најдобри песни според „Ролингстоун“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Ретровизор | Саботен магазин |